Еве еден добар текст за состојбата на Пелистер во моментот.Само не се сложувам дека изгубивме шо си замина Горазд со се друго во потполност се сложвам.Извор:
http://sportarena.mk/upravata-vinovna-samo-gorazd-ja-plati-tsenata-vo-pelister/
Во Пелистер не „штимаат“ многу нешта, битолската јавност многу добро знае каде се кријат корените на лошата ситуација. Доволно беше само да се следи анкетата што ја имаа поставено на фејсбук страната на ФК Пелистер, па низ коментарите и гласовите да се процени каде Битола ја лоцира вината.
Во анкетата најголем број гласови за лошите резултати на Пелистер имаше Управата, нешто занемарлив број гласови имаше на факторот лоша среќа, а сосема мал сега веќе екс тренерот Михајлов.
Товарот го носи Управата, но мора да се знае дека ниту претседателот Николче Здравевски-Каше, ниту Бруно Пресилски или Миле Димов имаат многу простор за маневар. Е, сега, во такви услови, кога пак финансиите се главен проблем и Градот, има тука и други политички структури кои си ја презеле обврската за Пелистер не можат да одговорат на обврските, што и останува на Управата освен да вади „жешки костени“. Единствено можат и тие да поднесат оставки, но дали и за тоа сами можат да одчучат или и за тоа има диктат од повисоки, не фудбалски инстанци !?
Интересни беа стотината коментари на анкетата, битолчани најдоа простор за јавно да кажат дека на играчите им се „борчат пари“ уште од настапите во Втора лига, дека платите на фудбалерите што се по 250 евра не се примаат со месеци, дека од ветувањата на Градот нема ама баш ништо, пари не дава, за стадионот и да не се зборува.
Оние послободоумните пак и по дрски, коментираа дека на Управата и е важно само таа да „лапа“ а за играчите ич не се грижат и ако е така, тогаш „под мишка со тренеро и тие да фатат магла“.
Само, повторно тука е прашањето, дали и таа управа на Пелистер има што да зема и дали и тие земаат плата за нивната, каква-таква работа, други пак велат дека и тие јадат како и фудбалерите леб со девет кори.
Во Пелистер голем товар, а нема ербап кој да го носи…килав излезе тој што најмалку требаше, Горазд Михајлов!
Тешки до него да е, тогаш лесно ќе му е на Пелистер, ама не е !