Егеец-племе или Македонци од Егејскиот дел на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата dsc
  • Време на започнување Време на започнување
Проблемот е во тоа што Македонците од Егејскиот дел на Македонија за жал никогаш не беа прифатени од своите брака и сестри.Памтам како дете еден комшија на улица збореше...дојдоа,ни ги земаа становите,пензии огромни,добија се бакшиш од државата.Тогаш бев мал и ми беше чудно...Но сега можам да порачам дека никој не им ги зема становите,туку беа доделени од државата на користење,за да потоа ги откупат по нереални цени...Пензиите да точно беа големи,но никој од тие луге не се запрашал,што оставиле тие луге во својата родна грутка кога биле приморани да бегаат од наездата наречена МЕТАКСА......

Зарем тие луге не се бореа на истата страна со Титовите партизани за слобода.И сега земале големи пензии..Никој не ги праша тие луге како е да бегаш од родното огниште и знаеш дека никогаш нема да се вратиш.......

А тие приказни дека договарање имало во трособни куки,а интервју во полураспаднати бараки.....:unsure:
--- надополнето: 3 ноември 2012 во 14:50 ---

А ти од кое племе си?

Добро бе чоек 40 и кусур имаш по ова ти што кажуваш... како прв пат да слушаш за малограѓанштина. Помири се со тоа и продолжи да живееш.
Ако рекле другите така, не значи дека е вистина, а и на крај што е важно што зборат другите??
Најчесто тие што зборат многу ништо не прават.
 
Егеец е гордост и баш знам и да си го потенцирам тој дел од потеклото :D.

;).
ми ја зеде мислата
истото сакав и јас да го напишам, пред да те прочитам(y)
 
Тој став кон луѓето од Егејот, постои само овде во Македонија.Некој тип на дискриминација,а сите сме исти.И Росен Плевнелиев е по потекло од Драмско,додека во Бугарија кон луѓето од Егеј не се прави таква дискриминација.(y)Всички сме Блгари!
 
Имам другар егеец и митот за егејците дека се скржави нема врска. Тој си е "нормално" скржав како и сите. Познавам чистокрвни антички македонски патриоти кои се далеку поскржави.
Многу ми се глупи тие стереотипи овие се вакви, оние се такви, кога сите сме луге и секаде има вакви и такви без разлика на пол, вера, нација, племе, град, маало.. и сите други останати поделби.
Денес какво време е дојдено и мајка Тереза да си пак мора да се однесуваш "егејски".
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: dsc
Современиот назив „Егејци“ се однесува пред се на луѓе со потекло од Егејска Македонија, најчесто потомци на протераните нашинци од таа земја во првата половина на XX век.
До пред поделбата на Македонија немало јасна поделба помеѓу Македонците од Вардарскиот дел со Македонците од другите делови. Границите кои биле нацртани по балканските војни немале етничка, културна или јазична основа.
 
Добро бе чоек 40 и кусур имаш по ова ти што кажуваш... како прв пат да слушаш за малограѓанштина. Помири се со тоа и продолжи да живееш.
Ако рекле другите така, не значи дека е вистина, а и на крај што е важно што зборат другите??
Најчесто тие што зборат многу ништо не прават.

Абе сега кога повеќето зборуваат сигурно има нешто вистина. Настрна маките кои ги имаат поминато, што е жално и трагично ама до сега сум немал позитивни искуства од дружење со нив, одлични глумци кои што на крајот има да те изиграат да не знаеш што те снашло. Некако како неблагодарни луѓе ми гледаат. Можеби не сум погодил арен човек до сега , би требало да ги има.:unsure:
 
Циција бе циција нема нешто друго за него.​
Изгледа мешани се со власи па зато така :)
 
Циција бе циција нема нешто друго за него.​
Изгледа мешани се со власи па зато така :)
Според кои стандарди си заклучил дека се циции?Дека не те частат секој ден пиво пред кооперација или можеби не ти дале рачваста 13 на заем?По тоа ги мериш лугето?
--- надополнето: 3 ноември 2012 во 15:24 ---
Абе сега кога повеќето зборуваат сигурно има нешто вистина. Настрна маките кои ги имаат поминато, што е жално и трагично ама до сега сум немал позитивни искуства од дружење со нив, одлични глумци кои што на крајот има да те изиграат да не знаеш што те снашло. Некако како неблагодарни луѓе ми гледаат. Можеби не сум погодил арен човек до сега , би требало да ги има.:unsure:
Како си заклучил дека се неблагодарни луге?Според кои критериуми?
--- надополнето: 3 ноември 2012 во 15:28 ---
Исто како Србите од Босна така и Македонците од Егејскиот дел на Македонија не се прифатени од своите брака и сестри.....А зошто?
 
Чистокрвен егеец сум.
Ич да не се осеќаш навреден ако некој те етикетира како таков.
Биди горд на своите предци. Шегата на страна, ама никој не им е крив на малоумните што не отвориле книга или во денешно време гугл па да прочитаат нешто повеќе и остануваат затворени во една кутија каде што се што чуле за Егејците доаѓа од вицеви.
 
Вистина е дека егејците ги направиле гуштерите чувајќи дома крокодил?
 
Ептен глупав муабет. Ако егеец е племе, тогаш и битолчанец е племе кое е различно од прилепчанец, и скопјанец од кавадарчанец.
Да се карактризира една група на народ, како посебна, со своја национална,расна религиска и културна прирпадност, треба да ги исполнува некој следните услови:
-Свој јазик
-Свои обичаи
-Своја култура
-Своја религија
-Етно белези
-Населено место

Егеец, било и ќе биде назив за македонец кој живеел покрај бело море.
 
Според кои стандарди си заклучил дека се циции?Дека не те частат секој ден пиво пред кооперација или можеби не ти дале рачваста 13 на заем?По тоа ги мериш лугето?

Не само што треба да ги частиш пиво пред кооперација, туку очигледно треба и да им ја дадеш цела плата на први и они после ќе ти кажуваат колку и на што да трошиш.

Ужасно ме нервира менталитетот на овие простори. Луѓето премногу си даваат за право да се мешаат во туѓи манџи. Ако трошиш си расипикуќа и параспур или сигурно од негде си ги украл парите, ако си скромен тогаш си циција. Ќе те оговараат и вака и така, пошо очигледно немаат попаметна работа.
 
Вистина е дека егејците ги направиле гуштерите чувајќи дома крокодил?
Да бе вистина е....А знаеш како настанал пекинезерот а?Му дале шарпланинец на Тетовчанец за поклон:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 
Циција бе циција нема нешто друго за него.​
Изгледа мешани се со власи па зато така :)
Поретардиран пост оддамна немам прочитано.

Јас сум егеец по потекло,и познавам многу егејци,нема врска тоа дека се скржави,може е глупо ама ни сам не се сметам за скржав,секогаш кога сум имал сум давал и сум делел со друштво.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom