Американската претседателска кампања и избори (општа дискусија)

Кој ќе биде победник на претседателските избори?

  • Вкупно гласачи
    131
  • Гласањето е завршено на .
Знаеш дека звучиш како забегана, така? Тоа го зборат само оние со фолија конспираси манијаците.

Коа видов коментари на форумов на темава, сфатив дека врие расисти и чудаци...
Ах, ти к`о љепотицине за мис Америка...

Јас не го направив него муслиман, постојат вести на интернет кои може да ги прочита секој и да си формира свое мислење. Во она што ќе верувам јас, не мора да веруваш и ти. Нели, живееме во демократско општество...

Убаво реков, за нашава пребогата Македонија Обама не е добар избор. Ние сме сиромашна држава во која се глуми некаква слобода на изразување, на движење... а сето е обратно.
Левичарите и десничарите имаат различни ставови за насоката во која треба да се води државата. За сиромашните држави како Македонија, во ова време, губитнички е изборот на левооринетиран американски претседател, башка и муслиман.
 
Она што многу ми се допаѓа кај американските избори, е тоа што губитниците машки излагаат и поштено си признаваат пораз и му честитаат победа на противникот, а и победникот секогаш на крајот кажува добар збор-два за својот противник и тоа реално изгледа добро и убаво, односно дава порака од типот: Да, противници сме на сцената, но кога ќе се изгаси светлото, сме обични луѓе и не сме непријатели. Во овој однос, македонските партии имаат уште многу да учат додека не почнат да се гледаат ко конкуренти, а не душмани или крвни непријатели.

Се работи за истата владеачка каста во Америка, нормално е дека ќе бидат културни едни спрема други. Образувани на исти Универзитети, понекогаш дури и членови на исти тајни и полутајни друштва, со слични бизнис интереси.
 
Потполно се согласувам. Но, според мене, Обама се покажа како инфантилен и за решавање на многу внатрешни проблеми, не само надворешни. Невработеноста за време на изборите се намали исто како во Македонија, по потреба. На крајот на краиштата, Обама не го кажа неговиот план за заздравување на американската, а со тоа и на светската економија, значи ќе биде „село весело“.
Левичарите и десничарите имаат различни ставови за насоката во која треба да се води државата. За сиромашните држави како Македонија, во ова време, губитнички е изборот на левооринетиран американски претседател, башка и муслиман.

Не заборавај дека тие не направија сиромашни,чисто за да бидеме клиенти на "империјата"... иаку балканот е "американска тврдина",со ваков нестабилен претседател имаме шанси секако ако умееме да ги искористиме за подобрување на Македонија по некои политички прашања(за економија одамна сум се откажал) ...Русија е несигурна,Кина е гладна за експанзија,иаку е далеку внимателна кохабитација не би била штетна .... но има платени луѓе тука да мислат за тоа...:)
 
Се работи за истата владеачка каста во Америка, нормално е дека ќе бидат културни едни спрема други. Образувани на исти Универзитети, понекогаш дури и членови на исти тајни и полутајни друштва, со слични бизнис интереси.

Ок, јасно ми е тоа. Но, сакам да кажам ми се допаѓа нивото на политичка култура. Ние сме држава од 2 и кусур милиони луѓе и се уште политичарите не научија спортски да си подадат рака и да си честитаат, туку победникот обично му фаќа сеир на губитникот, губитникот дава изјави чиниш победиле, а не изгубиле, се гледаат како душмани, едноставно нивото на политичка, а богами и општа култура во политиката е на многу ниско ниво.

На ваков начин, му покажуваат на народот, дека и покрај ете различните замисли за насоката по која треба да се движи Америка, сепак на крај и двата кандидати дале напор и труд да победат и истото не треба да се омаловажи.
 
Културата на изразување ја покажува културата на живеење.
 
Погледни им го на нашиве потеклото и социјалниот статус пред да станат политичари и ке ти биде јасно ... неможе за една година од селски опинок до ципела Пјер Карден,а притоа да останеш без фрустрации...
 
Американците направија една огромна глупост синоќа, Ромни ќе беше одличен претседател.

Од Обама се виде, чист маркетинг непокриен со ништо. И Нобелова награда му дадоа. :facepalm:

Кој ќе го трпи уште 4 години...
Како бе така одма пресуди во име на 300 милиони народ направиле глупостo_O...да не случајно Ромни ќе ти ја платеше струјата дома ако победеше?

Али ако живееш во америка пеки ..
 
Погледни им го на нашиве потеклото и социјалниот статус пред да станат политичари и ке ти биде јасно ... неможе за една година од селски опинок до ципела Пјер Карден,а притоа да останеш без фрустрации...

Точно така, за многу наши политичари разликата помеѓу да се биде избран или не е како разликата помеѓу да се биде или не. За Велија на пример, кој не беше лично инволвиран во изборите, но ја водеше маркетиншката кампањата на СДСМ преку А1, разликата помеѓу победата на ВМРО ДПМНЕ И СДСМ беше буквално прашање на преживување. Идиотот сам се донесе во таква ситуација.

Има еден куп вакви примери, но тоа е данокот кој се плаќа на транзицијата.
 
Американците направија една огромна глупост синоќа, Ромни ќе беше одличен претседател.

Од Обама се виде, чист маркетинг непокриен со ништо. И Нобелова награда му дадоа. :facepalm:

Кој ќе го трпи уште 4 години...
Сериозно мислиш дека огромна е глупоста на електоратот што не го избра Ромни? Толку е Ромни посален? Велиш Обама имал само маркетинг? А Ромни не? Кој е супериорниот план на Ромни за излез од се'уште постоечката рецесија? Кои подобри и/или понапредни идеи и воопшто визии за напредок понуди Ромни?

Дали Ромни ќе обезбеди подобра здравствена заштита, повеќе работни места, подобри јавни услуги и помалце џиткање бомби кај шо не треба? Или, за милионите глупи Американци ќе го дрви за абортусот и хомо браковите како топ теми?

Да се разбереме, Обама не ми е драстично подобар. Двата лика се претставници на два супер-моќни политички блока (со минимални суштински разлики) поддржувани и финансирани од корпорациски интереси. Од овие два политички џина ниедна друга политичка опција нема теорија да пркне. Нема шанси за политичка разнообразност и некоја поегалитарна поделба на власта како во Скандинавија или во некои други западноевропски земки. И Обама и Ромни изнесоа купишта политичко ѓубре, флоскули и шуплива популистичка реторика со која рајата ќе се забавува и ќе се држи во драмска неизвесност.

Сите претседателски избори (а особено последниве три) личат на НБА финалиња. Билдање еуфорија, набивање минутажа по медиуми до повраќање, дефилирање на слепо и сакато по американските медиуми со потпис „политички аналитичар“. Ако постои некоја разлика меѓу кандидатите, таа се должи пред се' на корпорациските интереси кои стојат зад кандидатите. Клинтон беше силно финансиран од ИТ индустријата, Буш од нафтените копрорации, Обама од фармацевстките компании и банките. Идеолошките матрици се само пакување во кое „програмата“ ќе му се сервира на просечниот гласач во некоја симплистичка, спинувана форма. Ако постои некаков извор на стабилност и моќ во САД тоа не е претседателот, ниту републиканците, ниту демократите.
 
Сериозно мислиш дека огромна е глупоста на електоратот што не го избра Ромни? Толку е Ромни посален? Велиш Обама имал само маркетинг? А Ромни не? Кој е супериорниот план на Ромни за излез од се'уште постоечката рецесија? Кои подобри и/или понапредни идеи и воопшто визии за напредок понуди Ромни?

Вака, знаеш дека мој фаворит на изборите беше Рон Пол, но се знаеше дека неговата номинација е во доменот на научната фантастика. Работите кои тој ги зборуваше и за кои се залагаше, отскокнуваа светлосни години од празните флоскули на Ромни и Обама.

Меѓутоа, кога изборот се сведе на Обама и Ромни, се надевав и сакав Ромни да биде претседател. Тое го базирав на минатото на двата кандидати. ШТО направи реално Обама во неговиот мандат? Освен освојувањето на Нобеловата награда која од тој момент наваму изгуби секаков углед.

За мене Обама е празна кукла, маска која зборува. Најчистиот маркетиншки производ во историјата на претседателските избори во Америка. Кога го гледа човек Реган, Клинтон, да не зборуваме за Кенеди, има чувство дека сепак има некоја личност позади празните флоскули кои ги исфрлаат, кај Обама немав такво чувство. Сега, ова се чисто субјективни критериуми, и верувам дека драстично немаше да се смени животот на еден просечен Американец, кој и да беше избран.

Сепак, Ромни делува како човек од акција, како некој кој би презел одговорност. И неговото минато е импресивно. Предизборните програми и планови НИШТО не значат. Се знае дека така се направени да го зборуваат она што луѓето сакаат да го слушнат. Мене не ми се никаков критериум при избор.
 
Ако тепаше Ромни се што направи Рон ќе беше уништено во следните најмалце 4 најмногу 8 години.Сега после втор пораз на умерен либерал кој го форсираа главните во Републиканската партија ќе се случи внатрешен раскол и ќе има шанса да се смени нешто барем во едната партија.
 
Не мислам дека Рон Пол нешто направи, и дека нешто промени. Мислам дека го доживуваат како чудак и во самата партија. ГОП никогаш нема да понуди таков профил на кандидат за претседател.
 
Вака, знаеш дека мој фаворит на изборите беше Рон Пол, но се знаеше дека неговата номинација е во доменот на научната фантастика. Работите кои тој ги зборуваше и за кои се залагаше, отскокнуваа светлосни години од празните флоскули на Ромни и Обама.

Меѓутоа, кога изборот се сведе на Обама и Ромни, се надевав и сакав Ромни да биде претседател. Тое го базирав на минатото на двата кандидати. ШТО направи реално Обама во неговиот мандат? Освен освојувањето на Нобеловата награда која од тој момент наваму изгуби секаков углед.

За мене Обама е празна кукла, маска која зборува. Најчистиот маркетиншки производ во историјата на претседателските избори во Америка. Кога го гледа човек Реган, Клинтон, да не зборуваме за Кенеди, има чувство дека сепак има некоја личност позади празните флоскули кои ги исфрлаат, кај Обама немав такво чувство. Сега, ова се чисто субјективни критериуми, и верувам дека драстично немаше да се смени животот на еден просечен Американец, кој и да беше избран.

Сепак, Ромни делува како човек од акција, како некој кој би презел одговорност. И неговото минато е импресивно.Предизборните програми и планови НИШТО не значат. Се знае дека така се направени да го зборуваат она што луѓето сакаат да го слушнат. Мене не ми се никаков критериум при избор.
Типчиња како Рон Пол ќе добијат на избори кога Робин Худ ќе стане градоначелник на Нотингам наместо шерифот. И мене ме бендисува човекот, ама нема шанси покрај овие два блока, имено поради причините кои ги набројав.

Не го бранам Обама, ниту мислам дека е супер, а Нобеловата награда е лакрдија. Ама од онаа селска будала Џорџ Буш наследи црна финанска дупка. Во такви услови, кого сакаш стај го да биде престедател, ќе има бајаги тешка работа. Во Америка се чувствуваат разлики кога Буш беше претседател и кога дојде Обама.

Од тројката Кенеди, Реган и Клинтон, овој во срединава е тотален идиот. Тоа што Реган беше одличен популистички оратор и забвљач, нема врска со неговата способност како претседател. Него му легна како кец на десетка исцрпениот СССР. За Кенеди и Клинтон се саглам.

Ромни ти делува претседателски. И мене ми делува. Фина фризура има. Импресивен си-ви. Ама, не гледам огромна разлика во квалитет. Башка, ако идеме на победа со драпања за абортус, хомо бракови, традиционални вредности, патриотизам, тури му пепел. Од последниве претседатели, единствено Клинтон, според мене, имаше саглам економска програма и фокус на економијата и развојот. Другиве се сите talking heads.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom