Ќе го наречам последно писмо за приказна која се завршува денес после точно 5 години и 7 месеци...
Погрешна личност покрај себе ме натера да паднам во рацете на уште поголема грешка, се заљубив. Незнаев дека постои можност да се грижиш за некого многу повеќе отколку за себе, дека може да заслепиш и да не гледаш ништо освен него, да го насочиш сопствениот живот околу некој кој почнува да ти претставува се во животот. Сега имаш другар кој ги знае сите твои проблеми, радости, непријатности, тајни. Сега имаш некој со кој почнуваш да се консултираш за се од најбанални до најсериозни работи.За мене тоа беше непознато, туѓо, далечно...Почнав да се плашам од своите мисли. Размислував за иднина, почнував да замислувам иднина со него, да планирам работи што недоликуваше да ги планирам на тие години. Да, имав чувство кое е најубаво, сакав некого и да тој некој ми го уништи животот по цена за само едно чувство. Признавам проблемот е до мене, јас сум наивна, верувам во добрината на луѓето. Кога некој може и му дозволувам да ме уништува, зошто да не го прави тоа. Јас сум таа што треба да стави крај. Живеев во неговите лаги, неговите ветувања, замисли кои никогаш не се реализираа. Секогаш кога доаѓаше до крај јас бев таа што попушташе. Што да правам го сакам....но денес се менува се. Денес дојде време за ВИСТИНСКИОТ КРАЈ кој требаше да биде одамна. Доста понижувања, доста лаги, доста потценувања....време е за најтешкиот, најхрабриот и најпаметниот чекор. Ова ми е исповед до некој кој не постои, до некој простор во кои ќе ги исфрлам овие тегоби и се ќе излезе од мојава душа. Само се надевам дека ќе го читаш ова и ќе ги осетиш на себеси. Причината зошто овде? Голем дел од тие 5 години се наоѓа на овој виртуелен простор, во твоите текстови кои се залажувања преку убавите зборови, нашите размислувања, моите чувства за тебе......не сум само јас таа која паднала на твоите лаги овде, но најглупавата која паѓаше уште многу подолго од другите. Паѓаат солзи, се стега срцево ама ми се олеснува душата...........Збогум, денес е денот кога јас почнувам сосема нов живот, нов лист од книга која денес ја искинав до половина...Среќно со М......., среќно со факултетот, среќно со се останато во животот, не ти посакувам лошо, ти посакувам се најдобро. Ова да го читаш секогаш кога ќе ти биде најубаво знам дека нема да ти биде сеедно....Мене ми останува да се борам со себе....
