Билдање на дипломи или добивање на вистинско знаење !? Која е реалноста денес ?

  • Креатор на темата Креатор на темата cleverguy
  • Време на започнување Време на започнување

Билдање на дипломи или добивање на вистинско знаење !? Која е реалноста денес ?


  • Вкупно гласачи
    44
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
Мислам дека се претера со високото образование, многу е опаднато образованието.Се доаѓа до диплома лесно ама пак се нема никакво знаење во струката.
Што мислите како е реалноста денес ?
И како треба воопшто да биде ?
Ако се прашам јас мислам дека многу треба да се затегне образованието (најмногу приватните факултети) и да се воведе некој ред и стандарди кои треба да се научат за да се заврши еден факултет. Не може 90-95 % од запишаните студенти да завршат факултет, едноставно не сме сите интелектуалци . Наместо сево ова треба повеќе факултетите да поработат на праксата барем 1 година да се оди на пракса додека трае школувањето, за да студентот тоа што го научил го примени и практично.
 
Па баш дека не сме интелектуалци се запишуваме на приватни факултети, и јас да имам пари би се запишал на приватен, зашто да не, 100 % сум сигурен дека ќе го завршам и ќе добијам диплома, и плус тоа нема да се замарам со учење.

Сурова е реалноста.
 
Па баш дека не сме интелектуалци се запишуваме на приватни факултети, и јас да имам пари би се запишал на приватен, зашто да не, 100 % сум сигурен дека ќе го завршам и ќе добијам диплома, и плус тоа нема да се замарам со учење.

Сурова е реалноста.

државни мислеше ваљда.... :)


Се е билдање и вештачко во државата ништо не е реалност,се дува овој балон но кога ќе пукне ќе видиме кој најмногу ќе се наголта хелиум и ќе летне во облаците.
 
Чисто онака во склоп на темава.. до сега не сум слушнал некој да се запише а да не заврши приватен факултет, па сега проценете сами.
 
Зошто имаме одливи на мозоци од државичкава? Прво, те тупат на факултет и те чукаат по глава, второ ке дојде време да се вработиш, нормално ако некој има вујко владика тој пред очи ке ти го зема лебот и ке те„ учи„ како се работи. И трето...кадарот што кај нас излегува има многу малку пракса. Студирам ветерина...праксата ми е сведена на нула, клиничките предмети што се за во клиника ги учам на памет и буквално си го трошам времето наместо да се посветам на вистинскиот дел од мојата струка,(секако не велам дека теоријата треба да биде запоставена,но практичниот дел за таму,а не за бубање). И не е само кај мене, истото е секаде. И по излегувањето од факултет немаме вистинска пракса...затоа секој разумен бега од овде, со нашето знаење и праксата на западот доаѓаме до израз, барем оние кои навистина учеле.
 
Види вака, денеска ако си учиш само за тебе ќе си учиш. Ако си со 10 просек само ти ќе си се восхитуваш колку си си паметен (или евентуално со дипломчето можеш газ да си избришеш, сеедно). Диплома денеска и куче може да земе. На приватните де. На државните пак ем ќе бидеш исцеден до последна капка, ем пак на крај никој нема да те вработи. Така да во ова наше време дипломата е ништо, секој може да ја добие и да ја има. Кој на полесен кој на потежок начин. Факт е дека кај нас квалитетот не се цени.
 
Ама има разлика од 10ка до 10ка. Денес изгледа оние чии 10ки се поклонети многу повеке се восхитуваат од оние кои си ги заслужиле :D...кај нас веке не постои вистинско мерило на знаењето.
 
државни мислеше ваљда.... :)


Се е билдање и вештачко во државата ништо не е реалност,се дува овој балон но кога ќе пукне ќе видиме кој најмногу ќе се наголта хелиум и ќе летне во облаците.

Не брат на приватни мислев, ние одиме на државни бидејќи мислиме дека можеме да го завршиме факултетот, а и треба многу труд и напорна работа.
А ако нејќеш да се мачиш и си имаш пари, запиши се на приватен и ич не ти чуе.
Не сакам да навредам никого, дека тие што се запишуваат на приватни факултети се помалку интелигентни но така е.
 
Да не испадне темава приватни vs државни. Кој сака да земе знаење ќе го добие и ваму и таму.
Вистинско знаење не се добива на факултет туку на работа, да да, после 3-4 години напорна работа ќе речеш е сега имам знаење. Факултетот е само мала подготовка, односно билет за работно место
 
Доста е само средно школо, јак грб за работа, и малку акл у мозоко.. И вујко владика.
 
Чисто онака во склоп на темава.. до сега не сум слушнал некој да се запише а да не заврши приватен факултет, па сега проценете сами.
Ако не заврши ќе треба парите да му ги вратат :D
 
Не треба. Новинари и медиуми за тоа постојат.
Нели гледаш оти и новинарите стануват доктори на науки, професори, експерти. Значи има иднина македонското образование, ако не друго барем ќе знаат образ да обелуват.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom