Јас знаеш ли што мислам? Дека ти и многу други не сфаќаат дека твојата "есенција", твојата душа, не е ништо друго туку екстремно сложена серија од стотици милијарди хемиски реакции во твоето сопствено тело. Јас потполно разбирам дека постојат луѓе на кои ако и илјада пати им кажеш дека нивните мисли, нивните емоции(љубов, страв итн...), самото нивно постоење можат да бидат набљудувани и во некои случаи променети со оглед на тоа дека тие се од физичка, материјална природа, а не од спиритуална природа- нема да го прифатат или сфатат тоа.
И стварно сум океј со тоа, веројатно како концепт не е лесен, бара како прво огромна желба да се запознаеш со својот организам, а со тоа и самиот себе.
Колку побрзо излезеш од трипот во кој што си сега, толку подобро. Не ме сфаќај погрешно немам намера да навредам никого само констатирам некои работи од сопствено искуство. Тргни ги на страна религијата, Ошо, Гурџиев и се/сите останати што се занимаваат со спиритуалност. Ќорсокак како никој друг. Такво стареење е тажно...