Џиновските албански знамиња во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата ГОЦ-К.О
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Според добар дел од постовите, не би требало да се чудиме што затвараат вакви теми.
 
Според добар дел од постовите, не би требало да се чудиме што затвараат вакви теми.

Џабе се трудиш, сериозно. Јас научив да го ценам твојот труд на форумот, но навистина не наоѓа на одзив.
 
Хммм...

Лавот да го пратиме да се инфилтрира во таа лошата корпорација кајшто работеше Мила Јовович во Резидент Ивл. Откога ќе го украде вирусот, ќе го ставиме во овчи лој и ќе ги претвориме шипоите во зомбии.
Некој друг ќе треба да ја направи таа жртва. Лавот да го чуваме за гувернер. Лирџети за 1000-ка изгледа примамливо. Глупо е да ги пропуштиме ради овие со знамињава.
 
Ми е жал за моето Кичево. Град, каде што етничката структура на народот е 2:1 за Македонците но за кратко овој град целосно ќе се Албанизира. Никојпат не бил Албански, тоа да е јасно, но учкиве си ги обележуваат териториите. Осломеј и Зајас уште одамна паѓаат во таа група која што ја опишувам со слободно територии во која не важат закони, односно не тие на Р. Македонија. Градот иначе е релативно мирен, нема некој тензии но до изборите може многу да се случи. Па и македонскиве партии и политичари глумат некоја опција демек сите Македонци ако се обединиле ќе остане во Македонски раце. Приказна за деца е тоа. Во Зајас пак во 7ч сабајле ќе има 5000 гласа, во Осломеј исто и така безболно Кичево ќе стане Албански. Што доживеавме, цел државен врв при последните срамни настани за Македонците треба да виси на конец. Не знам, да направам плевна 2 на 2 во некоја пустелија во Мариово после 2 дена ќе ми дојдат икс комисии а овие изградиле 35м високи јарболи без некој да ги спречи. Не ни се надевам дека ке се урнат, дури очекувам следните недели уште куп вакви да никнат.
 
ЗАКОПАНО ЃУБРЕ

Катерина Синадиновска

getImageThumbnail.axd
Покрај сите глупости во Собранието, генијалните идеи на неповторливиот министер Никола Тодоров и најавите дека ќе биде ограничено времето за турските драмолетки на Сител и на Канал 5, за мене, сепак, настан на минатата недела е најавата за поставување на подземни контејнери во метрополата Скопје.
Рака на срце, ова е прекрасен проект, европски, светски, како сакате, но за да влезе во оваа категорија на настани, има една причина – во него содржи неверојатно силна матафора – ѓубрето сега и буквално ќе го ставаме под земја.
Со ова, на најпластичен начин се отсликува македонската закоравена навика сите смрдливи нешта да се ставаат под тепих, да се тргаат настрана, небаре ќе исчезнат сами од себе, да се закопаат, со придружна молитва дека на нив никој нема да се сети. Арно ама, ни за ова не н$ бива, па не умееме ни да ги закопаме доволно длабоко. Брзо, многу побрзо од планираното тие почнуваат да смрдат пак. Со таа разлика што кога ќе воскреснат не само што смрдат двојно повеќе, туку се веќе станати опасно заразни па ја контаминираат цела околина.
Токму вакви смрдливи тези деновиве откопа лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Од Виена, каде што остваруваше средби со иселените македонски Албанци, тој направи една геополитичка анализа, па како експерт за балкански конфликти и воени прашања констатираше дека постои опасност вооружените кризи да се вратат. Лидерот на ДУИ и поранешен командант на паравоената ОНА (или вооружената албанска групација, како што стои во Рамковниот договор), оваа своја анализа ја темели врз опсервација на настаните во Косово.
Па, вели: „Доколку се променат границите на Косово и се оддели еден негов дел, ви велам дека ризикот е многу поголем, зашто никој не може да гарантира дека домино ефектот не може да се случи и во Македонија“!.. Види богати... теза ипол!
Ден претходно, пак, од Минхен (каде што беше на исти средби со „неговата“ дијаспора) тој порача дека Албанците во Македонија треба да ја дозавршат својата мисија. На која точно сеалбанска мисија мисли Ахмети не е јасно, оти, за волја на вистината, доста „креативни“ тези се слушаат од многу албански фактори во периодов, но како и да е, неколку дилеми сосема држат вода после ваквиот настап на лидерот.
Под еден, човекот кој е дел од Владата на Република Македонија не смее ни да помисли да дава изјави со кои ќе влева недоверба во одржливоста на државата, сосе нејзините граници, стабилност, интегритет и суверенитет. Ако Али Ахмети е загрижен дека косовската судбина може да ја здрма и неговата држава, како дел од владината коалиција, тој може да разговара за тоа лично со премиерот Груевски. Секако и со министерот за одбрана, Фатмир Бесими, со министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, со македонските разузнавачи, и, секако, со претседателот Ѓорге Иванов. А разговори за безбедноста на земјата знаеме како се прават. Тајно и одговорно! Затоа, сe додека тој загриженоста ја манифестира преку јавни изјави со кои само потпалува оган, добива оценка за непресметлив! Или сосем обратно, за доволно пресметлив за да знае дека со ваквите радикални, повампирени, откопани ставови може само да си го зголеми рејтингот.
Под два, свесен ли е Ахмети каква паралела прави кога зборува за Косово? Ако сака да бидеме искрени докрај, таму има етнички исцртана граница. Зборувајќи за домино ефектот, што би значелa оваа паралела за Македонија? Граница? Каде ќе ја стави Ахмети (и нему сличните) таа граница? Ахмети добро знае дека само во гостиварско, тетовско, дебарско и струшко има 100.000 етнички Македонци, има села кои се чисто македонски, има мешани населби... Во Косово демографијата не ќе да е таква... Што би правеле поддржувачите на овие тези во Македонија? Етничко чистење? Војна? Размена на население? Немојте ви се молам...
Како и да е, лидерот Ахмети веројатно е во право само во едно... Мисијата на Албанците очигледно не е завршена. И не мора да чекаме Ахмети да излезе за да го сфатиме тоа. Доволно е да се слушне Ермира Мехмети во Парламентот која 2001-та не ја вади од уста, или вицепремиерот Муса Џафери кому Рамковниот договор некако му стана претесен, или да се прочита Руфи Османи кој дури нуди и „трампа“ – ќе ни се гарантирала унитарноста, ако сме даделе поголеми права за Албанците (?), или секако да се чуе Мендух Тачи и неговите „герилци“ во Собрание, од кои еден се прослави дека ќе палел и жарел...
Смрдеата одамна почна да се шири... Поентата е дека Македонија има „касно палење“! Па додека се свестиме дека ова се исклучително опасни тези, тие многу лесно може да не бидат само тези!
Секако, освен ако некому тоа не му одговара... Но, тоа, драги мои, веќе е друга тема.
 
Догодина Кичево..за 3-4 години Куманово,после и Скопје до пола,веќе и почнаа да го обележуваат,со споменици,плоштад итн... полека им капе,капка по капка ќе им биде вир,супер (y)
 
Догодина Кичево..за 3-4 години Куманово,после и Скопје до пола,веќе и почнаа да го обележуваат,со споменици,плоштад итн... полека им капе,капка по капка ќе им биде вир,супер (y)
Охрид, Битола, Велес...ехее што не чека уште...
 
Со ова што се случува, размилувам дали ќе не споредуваат на Фејсбук со Палестина за неколку години.
 
Имаш други теми за да ме тролаш Боби.
Се извинувам ама тоа е реалноста и не треба да те погаѓа, еве денес и јас се рашетав низ мојот роден град, видов преку 300 знамиња по куќи кафичи и бандери за 20 минути, и секако се чуствувам незгодно и неубаво а исто би се чуствувале и твоите сограѓани. Тоа е реалноста, веќе нема што да се направи за државата, кога политичарите креваат рака од западот, кога се отвораат гимназии на запад иде од Албанија министерот и преставници на ДУИ, а ниту еден министер или заменик од вмро, кога власта намерно ја дели државава, нема ние народот што да направиме. Не сум будала да висам по туѓи огради и бандери да симнувам знамиња, ќе трпам додека не најдам излез од оваа вукојебина од кога кренав раци веќе подолго време. На нас не ни останува ништо освен да фаќаме ремет на овие теми. Тоа е вистината Игорче.
 
Тоа е реалноста на оваа држава,у кичево се веат,албански знамиња,еве у тетово ќе се градело споменик на џафери:tapp:.јакиов лик па споменик ќе му се градело,ова више ѓи преминува сите граници.Ама ако од све стране не ебат,а ние си ќутимо.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom