Арно само уште да кажеше дали заслужваат да играат за репрезнтацијата ?! Па од тоа што го имам видено ниту еден од овие не заслужва повик и се масло како шо кажа зико само за пари и коалицијата на илчо и чеде за да шитнан некој играч за разлика од нашите играчи кои оправдано се виканти и требаше уште лани да ги викнат ама дека бевме 2 лиг а не ги земаа
Во погрниот пост заборавив да пишам дека скопјаните имаат буџет од 1 000 000 евра а нашите изгледа со 100 000 ќе ја завршат сезоната
Врска немам ни кои се тие ваши играчи што биле оправдано викнати, така да неможам да зборам, ама за нашите си голема грешка.
Да не не заслужува Георгиев да игра во младинска?
Ги шие тие на негова возраст, ама уште не е дорснат за сениорската пошто е зелен во тоа главата, а нема асален тренер што ќе го подбере.
Али младинската е веќе готова приказна за него пошто ги надмина во години, сега останува да се избори за сениорската. Има капацитет, има предуслови, ама треба технички да напредува и да мисли со главата.
Ранѓеловиќ со 18 години лани направи дар-мар во првенствово, главен наш играч во средината, а слично е и во оваа сезона. Можеш да приметиш колку поразлична екипа сме без него. Пеџа е печен за повик и за сениорите, и онака немаме човек што знае да издрибла и одлично да додаде, а камоли за младинците, така да и овде муабетот ти паѓа во вода.
Цикарски е добар за лево крило, и неговото време допрва доаѓа, така да и неговото викање во младинска категорија има основа. Тоа што кај нас има друга улога пошто не заеба Нигериецот и останавме без асален лев бек е друга работа. Кажав и во темата за репрезентацијата повикот за сениорската репрезентација доаѓа многу рано и не се сложувам дека е репрезентативен матријал во моментов.