Убиство 5 до 10 години, тешки кражби 10 и 15 години
Најтешките дела - место во собрание.
Лазо Радески.Живко Радевски е бившиот директор на ИМБ
Или убијте ги!
На ова налетав за Циганот
Во 1997 година, Ацо Боцевски алиас Циганот, инаку висок активист во СДСМ ладнокрвно го застрела Сеад Ибраими убивајќи го на лице место, и тоа во сред град пред зградата на Кјуби (ЗОИЛ), сред бел ден. Циганот не се ни обидел да избега од местото на убиството, туку и се предал на полицијата. На судењето се обидел да се извлече со глумење на ментална неспособност, но тоа не му успеало. Добил 15 години затворска казна. Сепак, додека пресудата не стане правосилна, судот одлучил да го пушти Циганот на слобода. Ова е време кога Црвенковски е премиер на РМ. Со помош на својот шеф Црвенковски, на Ацо Боцевски му се отвора пат надвор од државата. Иако осуден, Циганот си заминува од Македонија, и од тогаш никој наводно не го видел ниту слушнал за него. Дојави има дека Циганот е во Солун или во Аргентина. Ние дознаваме нешто поинакво...
Ацо Боцевски - Циганот денес е виден во Скопје, и тоа во зградата на МРТВ, одделот на МВР каде што се издаваат лични карти и патни исправи. Забележан е чекајќи за својот пасош кој му бил нарачан по итна постапка. Интересно е што на сајтот на МВР стои јавна потерница по овој човек, а тој пак слободно се шета по просториите на МВР. Кој му дозволил на Ацо Боцевски да подига Македонски документи? Кој му обезбеди пристап до овие услуги? Дали Бранко Црвенковски пак ги има повлечено своите врски за овој убиец да може слободно да се шета по нашите улици? Веројатно јавноста никогаш нема да знае.
Фотографијава е земена од мониторот во просториите на МВР кој служи за повикување на граѓаните кои чекаат патни исправи по итна постапка. Ја поставам како доказ за гореспомнатото.