- Член од
- 9 октомври 2009
- Мислења
- 199
- Поени од реакции
- 98
Ја отворам оваа тема за да продискутираме за главните и споредните разлики меѓу Источната Православна Црква (понатаму ПЦ) и Западната римокатоличка црква (понатаму РКЦ). Ќе се трудам да ги дискутирам само сегашните, а не и разликите кои биле низ вековите. Ги молам атеистите, припадниците на разни протестантски здруженија и најразлични нехристијански секти да не пишуваат во оваа тема.
1. Filioque. Оваа е најголемата ерес која се има проширено во римокатоличката црква. И претставува неканонски додаток на Символот на верата кој е усвоен на Привот и Вторио Вселенски Собор. Имено оваа измисленица вели дека Светиот Дух излегува и од Отецот и од Синот. Односно дека и Отецот и Синот се извори на Светиот Дух. За разлика од ова, Православните исповедаат дека Светиот Дух излегува само од Отецот. За промената на Символот се разговарало на 8. Вселенски Собор свикан во времето на светиот Фотија Патријарх Константинополски.
2. Папски примат. Во Православната Црква сите епископи имаат иста власт во својата епархија и единствено се разликуваат по честа која ја имаат поради нивните епархии, старост или времето кое поминало откако се хиротонисани т.е. завладичени. Една “комплетна“ православна помесна црква може да се состои од само еден Епископ и верниот народ(нижи клир, мирјани и монаси) кој е собран околу него. Во краен случај за помесна православна црква може да се смета и собирот од еден Епископ и еден мирјанин. Кај римокатолиците не е така. Таму комплетноста на Црквата се доживува само преку римскиот папа. Без папата нема Црква. Фактички гледано од православен еклисиолошки агол во Римската Црква постои само еден единствен епископ, а кардиналите, надбискупите и бискупите се само негови викари. Поради овие причини ниедна бискупија не може да се смета за “комплетна“ црква. Значи во Православието епископите се разликуваат само по честа (кој ќе седи на подобро место на светата литургија или на трпезата, кој прв ќе си тури манџа и сл.), но не и по власта. Па така дури и да сакаат Вселенскиот Патријарх и Охридскиот Архиепископ да го посетат најзабаталеното село во Битолската Епархија, тие тоа не смеат да го направат без дозвола на локалниот Епископ, во случајов Битолскиот Митрополит. Патем вистината и чистотата на верата во ПЦ ја чува целата Црква - Епископатот заедно со презвитерите, ѓаконите и верниот народ; во РКЦ тоа го прави единствено римскиот Епископ т.е. римскиот Папа. Лага е дека свети апостол Петар имал власт над апостолите. На првиот апостолски собор просто кажано пресекол свети Јаков брат Господен - Иерусалимскиот Епископ, а не свети апостол Петар. (На жалост и ПЦ не признава дека Иерусалимскиот Патријарх е прв по чест.)
3. Чистилиште. Чистилиштето ПЦ не го признава. Во РКЦ задгробниот “простор“ е поделен на 4 дела: рај (место каде што душите уживаат и се радуваат во присуството на Бога), лимб (место каде одат некрстените праведници, каде нема маки, но и Бог не е присутен), чистилиште (место на маки од кое може да се излези по одреден период, слично на затворска казна на овој свет за која може да се добие помилување) и пекол (место на маки од кое нема излез - доживотна казна без право на помилување). ПЦ признава постоење на рајски живеалишта и пекол. Пеколот е поделен на ад т.е. лимб и геена(пеколни маки). Но, ПЦ не признава грев за кој што молитвите на Црквата не можат да издејствуваат опростување.
4. Причест. Верниците на РКЦ добиваат само Тело Христово, а само клириците добиваат и Крв. Притоа се причестуваат со хостии, т.е. бесквасен леб во вид на жетони. Православните се причестуваат и со Тело и со Крв од едно лажиче и од еден Агнец (Леб), исповедајќи дека сите се едно Тело во Христа Иисуса.
5. Призив на Светиот Дух. Пред осветувањето на светите дарови Православните Го повикуваат Светиот Дух да слези на верните и на светите дарови и да ги претвори Лебот во Тело Христово, а Виното во Крв Христова. Римокатолиците тоа го немаат.
6. Мариологија. И Православните и Римокатолиците ја почитуваат и ги просат молитвите на Пречистата, Преблагословена, славна Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија. Но, Римокатолиците исповедаат дека Богородица уште при нејзиното зачнување во утробата на света прамајка Ана била безгрешна и ослободена од првородниот грев. ПЦ пак учи дека Богородица била без свој грев, чиста и непорочна, НО дека од првородниот грев се ослободила во моментот кога ја прифаќа волјата на Бога Отца и во нејзината пречиста утроба од Духот Свети се зачнува Бог Синот и Слово, Господ наш Иисус Христос.
Ова се главните разлики меѓу ПЦ и РКЦ. За 5 од овие разлики РКЦ уште веднаш би се покајала (макар што сегашниот римски папа Венедикт е еден од ретките разумни и мудри папи после Великата Схизма), но никако не може да се откаже од 2. разлика, односно власта на Римскиот папа. Доказ за тоа се најразличните унии со православните и монофизитските еретици (исповедаат дека Господ Иисус Христос имал само една природа - Божјата, т.е. дека не бил Богочовек, ами само Бог). Ама факт е и дека сите унијати лека полека се полатинуваат.