Изневерувањето како кривично дело

  • Креатор на темата Креатор на темата NikolaMKD91
  • Време на започнување Време на започнување
Се тоа фино на хартија ама во реалност се дешава многу почесто одошто сака да се признае. Самотијата и стравот од самотија,како и тоа да сакаш да веруваш (да се излажеш сам себеси дека партнерот искрено се кае и дека нема пак да се повтори) се многу моќни аргументи во моментот на афект - ако си се нашла тогаш ќе знаеш како е. Дури и да си се нашла најверојатно не си била доволно зацапана и излудена па не ти било толку битно..
Точно е дека на нос ќе ти набива све што си направил ама поентата е дека ќе се смирите привремено.За да ти се одмазди уствари и да ти врати ќе остане со тебе. :)
Затоа реков дека не е убаво и не се исплаќа да изневериш на крај - ама ете се случува.

Зависи од личноста. Кај мене не проаѓаат тие муабети и оправдувања, не верувам ни дека ќе пројдат. Прилично сум толерантна во врска за многу работи и тие ствари од типот на глумење џандар и проверки никогаш не сум ги сакала, ниту пак практикувала и во врска влагам само ако сметам дека можам да имам доверба, ако не - ич не се ни трудам да започнувам нешто, ама во моментот кога ќе дознаам такво нешто, во истиот момент ставам точка и веќе не се вртам назад. Нема назад, нема поправање на работите, нема оправдувања.
Муабетите од типот “Ама само еднаш беше, нема да се повтори“, “Премногу те сакам и се исплашив од чувствата“, “Не сум сретнал личност ко тебе“, “Пијан бев, знам не е оправдување, но се каам и се чувствувам лошо, сакам да надоместам“ се залудни и за мене после откривање на неверство, оваквите муабети се само губење на време, затоа што ем тој лупета глупости безвезе, само за да си го извлече газот, затоа што не му е жал што го направил тоа, туку му е жал што сум го фатила, ем мене ми го губи времето што ме принудува да слушам такви глупости, кои не само што нема да ме премислат, туку и мислам дека ќе ме изнервираат и повеќе од самиот чин на неверство.
Си ја заебал работата? ОК, нека го прифати тоа машки и нека си ги сноси последиците и со наредната девојка нека гледа да не ја утне пак работата, само нека не ми се лигави со лажни и неискрени муабети дека уствари “никоја не сум сакал како тебе, не можам да си го замислам животот без тебе“ и слични небулози и апсурдни изговори.

Осаменоста или стравот од осаменост не е моќен аргумент, не е никаков аргумент.
Па јас не би му се смирила и да сме останале само јас и он на планетава Земја и од нас да зависи опстанокот на човештвото, камоли па заради некој страв од самотија. Сите го имаме тој страв, ама подобро ќе бидам сама и мизерна, отколку да бидам со човек од погрешни причини, а човек да биде со некој само заради страв од осаменост е најпогрешната причина за да биде човек во врска со некого.
 
Тие што не се оптеретени најчесто или лажат дека не се оптеретени или немаат доволно јаки чувства кон другата особа, па им е сеедно дали партнерот има секс со уште 7 други личности или навистина не се оптеретени, ама овие последниве се толку занемарлив процент, што не ни вреди да се спомене. Дури и одредена личност да се декларира дека не е моногамна и дека сеедно и е дали партнерот има секс со други, длабоко во себе нема да и биде сеедно и кога тогаш ќе дојде момент кога нема веќе да може да издржи и ќе пукне и ќе си ги собере парталите и раус!
Прво не знам какви чуства имаат пошто не можам да се ставам во нивни чевли на некој што сака полигамна врска(Ако има некој нека не просветли).Според мене за да јас бидам во полигамија би требало и на партнерката да и го дозволам тоа право, а не сакам да ја делам мојата играчка со други луѓе :sneaky:.

Е сега во врска со полигамијата она што велиш занемарлив процент е, тоа е лично мислење кое и не е многу далеку од вистината ама во најголем дел затоа што со векови се пропагира моногамија од религииве кои се присутни и ден денес па по автоматизам полигамијата се смета за нешто лошо за нешто злобно.

Спорем мене нема ништо спорно во полигамна врска ако нема тајни и лаги и сите знаат во што се впуштаат, проблемот најчесто се јавува кога како што кажа има нерасчистени сметки.

Кога една мала лага во моногамна врска прави пустош во полигамна сигурно е барем трипати полошо.Но, ако нема сите сметки се чисти нема зошто да би било погрешно или забрането, а дали ќе се најде некој што би го делел парнерот мислам дека има многу повеќе отколку што мислиш.

Има многу повеќе луѓе кои попрво би го делеле парнерот отколку целосно да го „изгубат“.(Оваа појава никогаш не сум можел да ја сватам)

На крај поентата ми беше ова што го пишуваш е од лична гледна точка и забораваш да се ставиш во туѓи чевли.Иако сите снегулки изгледаат горе долу исто секоја е единствена, уникатна така е и со луѓето.

Од постов можам да заклучам дека ти не би го делела партнерот ама дали е така со сите останати?
Можеби е така со поголемиот процент?Можеби не е?

Забегав малце :pos:
 
Забегав малце :pos:

Не забега воопшто, само ја забораваш клучната работа од која поголема е можеби само човековата глупост - човековото его. Сите луѓе имаат его, кој поголемо, кој помало. Во такви ситуации, секогаш ќе има нерасчистени сметки, секогаш едната страна ќе се прашува, зошто мене не ми посветува поголемо внимание, јас сум подобар/а и слично.

Човековото его, фактот дека сака да биде битен, единствен, уникатен во нечиј живот (на страна ја ставам љубовта која ги држи луѓето заедно) нема да дозволи такви врски на долгорочен план. Ако двајцата се задоволни од тој начин на живот постојано, тогаш еден од нив премолчува, мижи и се прави дека не постои слон во собата, а има слон во собата.
 
Секој има право што сака да прави со своето тело.
Ако на партнерот тоа не му се допаѓа, секогаш има опција да го поништи бракот.
 
Како што сме тргнале со закончиња нема да ме зачуди нешто вакво да смислат се со цел задржување на „вредностите“ макар и со сила.
Санкции за изневерување, оф:facepalm:
 
Како што сме тргнале со закончиња нема да ме зачуди нешто вакво да смислат се со цел задржување на „вредностите“ макар и со сила.
Санкции за изневерување, оф:facepalm:

Како тргнале почнаа да го надминуваат и мојот праг на толеранција ,,во име на националниот интерес,,.
А тој праг е тешко да се помине.
 
Како гром од ведро небо еден ден ќе те погоди болната вистина дека човекот кој ти бил се во животот си поиграл со твоето срце, со твоите емоции, те повредил на најлошиот можен начин – те изневерил. Без никакво предупредување, без да ти даде време да се подготвиш, за да биде болката од шокот уште поостра…Не дека е крај на светот, но да не се лажеме, не е сеедно…Оној што почувствувал ќе разбере…И што се случува понатака после првичниот шок:

Како животот да ти се расцепил на два дела, до неверството и после него. Се ти се чини толку неправедно, навредливо и болно, како да е крај на светот. На твојот свет, подреден и удобен и не разбираш зошто ова се случи.

Не е важно како си открила, макар што изневерените обично дознаваат последни. После ледената болка доаѓа помирувањето, но дотогаш буквално го разбираш значењето на изразот „како од срцето да капе крв“…И не можеш да мислиш логично. Дури воопшто и не можеш да мислиш. Веројатно си плачела, или вриштела, или си барала катче каде како див ѕвер да се скриеш, знаејќи дека нема да можеш. Колку повеќе ги осознаваш фактите, гневот бара и најмал процеп да избувне, зошто иначе ќе експлодира внатре во тебе. Очајно имаш потреба од време, зошто велат дека тоа лекувало. Но дотогаш ќе треба да се справиш сама.

Е, можат да се најдат и пријатели кои 100% ќе те тешат и жедно ќе им ги слушаш зборовите, без тие ни малку да допрат до тебе. Зошто се чувствуваш употребена. И фрлена. Се чувствуваш како жртва. И ете стигнавме до вистината. Не ставај сол на раната, велат луѓето, но ние точно тоа ќе го направиме. Длабоко во раната, до крај. Само така ќе можеш да погледнеш на ситуацијата со други очи.

Вистината е дека никој на никого не припаѓа. Предавството нема друго име! Луѓето се среќаваат и разделуваат и секогаш неверството присуствувало како дел од животот. Не си првиот човек, нема да си ни последниот. Прими го ова не како казна, прими го како заштита од поголемо зло.

Ти едноставно ќе продолжиш! Ќе продолжиш слободна! Се разбира откако ќе помине периодот на оваа грда слика, зошто човек се созема и после тешка болест, а неверството е нешто слично. Многу е тешко сега да разбереш што е награда ,а што казна. После извесно време ќе знаеш – сигурно!
 
За мене градењето став околу кривичноста на изневерувањето е глупост.
За мене е глупо да мислиш дека градењето став во врска со некое прашање е глупост. Како да ти објаснам сите можеме да етикетираме нешто како глупо или паметно, во човечката психа е ако со нешто не се согласува или противречи веднаш да го дисквалификува како вакво или онакво, ама тоа не ја потврдува исправноста на твоето тврдење .
--- надополнето: 13 ноември 2012 во 09:44 ---
Може сакаш со поише женски реденка да праиш и плус ако не си женет мислам имаш само женска и ако во моментот идеш и со некоја друга тоа варање е и како би стигнал законот до мене во овој случај? хах
Не се секирај женската рака би те стигнала у тој случај, има и кај нас санкции до егзекуција се стига. Само не се законски. Да чува Господ од љубоморна жена . :D
--- надополнето: 13 ноември 2012 во 09:48 ---
Како што сме тргнале со закончиња нема да ме зачуди нешто вакво да смислат се со цел задржување на „вредностите“ макар и со сила.
Санкции за изневерување, оф:facepalm:
Да да ова е нарачан пробен балон од владата, да видат како ќе реагира јавното мислење по форуми и врз основа на тоа да одлучат дали повторно да го пуштат Шехтански да тресе зелени на прес, само да не се избламира ко претходниот пат . :D
 
Како гром од ведро небо еден ден ќе те погоди болната вистина дека човекот кој ти бил се во животот си поиграл со твоето срце, со твоите емоции, те повредил на најлошиот можен начин – те изневерил. Без никакво предупредување, без да ти даде време да се подготвиш, за да биде болката од шокот уште поостра…Не дека е крај на светот, но да не се лажеме, не е сеедно…Оној што почувствувал ќе разбере…И што се случува понатака после првичниот шок:

Како животот да ти се расцепил на два дела, до неверството и после него. Се ти се чини толку неправедно, навредливо и болно, како да е крај на светот. На твојот свет, подреден и удобен и не разбираш зошто ова се случи.

Не е важно како си открила, макар што изневерените обично дознаваат последни. После ледената болка доаѓа помирувањето, но дотогаш буквално го разбираш значењето на изразот „како од срцето да капе крв“…И не можеш да мислиш логично. Дури воопшто и не можеш да мислиш. Веројатно си плачела, или вриштела, или си барала катче каде како див ѕвер да се скриеш, знаејќи дека нема да можеш. Колку повеќе ги осознаваш фактите, гневот бара и најмал процеп да избувне, зошто иначе ќе експлодира внатре во тебе. Очајно имаш потреба од време, зошто велат дека тоа лекувало. Но дотогаш ќе треба да се справиш сама.

Е, можат да се најдат и пријатели кои 100% ќе те тешат и жедно ќе им ги слушаш зборовите, без тие ни малку да допрат до тебе. Зошто се чувствуваш употребена. И фрлена. Се чувствуваш како жртва. И ете стигнавме до вистината. Не ставај сол на раната, велат луѓето, но ние точно тоа ќе го направиме. Длабоко во раната, до крај. Само така ќе можеш да погледнеш на ситуацијата со други очи.

Вистината е дека никој на никого не припаѓа. Предавството нема друго име! Луѓето се среќаваат и разделуваат и секогаш неверството присуствувало како дел од животот. Не си првиот човек, нема да си ни последниот. Прими го ова не како казна, прими го како заштита од поголемо зло.

Ти едноставно ќе продолжиш! Ќе продолжиш слободна! Се разбира откако ќе помине периодот на оваа грда слика, зошто човек се созема и после тешка болест, а неверството е нешто слично. Многу е тешко сега да разбереш што е награда ,а што казна. После извесно време ќе знаеш – сигурно!
Eте за ваков афект зборев и за вакви ситуации во кои најчесто неверството после завршува со смирување.
Плус ако додадеш ситуација во која заедно делите стан,дом,семејство.. и се случи изневерување некогаш партнерите одлучуваат да си дадат уште една шанса а поретко да се разделат. Уствари секој различно постапува - сите се согласуваат дека не е во ред да има неверство но ете сепак го има пречесто..
Некогаш причината е можеби во нас самите а не во партнерот па само го гледаме крајниот производ - неверството.. а како дошло до тоа и зошто дошло до истото треба да се разговара и да после на крај се заклучи дали вреди да останеш или да заминеш.. Не е секоја ситуација иста, околности, чуства бла бла..
Никаков кривичен закон нема да го спречи изневерувањето
 
Законите важат само за жената.

muslimwomanstonedadultery-1.jpg



Мој предлог е да се донесе закон и против неверните мажи, јавно да се бесат за јајца!


*Еве и едно смајли :icon_lol:, затоа што некои членови на форумов имаат потешкотии во разбирањето на сарказмот... I posle mi kazuvaat dekasum bila lazen anarhist,,,,,,, a jas nejkjum taka!!!!!!!1111
 
Ќе дознае едната или во најлош случај и двете и тогаш ќе ги сакаш од далечина, пошто и двете најверојатно нема да сакаат да те видат. Е тогаш богами ништо не те спасува. Само една работа е полоша од гневна жена. Две гневни жени. Па уште ако се погодат и во ПМС, сам ќе бараш да одговараш кривично, само да не мора со нив да се расправаш. :icon_mrgr:
hahaha ova e vrv
 
Законите важат само за жената.

muslimwomanstonedadultery-1.jpg



Мој предлог е да се донесе закон и против неверните мажи, јавно да се бесат за јајца!


*Еве и едно смајли :icon_lol:, затоа што некои членови на форумов имаат потешкотии во разбирањето на сарказмот... I posle mi kazuvaat dekasum bila lazen anarhist,,,,,,, a jas nejkjum taka!!!!!!!1111
Може го изневерила сопругот оти ја тепал на пример .. и ете што добила како награда :)
Ама ова се примитивни средини и земји во кои жените се граѓани од втор ред.
А во нашево модерно општество најчесто мажот последен дознава или ВООПШТО не дознава ако го изневерила жената. Жената денеска самата си пресуди со еманципацијата и навистина е тешко за една жена да биде убава,средена,образована,да има кариера,да биде независна,да биде морална и честита,искрена,вредна за освојување,да биде сакана и да биде верна во исто време, па да биде добра сопруга и мајка, а плус и да биде вработена и да се носи со секојдневните модни сопки од нејзините колешки,другарки..
Стварно тешко време за жените дојде..под тежок стрес се а мажите под уште поголем :) Оти со вакви жени нема време за љубов - затоа има повеќе разводи отколку бракови..
 
Мој предлог е да се донесе закон и против неверните мажи, јавно да се бесат за јајца!
Престрога казна е тоа, каменувањето на жените е поблага казна, нели сме еднакви.
:icon_lol:
 
Законите важат само за жената.
Мој предлог е да се донесе закон и против неверните мажи, јавно да се бесат за јајца!
Види, ако зборуваме за рамноправност не ти лоша идејата, но мажите си се верни на жените па ниеден маж нема да биде казнет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom