jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.577
- Поени од реакции
- 27.422
Во ова што си го напишал, поготово делот:Фатах се цивили?
Второво видео... ???
Поентата?
Се гледа уствари колку е саатот.Фатах се цивили?
Збориме за цивилно население што ја подржува партијата на Јасер Арафат, Ал Фатах, кој воедно беше симбол на Палестинската борба. Фатах е партија која е на власт во Палестинските територии во западниот брег. Каде што Палестинците имаат легална држава и имаат легална власт, мислам дека претседател е сеуште Абас.
Појасот Газа, исто така дел од независната Палестинска држава, не го признава владеењето на Ал Фатах и има воведено Шеријат. Исто така едно од несогласувањата помеѓу Хамас и Фатах е прифаќањето на Еврејската Држава. Главна цел на движењето Хамас не е независна Палестинска држава. Газа и дефакто не е дел од Еврејската држава, туку територија одземена од Египет и дадена на Палестинците. Главна цел и главно мото на Хамас и уништување на Еврејската држава и екзекуција на сите Евреи.
Поради нивната бруталност во акциите и поради нивната очигледна немарност за сопствениот народ(криење позади жени и деца), Иран престана да ги спонзорира Хамас. Сега главно спонзорство имаат од истите оние кои ги спонзорираат исламските терористи во Сирија, кои ги спонзорираа исламските терористи во Египет, Либија и така натака, воглавном преку Турција и нивната исламистички и пропарапски ориентирана власт.
--- надополнето: 17 ноември 2012 во 17:26 ---
BTW.
Еве едно најново видео.
Тука колку што сватив се збори за ракети Fajr 5 кои имаат домет 75 километри.
Да напоменам, Хамас никогаш не ги користела, ниту пак планира да користи ракетите за воени цели. Нивното дејство е стриктно терористичко, со цел да направат што е можно повеќе цивилни жртви.