Последен гледан филм со кратка рецензија

H

HoT IcE

Гостин
MV5BMTYxMjA5NDMzNV5BMl5BanBnXkFtZTcwOTk2Mjk3NA@@._V1._SY317_.jpg
Лутав по ИМДБ барајќи некоја авантура да утепам време, и го гледам филмов и гледам оценка 7ка, и го симнав.
И искрено да ви кажам задоволен сум, реална оценка, интересно филмче со добра глума, костимографија и интересни пејсажи од Асгард. Марвел ко Марвел се знае дека ги бидува по овие работи, така да и филмов не е утка, доста е интересен и кежуал филм за да чилаш попладневни часови настрана од проблеми и замор во светот на Mighty Thor и Асгард.
Приказната е интересна, те потикнува да размислуваш за натамошните развитоци и приказната на вториот дел уште дур го гледаш првиот дел, ќе видиме како ќе излезе на крај, и дали онака како јас што сум замислил дур го гледав филмов.
Глума е добра, костимографија реков дека е добра, и тоа е тоа.
И јас ко dudes од ИМДБ му давам 7ца на филмов.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.884
Bait (2012)
M3Cuz.jpg
Подземен маркет во едно мало градче во Австралија е нападнат од крадци кои сакаат да ги земат парите од сефот. Додека трае кражбата доаѓа цунами. Целиот маркет е под вода а заедно со цунамито во маркетот доаѓаат и две ајкули кои го напаѓаат секое живо суштество кое им се испречи пред патот. Од целата ова несреќа има и преживеани кои се наоѓаат на безбедно место и поради ајкулите не можат да влезат во водата за да го најдат патот до излезот на маркетот.........
Интересен хорор трилер и мистерија која ќе ве држи во неизвесност до самиот крај.
Оцена 7/10
 

Castor

Ќесеџија
Член од
2 мај 2012
Мислења
481
Поени од реакции
960
Contact (1997)




Сега го завршив филмов и не ми се верува како сум можел да го пропуштам.Ако имате два и пол часа слободно време,сварете си кафе и гледајте го.Се работи за откривање на сигнал од вселената.За некој кој изгледал бајаги филмови,му давам 9/10 буквално ми ги надмина очекувањата.Многу интересен пристап и поглед кон универзумот,Бог,вонземјаните,капацитетот на човекот,науката...Визуелно,со ефектите од 1996-7 не е нешто што би го задоволил Сај-Фај фан,но има прекрасна приказна.Никогаш не сум сакал некој да ми открива премногу кога ми препорачува филм затоа и нема да откривам ништо,само ќе ви препорачам да го гледате особено ако сте љубител на мистериите поврзани со универзумот :)
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.341
Поени од реакции
2.235
Duplex (2003)



Интересно филмче за тепање на време, има интересни сцени. Во филмот се дешава како еден брачен пар кој ке одат во Њу Јорк, па ке се сместат во еден стан каде што над нив живее една старица. Во целиот филм старицата ги вознемирува, пушта музика, телевизорот на цел глас игре и не им дава мир. Тие ке се жалат но нема да биде така и кај полицаецот кој ја брани старицава и ке бараат начин да га убијат се со цел да живеат спокојно. Ова е само на кратко, ако ви е досадно слободно гледајте го интересен е.
Моја оценка: 7/10
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
Your Sister‘s Sister



Филмов ми почна онака многу тпо,но по неколку минути ми стана интересен.Се работи за две сестри Ирис и Хана и пријател на едната сестра Џек.Џек по загубата на својот брат е депресивен,очаен,мизерен..., и ирис го поканува да помине неколку дена сам во куќарката на татко и ,на едно прекрасно островче за да си го ‘‘избистри‘‘ умот. Таму ја сретнува нејзината сестра Хана и работите почнуваат да се компликуваат....
Добра драма ,одлична локација,сценарио и режија, ке му дадам 7,5/10
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Еве го изгледав пак Blade Runner
Убавото е тоа шо разработува прашања поврзани со идентитетот на една свесна единка.Во овој случај киборзите.Нели,направени скоро совршени,силни,од крв и месо само не се луѓе.Најголемата разлика од луѓето-не чувствуваат страв,ама сепак-страв од смртта.Од тоа.. што понатаму?
Првата сцена,интервјуто со Леон..прекрасно.Мн добра изведба.

Интересно..кога отидоа 2цата кај тоа јапончето шо прави очи,и кога му изрецитира неколку реченици with angels and stuff. "Fiery the angels fell. Deep thunder rolled around their shoulders... burning with the fires of Orc. " Јас овоа го протолкував како типов да се чувствува како fallen angel;само во негова верзија.Значи неговиот создател (докторот),he dont give a fuck about him,отфрлен и направен со рок на траење.Всушност генерално киборзите и нивната свесност се една симболика за човековата природа,и прашања од типот-oh God,why did you make me moratal and stuff..
Многу интересна работа забележав ,киборгов знае за heaven and hell,само не верува или шо ти ја знам (its not in his interest).


Најбитната сцена од филмот !

Кај што го распрашува неговиот создател "his God"
  • You were made as well as we could make you.
  • But not to last.
The light that burns twice as bright burns for half as long - and you have burned so very, very brightly, Roy. Look at you: you're the Prodigal Son; you're quite a prize!

Филмов ја испитува душата,свеста смртта.
Одличен филм во секој случај,еве сеа убаво од коа го изгледав можам да го пофалам.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.884
The Watch (2012)
The-Watch-poster.jpg
Во градчето Гленвју е убиен стражар во една локална продавница. Полицијата не покажува интерес да го најде убиецот па Еван (Бен Стајлер) и Боб (Винс Вон) уште двајца соседи формираат соседска стража.
Тие откриваат небесно тело а во меѓувреме неколку соседи мистеризно се убиени. Комедија за тепање на време и за оние кои уживаат во глумата на Бен.
Оцена 6.5/10​
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Demon Seed (1977)
Еве ми ја мене и првата рецензија. Иако не очекував дека ќе биде баш за овој филм :).​
Прочитав дека филмов има култ класика статус, и од скептицизам, решив да го ѕирнам да видам за што се работи, бев начисто спремен да го искритикувам до даска. Ама како што понекогаш ми се случува, бев доста пријатно изненаден од филмот. Буквално од секој аспект (звук, визуелни ефекти, глума, приказна - ми одговараат со времето кога е сниман филмот, и искрено пријатно носталгично чувство добив гледајќи го). Потсеќа многу на некоја мешавина на Розмариното Бебе и Одисеја 2001 на Стенли Кјубрик (своевремени хитови и денешни култ класици поеднечно).​
_
Не знам како не сум налетал порано на филмов, а доста хитови од тоа време ги имам поминато не знам по колку пати до сега, што ми падна чудно. Сметам дека филмов ќе е пријатен за гледање и дека нема да потроши саат ипол од своето време за џабе, ако е фан на научна фантастика/suspense/трилер комбинација од елементи во своите филмови, особено во пакет кој доаѓа од втората половина на 70те години. Знаете дека филмовите од тоа време доаѓаа со посебен шмек, да го речам. Што значи во најмала рака очекувам филмов да виде биде "океј". Што би било добра замена ако се досадувате пред телевизор дома (дури и да не сте некој голем фан на гореспомнатите жанрови).​
Еден краток синопсис за филмот - Demon Seed e филм во кој се случува технолошко откритие кое според луѓето бега надвор од контрола .... свесно. Луѓето сакаат да спречат се пред да се случи некаква катастрофа. А од своја гледна точка главниов ни нечовечки протагонист ја гледа иднината и наредниот чекор на еволуцијата на човекот во своите постапки. Која ќе е вистината на крај? :)
Не навлегувам во понатамошни детали бидејќи ќе се расипе приказната и сенсот додека се гледа филмот. Инаку филмот го има и како книга, доколку некој е заинтересиран. Всушност, филмот е и базиран според книгата. Обично сите филмови кои сум ги гледал до сега, а се базирани на книги, се покажале или како хитови, или за мене лично, биле хитови и ме импресионирале. Значи има нешто во тоа како некој филм ќе се покаже како производ, ако има добар литературен background, приказна, и осмислени карактери. Тоа му фали денес на Холивуд според мене.​
Еве ја книгата, го имате и авторот на неа:​




....................................................
Музика: 8/10
Звук: 7/10
Визуелност: 8/10
Глума: 8/10
Приказна: 8/10
__________________________
Генерална оценка: 78/100


 
L

Luki Junior

Гостин
Бонд, Џејмс Бонд. Скајфалл.

Многу добар. Глумата ептен на ниво, музиката одлична. Стил и елеганција, Класика и модерно залепени у едно, ама со вкус. И со целата технологија на 21 век, се враќаме у минатото, дека шо основнио тренинг и инстинктите диктират кој ќе преживее. Лошио момак у филмо, еден и единствен.. Луд, интелегентен, и најважно не се откажува никојпат. Исто како Бонд.
Користат една ногу јака сцена од еден друг култен филм (ама не откривам која е.... Има го истио ефект како сцената у оригиналнио филм...)

Надевам се не откријах детали, оти нејќам да ви го расипам филмо. Ама топло го препорачувам. И да, не са штедиле на време, гледале са да направат добар филм.
 
H

HoT IcE

Гостин
Вчера изгледав два филма, и двата филма можам да кажам дека се разочарав тотално. Еве за кои станува збор:
  • Public Enemies
220px-PEPOSTERsm.jpg
На ИМДБ му дале оценка 7ка, за мене превисока, моја оценка за филмов е 5/10.
Наспроти интересната костимограифја и сценографија за тоа време дур оперирал Џон Дилингер, филмов е доста клише и со многу досадна приказна, дежа ву од веќе многу претходни филмови со иста тематика. Глумата на Џони Деп како и секогаш е фантастична па затоа може да мислите дека филмот е добар, само поради неговата глума во филмот, во се друго, филмот е страшно досаден.

  • Universal Soldier: Day of Reckoning
MV5BMTM3ODMxMDY0MF5BMl5BanBnXkFtZTcwNDc3MTY0OA@@._V1._SY317_CR1,0,214,317_.jpg
Оценка на ИМДБ е 5.9, јас му давам 2/10. Глума - просечна, приказна многу тапа, полна со дупки и загатки.
Нема многу што да се коментира, само следново: bored.mindfuck.bored.mindfuck.bored.mindfuck.bored.mindfuck.bored.mindfuck.bored.mindfuck.bored.mindfuck.
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.478
Поени од реакции
6.846
Може за некој се стари, ама ја ги чекам филмовите додека испаднат на асална снимка пред да ги гледам. Си го уништив X-men пред година време така, и затоа Avengers и The amazing Spiderman ги гледав вчера и неќна дури.Еве ги коментарите.

The Avengers е одлично склопен филм во однос на тоа дека требало да вметнат, приказна, многу херои, многу антагонисти, и притоа да има шмек филмот. Ама во сето тоа вклопување на деловите на филмов, се јавува проблем што недоволно се запознаваме со ликовите, ја уште не разбирам како хулк во една сцена може да се контролира себеси, а во друга не. Ако се земе во предвид дека некој ќе го гледа филмот без претходно да ги има гледано поединечно сите филмови за Тор, Iron Man итн. Тогаш гледачот е тотално збунет, исто нема никакво поврзување со случувањата помеѓу тие филмови и овој филм. Се чувствував како да го гледам продолжението, како да сум испуштил нешто измеѓу. Исто тепањето во филмот е катастрофа, немаме никаков приказ како изгледаат вонземјаните, кои се нивни силни страни, кои се слаби нити како ќе оди борењето ни ништо. Испадна дека потешко се справуваа со специјалците од оваа планета отколку со вонземјаните со напредна технологија.
Филмов од мене добива 6ка/10 затоа што сум љубител на херои, магии, пошто сум дете растено со cartoon network, и за мене секој филм кој прикажува некои од овие херои е позитивен. Штета што не се вложило повеќе во сценариото и да се направи комплетен филм, нешто како Бетмен што испадна "чудо над чудата".

The amazing spider-man е токму тоа што очекував, тотално уништување на ликот и делото на Спајдермен што си го знаеме. Ако Тоби Мегваер направи легенда од филм, овој дел беше чисто колку да го испорасипе впечатокот од претходните. Сценариото беше катастрофа, скроз избега од она на што се навикнавме и го знаеме како тајмлајн на случување во тој свет. Во филмот го немаше поучниот дел зошто вреди да се биде суперхерој, го немаше одмаздничкиот дел каде што го убива убиецот на чичко му, го немаше љубовниот дел со мери џејн, се што знаат за спајдермен напикале у еден краток филм и го испосрале. Идиотизмот го достигнува врвот кога испукан во нога лета преку крановите, а одма другата ден не му е ништо. оценка 2/10 само заради Ема Стоун, пошто ми се свиѓа како актерка(да не речам ме пали :D).
 
Член од
22 мај 2012
Мислења
65
Поени од реакции
62
The Expendables 2
the-expendables-2_img.jpg

Oh , yeah филмов ја дава комплетната слика за тоа во што се претвори Холивуд последниве години. Толку многу работи ме поттикнаa во филмов што стварно незнам од каде да почнам , aма ајде да ги земеме актерите.

Актери: Сталоне , Шварци , Ван Дам ако мислевте дека треба да се во пензија не сте се излажале. Ќе ги видите тука и поновите акциони херои , а задоволството ќе ви го комплетираат Брус Вилис и уан енд онли Чак Норис. Уанс агеин oh , yeah.

?????: Не знам дали е приказна , сторија , сценарио ама кога тој што го пишувал сценариото не знае што е па од каде ја да знам. Не би ставил спојлери оти нема што да се расипе , ама ај да не ме бришат. Ако сте ги гледале Рамбо и Терминатор и ви се косеше филмот со логиката и законите на физиката како тоа еден ги реши сите (мада вториов беше робот од иднината) тука ќе се запрепастите. Претходните 2 се лектира а ако не сте ги гледале тогаш не сте спремни за филмов- не сакате да се разбудите во шок соба во клинички.
Дејствието се случува во Албанија каде по дејство на околности треба да спречат продажба на 5 тона плутониум. Ван Дам е главниот негативец и го уби Били кој ќе го видите во само 2 сцени , а е дел од тимот на Сталоне. Што да кажам дека се случува кога ќе го налутите Силви , а го има Чак Норис како грб , масакар - е премногу благ збор ако знаете пишете. Чак Норис се појавува од никаде во сред Албанија и за помалку од 10 секунди имате мртви на сите страни и уништен тенк - oh , yeah! Следи текст во вид на бестселер бар да ви го задржам вниманието уште малку ако не сте се откажале од читање до сега.
Силви: Благодарам стар пријателе и сум слушнал дека си бил каснат од Кобра. Да - рече Чак и по пет дена тешки болки и агонија кобрата умре. Таму каде што ќе стапнеше Силви со дружината немаше перипетија само безживотни тела на неговите беспомошни непријатели.На крајот неминовно дојде и борбата со главниот непријател отелотворен во Ван Дам. Силви мораше сам да се соочи со убиецот на неговиот соборец кого нималку не го познаваше. По страшното обострано разменување на куршуми од пиштол , бидејќи сиот останат арсенал беше ефективно употребен до нивната пресметка се премина на борба гради во гради која Силви не ја избегна иако имаше расположливи куршуми , на тој начин докажувајќи ја само својата големина и огромното срце кое чукаше во неговите гради. Откако Силви по секој еден удар беше соборуван на земја , Ван Дам гордо ги креваше своите раце во вис и држеше говори каде во еден момент спомна: - го убив твојот пријател , како ли му беше името... не е важно. Силви не ја заборави реченицата за во моментот кога го одземаше животот на Ван Дам да му каже: His name was Billy.
Тотално бев трогнат во тој момент , плачев , плачам и сега додека пишувам за Били - oh ,yeah Холивуд е мртов.

Гафови: Ако не го читавте спојлерот затоа што планирате да го гледате филмот ова се само неколку гафови во ова филмско остварување на векот. Откако едниот член изврши испрашување на албанскиот мафијаш кажа дека не знае Албански туку дека користела дијалекти на Бугарскиот и Украинскиот јазик (треба ли да спомнам и тоа дека девојката беше Кинескиња?). Во трговскиот центар написите беа на кирилица cafe bar / кафе бар и написи со руски кирилични букви.Населението беше православно , а не се работеше за Мала Преспа. Знам дека Американците се тапа по географија , ама за вакво остварување можам и да им прегледам низ прсти што не извршиле теренско истражување.

ПС. По препорака на некој членови погледав неколку европски филмови и се префрлам на европска кинематографија и по којзнае којпат уанс агеин oh , yeah!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~A~

Цепелин

Личност со добар вкус
Член од
29 октомври 2012
Мислења
32
Поени од реакции
78
The Shawshank Redemption
ИМДБ рејтинг: 9.3/10​
Искрено имав мислење дека филмов е преценет на ИМДБ и имав преголеми очекувања за да се оправда тој рејтинг. Наместо тоа, добив уште поголеми. Филмов почнува како еден банкар е оптужен за убиство на жена си и нејзиниот љубовник, иако тој негира дека тоа се случило. Осуден е на доживотно и е пратен во Shawshank затворот. Се повеќе од ова што ви го кажав би било голем спојлер.​
Без разлика од жанрот на филмови што го сакате, филмов треба да го гледаат сите. Како голем фанатик на музика и филмови, знам дека е многу тешко да се направи топ 10 листа токму поради тоа што не се знае кој филм да се стави прв а кој десетти, а не зашто не знаеме 10 најдобри филма. Во секој случај, филмов е меѓу првите 3 филмови што сум ги гледал.​
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.572
Torrente 4

Филмов е добар за тепање време воопшто не е смешен ко 3 дел да кажеме ама сепак има свој смешни моменти . Славниот детектив Торенте е наместен дека убил човек па ќе го пратат во затвор што се ќе го најде таму погледнете оценка ми е 5,6 затоа што има многу нереални сцени за разлика од претходните делови.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Brave

Симпл стори, црвенокосата принцеза се бори за своите права и не подлегнува на нормите на општеството. Гледајќи само за себе, се вплеткува и себе и своето семејство во незгоди кои на крајот благодарение на нејзината храброст успешно ќе се решат.

Технички филмот е океј, со многу реален бекграунд, но некако фали магија во ликовите и приказната.

Саундтракот ми се допадна. Чил музиче, убаво...

Од мене седмица.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom