Ипси,
За да допре човек до духовноста треба да биде одбран од нејзе,секое поинакво настојување да се достигне е акт на насилство.Тоа е свесно настојување од асипрантот на кого му се дадени алатки да достигне духовно соединување.
Но,и покрај тој акт на насилсво таа (духовноста)ќе дозволи да општите со нејзе,бидејќи таа во својата природа е многу слична на водата,но тоа задоволство ќе го чини човека многу скапо.
Тоа е слично како на тинејџер му понудиш да општи со проститутка,а таа е ненаситна во своите желби,до тој степен што ќе го донесе до лудило, извлекувајќи ја од него целата животна енергија.Која ќе се манифестира со мрзливост,отсутност од реалноста,ќутливост,поспаност (ниту сон,ниту јаве).
Колку што е моќна и убава,исто толку е опасна и кобна преку оној што се манифестира.
На вода не давај пукнаина,ниту на жена власт.
За да се постигне тоа најнапред треба да добиеш ново срце,камено.
Постои ли најмала пукнатина или било каква врска со земјениот свет,таа ќе ја искористи.
Тоа се споредува со своевидно умирање.Кое за жал,не сте го разбрале.
Ако подобро погледнеш,телема одговара на она што е макро во светот на проститутките.
Дава алатки,за општење со духовното.Мамка за неупатените,но пуста желба да се порасне кај некој е толку силна,што забораваат да прашаат,колку за тоа треба да платат.
Битно да бидат елита,одбрани,единствени,ѕвезди,
Познато ми е дека употребуваш несоодветен речник,
за човек кој настојува духовно да се осознае себеси,тоа сигурно ти дава дополнителен мотив да поработиш малку повеќе на себеси.
Во меѓувреме јас ќе бидам тука, од време на време да го тестирам тоа,колку да знаеш до кај си.