После вчерашниот натпревар се забележува дека Пипан е веројатно најдобриот трењер кој некогаш дошол во МЗТ и во нашава лига воопшто. Стојам на зборот дека Ацо Тодоров е најпреценетиот трењер на просториве. Дава отказ пред Унион и Цедевита, очекувајќи 2 порази и помал срам со отказот, а погледнете за кратко време Пипан што направи. Треба и од спортски директор да го набркаат.
Новиов играч не ми е познат, ама Бакиќ игра подобро и за очекување е да има предност пред Игор кој вчера доби 2-3 минути, а вчера Бакиќ и воопшто не беше лош. Гече стандард перфектно, Станко му фати шут и одлична борбеност, Дамјан ги отвори со тројки. За мене врв вчера беше кога Николиќ прима топка на мисмеч со плејот од Цедевита и ја вади кон Гече за тројка. Се чудеа луѓето во сала по што следуваа свирежи. Му се дава повеќе минутажа и на Огнен и тоа ме радува, дечкото заслужува. Ноа и дефинитивно нема место во овој тим, а што беше работава за Грне? Не беше и тој во составот.
Се на се да се затвори прашањето со уште еден класа центар и овој тим ќе биде ептен конкурентен.