Ентузијасти за снимање филм?

  • Креатор на темата Креатор на темата thinker
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
3 септември 2012
Мислења
127
Поени од реакции
117
Понудата се однесува на лица со актерско искуство или такви што поседуваат талент.
Звучи како шега, но накратко за што се работи.
7-8 луѓе (професионалци и полупрофесионалци) се договоривме со скромен буџет да екранизираме едно многу оригинално сценарио.
Режисерот веќе има 2 филма позади себе, едниот како додипломски, другиот како постдипломски труд на катедрата за филмска и тв режија во Софија.
Она што недостасува во моментов се повеќе актери и статисти.
 
Некое мало инфо да ни дадеш за што се работи. Филм како филм е широк поим. :)
 
Сценариото е доволно за долгометражен игран филм. Не можам да кажам дали ќе се изреализира во целост, оти тоа ќе зависи од многу фактори. Инаку, жанровски спаѓа под психолошка драма.
 
Несакам да звучам bitchy ама доста веќе од утепани психолошки драми / црни хроники каj македонскиве филмови, зошто не снимите комедиjа? Ќе внесете свежина во нашава црна кинематографиjа..
3 елементи на секоj македонски филм: смрт, погреб, голи женски
 
Млад постдипломец како што напишав во воведот, не е познат во македонската јавност. Скромниот бекграунд му е од Бугарија
--- надополнето: 2 ноември 2012 во 23:29 ---

Можеби е случајност, но не е застапен ниту еден од споменатите елементи. Немам ништо против комедијата, напротив.
Лесно е кога Министерството би издвоило средства, тогаш би била друга приказна. Во случајов се работи само за независен проект.
 
Па пиши бе накратко шо е содржината на филмот, во неколку реченици, ко на IMDB шо има објаснение... небаре овде секој втор сме кинематографи, па идејата ќе ти ја украдиме...
 
Па пиши бе накратко шо е содржината на филмот, во неколку реченици, ко на IMDB шо има објаснение... небаре овде секој втор сме кинематографи, па идејата ќе ти ја украдиме...
Работниот наслов на филмот е „Идентитети“. Дејството е поместено во временска рамка од 5 години. Дијалогот се стреми да ги долови суптилностите во меѓучовечките односи на лица кои доброволно се откажуваат од дел од својот идентитет заради конформирање. Ликовите се комплекси, но не се избрусени до детали за да оставам простор за интерпретација.Некои ќе се реализираат како личности, други не, особено не главниот машки лик на адолесцентна возраст кој целосно се откажал од сопствениот идентитет.
Филмот е наменет за конкурс за независни филмови што се финансираат од европски фонд.
 
Јас радо би ви глумела, ама не знам да глумам.
Ама ако сакате, ете, можам кафе да ви варам :D
Јас колку што сум запознаен не треба глума за женско. Согласи се за да се соблечеш пред камера, таман за македонскиов филм ќе треба голотии :D
 
Јас радо би ви глумела, ама не знам да глумам.
Ама ако сакате, ете, можам кафе да ви варам :D
Па и Лабина Митевска во „Пред дождот“ се пријави за варење кафе. Тоа не мора ништо да значи.;)
 
Јас колку што сум запознаен не треба глума за женско. Согласи се за да се соблечеш пред камера, таман за македонскиов филм ќе треба голотии :D
Не сум ја џоа Катарина, немам таква љепота :place:
 
Дали за психолошка драма се потребни драматични психопати?? :D
Ако е така тогаш трк у собрание и имаш најголема плејада актери што им нема ни приближни:D
 
Дур снимаме такви филмови кои ни ја прикажуваат реалноста ЕУ нема ни да помирисаме
 
Јас се пријавувам. Најдобро би било да направите една аудиција. Инаку, бев дел од ова, статист во Балканот не е мртов, некои улоги во самостојни драмски изведби во МКЦ/Кино Фросина, и се нафаќам, пред се за искуството и меракот, тоа ми е најважно од се.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom