Данок за ергените над 35 години и момите над 30 години ?

L

Luki Junior

Гостин
2 деца се МК просек уште од времето на Социјализмот, а не од вчера ........ а тогаш па веќе што луѓето биле занесени по медиумите, телевизиите... и да сите ја гледале серијата ’’Сексот и градот’’ :icon_mrgr:
Значи веќе неколкупати повторив и пак ќе повторам за последен пат ........... порано нашите претци правеле повеќе деца бидејќи такво било времето, такви биле потребите, начинот на живот и општите сфаќања .............. значи порано мнозинството народ живееле по селата и воделе земјоделски и сточарски живот и затоа морале да имаат по неколку деца, за да има кој да работи, тогаш немало како денес образованија, еманципации, технологии, електроники т.е. тогаш немало како денеска ’’живот на копче‘‘ стисни ваму светло, стисни таму вода, заврти кључот и вози, стисни на копче и збори на мобилен, ти се јаде нешто трк до продавница/маркет и.т.н. се знаело тогаш брак уште на неполни 18 год. и веднаш клапање на деца по итна постапка за да има нели кој да работи по нивите, со стоката... наука тогаш ЈОК, еманципација НУЛА ............... а денеска скоро сите живеат во урбани средини, кој во куќа, кој во стан и никој веќе не се занимава со земјоделија, сточарства... кажи ми за кој ку* некој да прави по 5 деца кога како прво живее во конзерва од 60 квадрати, нема ниту бавчи, ниту стока... за што ќе му се толку деца, доволно е едно дете колку за да има кој да го наследи, еве 2 максимум, не му се потребни по 5 или 10 деца, е сега оставете ги вие Албанците и Ромите тие се друга култура, друг свет, ние колку и да сме напредни или заостанати сепак за нив сме цареви во тој смисол цивилизацискиот !
И тие 2 деца се Социјалистички просек, денеска во новиов систем Капитализам и со новиов брз и динамичен Капиталистички начин на живот веќе и тие две деца се огромен терет за родителите ............ денеска луѓето се плашат пред се од економската несигурност, од понатамошното влошување на економската состојба, страв од сиромаштија и мизерија... та му дошло на некого ќе прави денеска по 3/4/5 деца и за разлика од сите досегашни изминати политичко-општествени системи низ кои поминало човештвото, во сите изминати системи/државни уредувања секогаш семејството било во прв ред, како основна клетка на општеството/државата, но денеска во новиов ни систем семејството е дури во втор или трет ред, на прво место во денешниов систем се знае што е тоа се материјалните работи односно капиталот/парите/образованието/кариерата/работата/бизнисот .......... плус овој проблем Швеѓаните мака мачат да го решат(што се доста богата нација/држава), а камо ли па ние вошкари спрема нив, овој проблем една Германија неможе да го реши што е Европска екон.сила број 1, па ние ќе сме го решеле, во цела Европа од Христијанските нации само Ирска бележи позитивен природен припаст, а сето останато е во -(минус), е сега Рамче од Шутка и Бајро од Кондово имаат позитивен наталитет да ама пак ќе кажам тоа е веќе сосема друг свет, друга култура, друго воспитување... !

Изеде ги лајната за сељаците. Срам да ти е.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Изеде ги лајната за сељаците. Срам да ти е.
Каде ги навредив селаните ........... пишував какво било времето до пред неколку децении, до пред 2та светска војна ............. никаде не ги спомнав денешните селани(лица кои живеат на село, значи географски назив) ........... ај прочитај повторно ! :confused:
 
Читам јас убаво. До 45та, 70 и кусур посто са биле сељани, ама не са биле до толку прости нееманципирани и образовани. Таа прикаска е една од најуспешно продаваните од комунизмо.. Ама тава е друга приказна, да се држеме на темата.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Читам јас убаво. До 45та, 70 и кусур посто са биле сељани, ама не са биле до толку прости нееманципирани и образовани. Таа прикаска е една од најуспешно продаваните од комунизмо.. Ама тава е друга приказна, да се држеме на темата.
Друже да бидеме реални .............. до 1945 год. еве нека е и 1950 год. населението во МКД било тапа џонс .......... колку проценти имало образовани и еманципирани ......... 0,1% ...... дај не заебавај и ти сега ........... со самата масовна миграција на населението село-град и со самата индустријализација на државата доаѓа до масовна еманципација и школување на населението(за прв пат во Историјата на Македонија), масовно отварање на школи, болници, фабрики, изградба на инфраструктурата...
Која еманципираност и образование ја имале луѓето до пред 2та светска војна по тоа селата ............ значи не зборам за денеска, денеска помал процент од народот живее во рурални средини и денеска поинакви се условите дури и во руралните средини, конкретно зборам за периодот до пред 2та светска војна кога мнозинството од народот живеел по селата и клапале по неколку деца бидејќи такво било времето, начинот на живот, размислувањата и потребите ......... намерно правеле повеќе деца за да имале родителите кој да им помага во земјоделството, сточарството... тоа ми беше поентата и самава тема се однесува за тоа(мажење/женење/наталитет) ........... денеска мнозинството народ живее во урбани средини во конзерви од 60 квадрати, пола народ е без работа, плати катастрофа, скап живот и ред други работи и уште на некој ќе му прдне да прави по 5 деца ............ целава тема е хумор како прво т.е. самиот предлог на Шехтански е нелогичен и смешен !
 
L

Luki Junior

Гостин
Толку народ е изпозатворен од интелегенцијата, само и само до го дотерат народо да размислува “правилно“ и да ја продава приказната за просташтината и нееманципацијата е доволен доказ оти народо и тогај знајал е шо е правил и зашо го е правил тава нешто.

Ако си имал среќа да ти расправа баба ти/дедо ти за зуљумите на модерните македонски преродбеници, малку поразлично ќе гледаш на тај период. А па ако си од од фамилија на зуљумќари, тогај идеологијата и погледите ни са едноставно дијаметрално спротивни.

Народо и тогај и денеска си е истата маса, само некој пробува да продаде идејата оти сме помодерни и поеманципирани од тогај... Денеска е полошо со оглед дека сите сакаме да сме на државни јасли за да основаме фамилија. Тогај секој си е терал касавето сам за себе. У тај поглед са биле помодерни и поеманципирани од денеска. Капитализам, па ако те бива, арно. Ако не те бива, умирај за леб.
 
Темава се однесува на женење/мажење/наталитет ........... јас само како пример дадов каков бил начинот на живот, размислувањата и потребите до пред 2та светска војна, после 2та светска војна и каков е сега ............... никого ниту нападнав, ниту навредив директно и никаде ама баш никаде не напишав ни дека прошлиот систем Социјализам бил добар, ниту пак дека бил лош ............ какви инсинуации си правиш човеку ............ ниту имам јасна партиска определба, ниту пак имам некаква точно прецизирана идеолошка определба, ниту пак имам намера некого лично да навредувам ........... пишувам на секоја тема она што го мислам лично, без никој да ми диктира што да пишувам, не сум штабско дете како многумина други на форумов ....... а ти тука со цел памет ми викаш дека луѓето до пред 70 год. биле попаметни, пообразовани и поеманципирани од сега ................ ајдееее ................ па и велиш дека начинот на живот и условите тогаш(до пред војната) биле подобри !
Ахха и б.т.в. што знаеш ти за Капитализмот живти господ ............... како прво научи да пишуваш на Македонски јазик(литературен) и прочитај барем неколку книги па после продолжи да ни продаваш тука памет !
 
Селективно читаш, криминалец на 7те океани.
Не инсинуирам ништо, јас читам шо пишеш. Дистанцирајнето како едно врем сме биле прости, а денеска паметни е неубава работа. Ама тава е друга тема.
Основната твоја теза е оти народо ти бил прост, неук, нееманципиран, недоделкан, и не знајал шо праве (личел повеќе на животно со инстинкти, отколку на човек у денешна смисла... тава е веќе драматизација на нештата, ама ајде...). Е таа приказна си се презентира редовно тук там, ем по медии, ем по школи, ем по форуми. Секаде си има варијанта, како денеска ние сме супер напредни, интелегентни, технолошки опремени и авантгардни, а наште предци ни и од интелект са имале..... Ајде бе....

Кој спомна партии, штабове, или слични работи?

Со цел памет ти викам оти човеците пред 70 години са имале појасна слика дека ако сакаш да преживееш треба да работеш. Треба ногу да работеш....
А не да чекаш да дојде некој да ти покаже како да живееш, да те вработе, да те ране и дува како црево, а ти да сереш политички гомна дека стигнеш (не те визирам тебе у метафората, а средностатистички Петко шо има амбиции да стане државен службеник).

Не се карам со тебе, сакам само да ти покажам другата страна на нештата шо ги презентираш.
 
Чекај бе кој со кого се кара ова е форум и дискутираме .......... јас не реков дека денеска ние сме којзнае колку напредни, само кажав дека постојат огромни разлики од едно време до друго време ............. значи начинот на живот бил еден до пред војната(2ра светска), после војната нели доаѓа нов систем и со самото тоа друг начин на живот, денеска пак имаме сосема поинаков начин на живот од до пред 20 год. на пр. значи сакам да кажам дека секој систем како си доаѓа си го прави своето ............. чист пр. до пред војната наталитетот кај Македонците бил доста висок, за да после тоа во периодот на Социјализмот се сведе на некои 2 деца како општ просек, а денеска во новиов систем па и тие 2 деца(Социјалистички просек) се веќе знак прашалник .................... значи постојат разлики од едно време до друго и од еден систем до друг ........... порано и пред 2та светска војна, па и после тоа во Социјализмот семејството се ставало на прво место, а денеска на прво место во овој сегашен систем се ставаат образованието/кариерата/парите/бизнисот... !
 
L

Luki Junior

Гостин
Ахха и б.т.в. што знаеш ти за Капитализмот живти господ ............... како прво научи да пишуваш на Македонски јазик(литературен) и прочитај барем неколку книги па после продолжи да ни продаваш тука памет !

Пазарна економија у практика. Ако продадеш нешто, ќе имаш пари. Ако не, нема.
Македонски литературен не знам, со средно школо толку научих. Книгите са само теориско знаејне, преферирам практика.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Мене стапот ме боли искрено дали тебе некој Рамче од Шутка те шупчи анал секој ден.Доста изгигравате жртвени јагниња постојано кога најголем дел од населението не го боли стапот за вас што правите и како правите.Имаме доста поголеми проблеми во животот за да мене секој ден главна тема да ми се педери.

И сега има педери што сите ги знаеме дека се, па пак не им фали влакно.Финтата е што сакате секогаш да сте во центарот на вниманието.

Законот може е дебилен, ама веќе во цела Европа е упалено црвеното светло за наталитетот кај европјаните.Не за џабе стигнаа предлози за субвенционирање на 3 и 4 дете во европската заедница.Нема цела вечност да трае промискуетноста и материјалноста на жените.Кога тогаш ќе се сопре.Слаб наталитет носи катастрофални последици врз сите нас.
Да, гледам колку е успех во Европа, ваквиот пристап. Друго, очигледно те боли стапот што непрашан, си спомна тоа што си спомна. Очигледно да, не само тебе него на многу други главна тема сме ви. Требаше фино лепо да си кажеш што имаш за законов и да одјебеш, не за лични работи да ми се фаќаш.

Дебилен е, и borderline фашистички. И да дечко, ако имаше поима од живот, ќе сфатеше колку многу финансиите играат улога. Во ваква држава грев е едно дете да донесеш на свет, не две или три.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.296
Поени од реакции
5.367
Шехтански беше на Алфа тв , на крај фатив едно 5 мин да го слушнам. :pos:
Не знам како да го дефинирам чоекот.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.759
Поени од реакции
7.586
Шехтански беше на Алфа тв , на крај фатив едно 5 мин да го слушнам. :pos:
Не знам како да го дефинирам чоекот.
Дарди, тоа се кученцата шо ги пуштаат да залајат, за да видат како изгледа ситуација или да се направи галама.
Каков сакаш да биде?
 
sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Нек си е*ат векот , почнаа да не тресат со нозете угоре , сега ќе почнат и да ја цедат крвта од нас ... :) Ние како прасиња полни со парички, чекаме некој да не скрши и да не ограби ... Само има една добра работа , не беше прифатен овој предлог од партиите :) Во исчекување сме на данок за п*дење , е тек тогаш ќе видам дали некој ќе " дувка " на јавни места :) Шала на страна , најсериозно сметам дека овој предлог е стварно шит ... :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom