Дежурна Ординација! #2

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Денес случајно најдов као "топченце" на вратов, баш на линијата на косата од левата страна на вратот, околу пола цм дијаметар. Не ме болеше но од кога еден саат на ја тргнав раката од него почна да ме боли, искуства?
Имаше чичкоми вакво на челото, тоа е вид тумур, не го чепкај ќе помине :)
Глупости, каков тумор, какви бакрачи. Ако е на кожата, погледни какво е по боја и пиши тука.
Ако е под кожата веројатно е некое лимфно јазолче, ќе ти помине. Во секој случај, ако го гмечиш нормално дека ќе те боли.
 
M

Mario Gómez

Гостин

Тумур. :icon_lol:

Инаку под кожата е и баеги е тврдо. И јас мислам дека е некое лимфно јазолче, секако ќе одам на доктор после колоквиуми може да е циста некоја шо ти ја знам. :)
 
Член од
3 ноември 2012
Мислења
5
Поени од реакции
0
Здраво.

Јас имав инфекција на уринарен трак, и еден комшија кој е доктор ми препорача levofloxacin 250 mg, 2 пати на ден.

Јас ги купив антибиотиците и почнав да ги пијам 2 пати на ден, 4 апчиња. Но вториот ден започнаа да ме болат колената, отворив упатството и прочитав дека овој лек предизвикува оштетување на тетиви. Веднаш престанав да го пијам, дури го испив 5то апче и седнав да читам на интернет и кога видов дека тоа може да е одговорно за болките, веднаш отидов во ВЦ и бутнав 2 прсти во уста убаво да се исповраќам. Тоа беше некаде 40-50 мин откако се напив па не знам дали имало некој ефект.

Почнав да читам на интернет и што да видам, купишта случаи каде луѓе имале хорор приказни со овој антибиотик и мнозинство доживотни проблеми. Па се исплашив, зошто приказните се како лица по 2-3 апчиња или со само неколку дена имале веднаш проблеми. Видов дека и тужена е компанијата во САД која го прави овој антибиотик и има купишта youtube видеа со ужасни приказни, прилози на вести и слично.

Многу сум исплашен, зошто пишува дека тетивното оштетување кое го предизвикува овој антибиотик е различно од обично од физичка повреда. Неќам за 4 апчиња од 250 мг да си имам проблеми цел живот. Имам 24 год и никогаш не сум имал проблеми со колена ни со било кој зглобови.

Денес почнав да пијам вибрамицин за инфекцијата. Порано имам пиено Амоксиклав без никакви негативни ефекти. Многу малку сум пиел антибиотици во живот, дали 2-3 пати само.

Гледам да одмарам да не ги замарам колената, читав дека Витамин Ц и Магнезиум е добро да се пие, зошто антибиотици намалуваат магнезиум во телото а тој е клучен за тетиви, мускули, коски.

Има некој, некој совет? Многу сум загрижен.
 
Имам совет. Не гуглај антибиотици и не ги сфаќај трагично трите несреќни документирани случаи ;) Јас го пиев тој антибиотик повеќе од три месеца секојдневно и во повеќе наврати по 10 дена, ништо не ми е. Можеби колената те болеле од многу седење, можеби си спиел лошо... Доволна ти е таа инфекција, не ти требаат и други филмски болести ;) Ако си читал за тужбата во САД таму тужат за се и сешто. Мене ми го даваа антибиотикот германски доктори кои сигурно нема да препишуваат некој лек кој не е сигурен.
Инаку, кога земаш антибиотици не треба во исто време со антибиотикот да земаш витамин Ц и треба да пиеш јогурт (најдобро од оној со активни култури) затоа што некогаш антибиотиците знаат да направат дисбаланс на цревната флора и треба да јадеш лесна храна за да не го оптоваруваш дополнително црниот дроб.
И, сериозно, не ги сфаќај работите толку трагично, опушти се. Обичен антибиотик е, не треба да се превртиш наопаку за да се прилагодиш.
 
П

Пепси_

Гостин
Што фактор е ова подуеноста на стомакот може ли некој да објасне ? ме маче 2 дена,дури и дишењето пак ми се зафркна издишувам како ненормален.
 
Член од
3 ноември 2012
Мислења
5
Поени од реакции
0
Имам совет. Не гуглај антибиотици и не ги сфаќај трагично трите несреќни документирани случаи ;) Јас го пиев тој антибиотик повеќе од три месеца секојдневно и во повеќе наврати по 10 дена, ништо не ми е. Можеби колената те болеле од многу седење, можеби си спиел лошо... Доволна ти е таа инфекција, не ти требаат и други филмски болести ;) Ако си читал за тужбата во САД таму тужат за се и сешто. Мене ми го даваа антибиотикот германски доктори кои сигурно нема да препишуваат некој лек кој не е сигурен.
Инаку, кога земаш антибиотици не треба во исто време со антибиотикот да земаш витамин Ц и треба да пиеш јогурт (најдобро од оној со активни култури) затоа што некогаш антибиотиците знаат да направат дисбаланс на цревната флора и треба да јадеш лесна храна за да не го оптоваруваш дополнително црниот дроб.
И, сериозно, не ги сфаќај работите толку трагично, опушти се. Обичен антибиотик е, не треба да се превртиш наопаку за да се прилагодиш.
Искрено фала на советот. Разбирам дека само сакаш да помогнеш.

Јас многу пешачам, цел живот, дневно над 20 км одам пешки, зошто живеам на 2 релации во Скопје. Не се служам со кола, ни се возам по автобуси. Буквално секаде одам пешки. Тоа што го работам не бара од мене да седам ни пак дома многу седам на столче. Никогаш не сум имал проблем со колената освен кога активно трчав пред 2 год па ги повредив од замор, секој ден трчање. Затоа и ненадејно ми дојде се ова

Не сум паничар по природа. Ни во живот не сум пиел многу апчиња, скоро ич.

Овој антибиотик посебно ме засекира, зошто има купишта, купишта докази дека има штетни ефекти, се разбира не кај сите. Но во САД сега има црна етикета, која пишува дека предизвикува оштетување на тетивите. Што значи дека нивната организација која одобрува лекови, признава дека има штетно дејство на тетивите. Пример за амоксиклав и вибрамицин, не се крева некоја фама како за овој антибиотик во поглед на шетни дејства, ни приближно од тоа што можев да го видам.

Мило ми е што ти си имал позитивно искуство со овој антибиотик, но мене ми предизвика страв, зошто ваква болка кога се движам никогаш не сум почувстувал во колената и малку е интересно зошто се случува по двата два дена откако почнав да го земам антибиотикот, што е многу слично со други пријавени случаии. Јас ниту сакам да се нервирам и секирам, без потребно.

А за витамин Ц и магнезиум прочитав дека треба да се чека 4 сати по антибиотикот или 2 сати пред.
 
Сега прочитав за црната етикета. Во Германија нема никакво предупредување, но антибиотикот го даваат само при животно загрозувачки инфекции, што значи risk vs benefit односот остава место за да се прифатат тие потенцијални несакани ефекти.
Нема лек што нема несакани ефекти.секој лек доаѓа со своја цена. Ни амоксиклавот не е така безопасен, тој предизвикува тешки оштетувања на коскената срцевина.
Не знам колку била тешка твојата инфекција, но во секој случај било непрофесионално од твојот комшија доктор да ти препорача толку силен антибиотик. Доколку твојата инфекција била за левофлоксацин, сигурна сум дека би трчал кај доктор во болница сам, не би седел да се распрашуваш по комшии.
Ако сериозно имаш проблеми со колената, ако болката е толку интензивна, обрати се на доктор, има начин за справување со тоа.
Да, витамин Ц не треба да се пие заедно со антибиотикот во исто време (as in да го испиеш апчето антибиотик и веднаш после тоа да се напиеш витамин Ц или сок од портокал), треба да се почека да помине време додека да се апсорбира антибиотикот.
 
Не е толку лошо, нормално се движам. Страв ми е да не се задржи ова и да не се влоши. Купив магензиум ќе пијам 250 мг на ден, ставам топли облоги и ќе одмарам следниве неколку дена, не излагам од дома, превентивно да не шетам многу. Страв ми е што пишува дека овој тип на оштетување на тетиви се разликува од обично и може цел живот да се задржи. Не ми треба тоа за 2 дена пиење апчиња.

Сепак, кај нас треба да има вакви предупредувања за вакви лекарства кои јас ги купив во Зегин без рецепт за 300 и кусур денари. Опасно е ова.

Но сепак јас мала доза земав 4 апчиња по 250 мг, обично во САД даваат 750 мг на ден, јас 500 мг на ден земав за 2 дена и одма почнаа болки, ако е од тоа, може и ја психолошки проектирам, но додека си одев вчера надвор, одеднаш почувстував остра болка во коленото. Изненадно ми дојде и еве денес ме болат двете колена.

Иако овој антибиотик се дава прилично слободно секаде, многу од случаиите каде луѓе настрадале им бил даден за респираторни или некои други инфекции а не за некои животно загрозувачки.

Ако може да праша за што го земавте вие и мило ми е, што добро сте поминале.
 
Пиј многу течности за побрзо да се исфрлат токсините, не ги оптоварувај колената и пробај да се преокупираш со нешто друго. Немој да ме сфатиш погрешно, ја сфаќам потенцијалната сериозност на проблемот, но кога човек ќе се фокусира на едно нешто му се чини многу пострашно отколку што е.
Ги прочитав тие случаи, повеќето се во САД каде што е различен здравствениот систем и ставот на докторите, често препишуваат посилни лекови за инфекции плашејќи се од тужба ако пациентот смета дека докторот му препишал преслаб лек и го сфатил несериозно. Но, тоа е цела друга приказна.
Јас го земав како превенција од инфекции во тек на хемотерапија, како и во тек на опоравување од трансплантација на коскена срцевина, а потоа го земав по потреба кога ќе ми се појавеше инфекција со висока температура.
Искрено се надевам дека проблемите не ти се предизвикани од лекот, туку дека е нешто што брзо и лесно ќе помине.
 
Ќе пробам, благодарам што одвојувате внимание да ми дадете некој совет.

Прочитав дека антибиотици исцрпуваат магензиум во телото а тоа е потребно за тетивите. Ќе пијам тоа, само се мислам дали да продолжам со вибрамицинот или не. Уште имам така како пецкање во уринирачките канали, подобро од порано но чат пат во денот се јавува.

Не излагам од дома следниве неколку дена, ќе лежам на кревет чисто превентивно, не сакам од ваква глупост да си направам сериозен проблем.

Повторно уште еднаш, благодарам за советите, искрено.
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.805
Поени од реакции
20.146
Ај хелп плис...
Блага тахикардија ме тепа и некоја недефинирана возбуда...
чаре ??? ем ај даинг? :icon_lol:
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Ај хелп плис...
Блага тахикардија ме тепа и некоја недефинирана возбуда...
чаре ??? ем ај даинг? :icon_lol:
Кругче низ маало, па чајче од камилица. Или евентуално Персен, ако те мрзи да шеташ :)
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.805
Поени од реакции
20.146
Кругче низ маало, па чајче од камилица. Или евентуално Персен, ако те мрзи да шеташ :)
Не ме мрзи, нема кој да ги пази деците... персен а? Недела денес Алтернатиф, кај ќе нам ап тека... ќе видам ај по комшилук ак имат некој..
ту ени веј :)
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Не ме мрзи, нема кој да ги пази деците... персен а? Недела денес Алтернатиф, кај ќе нам ап тека... ќе видам ај по комшилук ак имат некој..
ту ени веј :)
Не знам во кој дел на Скопје си, Зегин Буњаковец работи 24/7. Ако не, пуштај ова и пробај да се опуштиш природњачки. :)
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Ме наболува уво...ама не е болка него одвреме на време осеќам некоја тапа болка...ме тишти:(
 
Kajgana Shop

На врв Bottom