Лајбах @ Метрополис Арена, Скопје 17.11.2012

  • Креатор на темата Креатор на темата Windfucker
  • Време на започнување Време на започнување
Имам 4 карти од 500 денари ама неможам да одам,ги сака некој за 1000ка ? :)
 
И Мизар и Лајбах беа одлични. Уф, како само ми се смрзна крвта на Бело Море. Чувството не се опишува. Лајбах беа друга приказна. Момците (и една девојка) се од друга планета. Целиот настап им беше под конец, буквално се. Од движењата, па се до изразот на нивните лица. Каква само енергија пренесоа на публиката. Треба нашиве бендови (не мислам на бендови како Архангел или Мизар, туку на новиве) од нив да учат однесување на сцена.

Приметив во публиката повеќето беа постара генерација што е до некаде нормално.

п.с Цурите и во двата бенда. :love:
 
Приметив во публиката повеќето беа постара генерација што е до некаде нормално.
п.с Цурите и во двата бенда. :love:
Па право да ти кажам најдобар филм ми направи постарата публика. :) Многу по безгрижно се осеќав. Дали оти стареам или ...? :)
Мислам дека тапаните на Мизар беа премногу гласни, а цурата на Лајбах премногу тивка.
Ова беше несекојдневна свирка со мадиња. Тапанарот на Лајбах растури. :cuc:
И секирата во позадина сечеше брутално.
jh4axe.jpg
 
Целиот перформанс, од однесување на сцена, осветлување и звук беа на највисоко ниво. иако најмногу и најпријатно ме изненади звукот, каде што очекував послаб квалитет. како и да е, басот на лајбах ми ги измрда сите внатрешни органи, ........ кој знае кај ми е сега желудникот хахаххахах
П.С. ме радува што публиката беше МЕШАНА, и постари и помлади. добро ги учиме младите.
 
во кратки црти
1 . Мизар и Лајбах - Outstanding Performances
2 . Микс на повеќе генерации во публика - :cuc:
3 . Моментот кога видов дека има Старо Прамен - :drk:
4. На Мирко Попов ни другарите не останаа да го проследат настапот :pos:
 
не би бил јас, јас, ако не најдам мала забелешка. :)
DREAMING е од кисмет. је да само горазд е од старата постава, но на песната не и беше место, сепак е мизар
 
не би бил јас, јас, ако не најдам мала забелешка. :)
DREAMING е од кисмет. је да само горазд е од старата постава, но на песната не и беше место, сепак е мизар

Добро испадна и со „Dreaming“, а и “Амфилохиј“ ја сменија во „На реките вавилонски“ и приметувам и на другите настапи претходно така ја пееја.
А за ова со различниве генерации го сретнав класниот од основно :icon_mrgr: го немав видено со години ми вика јаки се Мизар не се пропуштаат :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom