Ко шмизла од Капиштец да сум фатил, малце заебан за оддржување, ама меракот е тој. Требаше да напоменеш дека протнување на фитиљот низ дупчето е проклето заебана работа, цел саат се оставив на тоа.

На почеток не ми палеше ко што треба, за џабе земав и нов фитил и кременчиња но пак се трошеше за ден (понекогаш и за помалку), на крај испадна дека е до бензинот (фалц), земав друга кантичка (Newport Lighter Fluid) и тера веќе 4-5 дена, супер пали.
Иначе сега сум ко мало дете, само со него палам цигари... па и кога сакам да сварам кафе, гледам има бик до плинското, одам до соба и земам зипо и со зипо палам плинско. Посебен шмек секако дека има, развив (или присвоив) и свој стил, го фаќам со два прста за капачето и така го отварам, палам со палецот и тука се осеќам како највечи фраер у маало иако никој не ме ферма, сепак меракот е тој како што реков.
П.С во склоп на муабетот со Виндфакер околу Нино, поздрав со неговиот најголемиот хит.
Нек му Алах да џенет