Авторот на Windows 8 остана без работа

  • Креатор на темата Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување Време на започнување
S

Sagan

Гостин
Неполн месец откако се појави конечната верзија на Виндоус 8, и исто толку време по измешаните и не така благонаклони рецензии, главниот архитект на новиот оперативен систем, Стивен Синофски, го напушти Микрософт.

steven-sinofsky-microsoft-stock_1020_large_verge_medium_landscape.jpg

Информацијата беше објавена вчера во доцните часови (период кој понеделнички американската публика го троши на фудбал / тв серии).
"Невозможно е да ги избројам сите благослови што ги добив цело ова време додека работев во Микрософт. Почестен сум од професионализмот и великодушноста на сите со кои работев," напишал Стивен во својата одјава од Микрософт.
Синофски претседаваше со пуштањето на Виндоус 8 оперативниот систем и Surface таблетот на Микрософт. Двата производи се сметаат за клучни за иднината на компанијата.
Како што беше случајот со Епл пред неколку недели кога го отпуштија Скот Форстал, заменик претседателот кој беше задолжен за Сири и Епл Мапс, и овој пат никој не спомена термини како "отпуштен," "терминиран," или "избркан." Меѓутоа во соопштението стои дека одлуката "стапува веднаш на сила" и не се споменува дека Синофски има направено некои идни планови.
Иако ништо не се кажува во соопштението, Њујорк Тајмс пишува дека Синофски предизвикувал поделба во раководството на компанијата, заради што бил игнориран од голем број од функционерите на компанијата.
Целата реакција на Микрософт околу Виндоус 8 беше прилично несмасна. Откако луѓето кои го тестираа софтверот открија дека тој е збунувачки, компанијата веднаш почна да бара начин да направи некои промени во последен момент. Неговото поврзување со Surface таблетот предизвика дополнително мешаница околу двата производи.
Синофски почна да раководи со одделот за Виндоус во 2006-та, каде што помогна да се воведе ред и дисциплина во оперативниот систем по необјаснивата грешка што ја направија со Виста. Годинава тој направи 23 години како вработен на Микрософт.
http://off.net.mk/vesti/tehnologija/mikrosoft-go-otpushti-avtorot-na-vindous-8?utm_source=daily.mk
http://www.guardian.co.uk/technology/2012/nov/13/microsoft-windows-steven-sinofsky
http://www.brianmadden.com/blogs/br...day-is-it-because-windows-8-sucks-so-bad.aspx
 
Не знам зошто се засекиравте за типов. Он сигурно е таксан во некоја друга голема ИТ фирма.
 
дане испадни нешто ко со инжинерите од интел ко го напраја процесорот интел 8085, а потајно си развиваја бизнис и напраја Zilog80 или Zilog85 многу посилен од 8085 и се усраја по неколку години.
дане работи и овај нешто слично ? :D
 
Чоечево врска немеше во презентирање добро е што се мафна. Според неофицијални извори го избркале заради несоодветно однесување кон тимот.

Како и да е, фер од негова а и од мајкрософт страна што сепак човекот остана до крај, односно додека не се заврши со проектот windows 8
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom