Лесна заработка преку eBay и PayPal Dropshipping

Член од
1 мај 2008
Мислења
89
Поени од реакции
47
Вака сега... активен член бев до пред некој месец на eBay и PayPal.
Не знам колку од вас се запознаени со терминот Dropshipping.
На eBay многу се користи.
Во наш превод значи: Продавање на интернет со заработка без физички да ја имате стоката.
Е сега, блокиран сум од eBay неколку пати и кога и да пробам да продавам, некако ми ги сврзуваат информациите за мене или за моите блиски.
Па затоа нудам на тој што сака да заработи пари на eBay. Заработката се движи во зависност од артиклите од 20-40% (што никој на интернет не ви го нуди, најмогу се движи до 20%, ама да не заборавите дека имате 10% трошоци на eBay и 3,9% на PayPal).
Значи принципот на Dropshipping е следно:
Активните корисници на eBay и PayPal кој имаат активни кориснички сметки за продавање, продаваат артикли од мене. Вие ги листате производите на eBay и по остварената продажба вашата работа е завршена.
Јас се грижам за испораката на артиклите до корисниците, со што вие добивате процент од продажбата. Значи од почеток вие немате никаков трошок за купување на производи, ни ви требаат пари за поштарина. Откако ќе се продаде артиклот, вие го уплаќате остатокот од процентот на моја сметка и јас истиот ден го праќам артиклот на купувачот и ви праќам број за пратење на пратката (секоја пратка што ја праќам е “препорачана“ без можност од крадење или губење).
Јас користев принцип на аукција што се испостави дека е попрофитабилен од Buy It Now принципот. Ако има некој заинтересиран за оваа тема, можеме да подискутираме поопширно.
 
acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
А како да ти веруваме тебе? Ако сакаш да тргуваш, бујрум со лична карта, матичен и остали џинџулиња. Вака личиш на манипулатор, и тешко дека темава ќе ти преживее 24 часа!
 
Член од
23 април 2012
Мислења
107
Поени од реакции
37

aj preku PP da prodiskutirame
 
Член од
1 мај 2008
Мислења
89
Поени од реакции
47
А како да ти веруваме тебе? Ако сакаш да тргуваш, бујрум со лична карта, матичен и остали џинџулиња. Вака личиш на манипулатор, и тешко дека темава ќе ти преживее 24 часа!
Како забележа дека сум манипулатор???
Отвори гугл и напиши dropshipping па ќе видиш колку луѓе го користат овој начин.
А + не реков дека ќе работиме на принципот дај парите па после сликај се.
Само треба малку ризик и мад**а.
+ При префрлување на пари на моја сметка ти ќе го имаш моето име и презиме, така да можиш во секое време да ме најдиш.
Еве ти и доказ како работев јас до пред некој месец.
 
Attachments

Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
...епа ако си работел по правила зошто те изблокирале????
логика????
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184

Затоа што eBay не дозволува продажба од Македонија на нивните веб страни, исто како што Пејпал не дозволува да се регистрираат корисници од Македонија ама пак се регистрираат. Мене ме блокираа на eBay поради ова. Ако те фатат дека си од Македонија одма те блокираат секаде.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031

Како мене ми дозволува ебеј да продавам од македонија? И не ме блокира. Дури и ми праќа реклами како подобро да ги продавам производите.
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
140
Поени од реакции
24

Како ги примаш парите кога ке продадеш нешто ?
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
97
Поени од реакции
21

ако можеш да ми објасниш како функционира ебеј имам некои производи за продажба од затворен дукан или ако сакаш преку тебе да ги продавам
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Како мене ми дозволува ебеј да продавам од македонија? И не ме блокира. Дури и ми праќа реклами како подобро да ги продавам производите.
Ретки се таквите случаи како тебе, поголемиот дел ги блокираат. Јас можев да купувам од eBay што сакам и поштарот дома до врата ми го носеше, ама кога се обидов да го продадам стариот лаптоп не поминаа ни 5 минути и ми го суспендираа eBay акаунтот. PayPal акаунтот уште ми работи и можам да го поврзам со нов eBay акаунт ама моментално немам потреба.
--- надополнето: 3 ноември 2012 во 15:20 ---
Како ги примаш парите кога ке продадеш нешто ?
Ти стигаат прво на Пејпал парите па после од таму ти си ги повлекуваш на картичката што ти е поврзана со Пејпал акаунтот и за една недела одиш и ги вадиш од шалтер во банката.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Е сега, блокиран сум од eBay неколку пати и кога и да пробам да продавам, некако ми ги сврзуваат информациите за мене или за моите блиски.
Па затоа нудам на тој што сака да заработи пари на eBay. .
значи ова нема врска со Македонија туку со лице кои ги прекршило правилата на тргување (неиспорака на стока, погрешна стока и сично)
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
ако можеш да ми објасниш како функционира ебеј имам некои производи за продажба од затворен дукан или ако сакаш преку тебе да ги продавам
Што поточно си имал во дуќанот? Ибеј зима 11% провизија на секој продаден артикал. Како почетник можеш месечно максимално да продадеш 10 артикли или максимум 500$. Ако се покажеш како добар продавач после 3 месеци ти го зголемуваат лимитот. Шипингот треба да го ирачунаш.
 
Член од
1 мај 2008
Мислења
89
Поени од реакции
47
...епа ако си работел по правила зошто те изблокирале????
логика????
Епа вака друже... Пред 2 години, јас и другар ми си порачавме УСБ-ина од Кина. Демек Кингстон. Ко ги добивме УСБ-ината, немаа врска со тоа што го порачавме. Беа паковани од 8, 16 и 32 ГБ. Кога ќе ги отвориш од копмјутер, капацитетот му беше колку што пиши на него. Ама кога ќе пробаш да снимиш нешто, реално немаше ни 1 ГБ капацитет. Беа платени со Western Union, така да се збогувавме со парината а и незгодно беше да ги продавам на луѓе што ги знам во МК. Така си рековме да пробаме да ги дајме пошто-зашто на eBay колку да ги земиме парите што ги дадовме.
Продадовме 2 УСБ-ина и по 2 дена стигна честитка од eBay со црвени букви. Е сега не е проблемот што продаваме на eBay, ама тие ти велат дека треба да доставиш податоци за личен идентитет и адреса.
Е сега кај да му нацртам јас пасош словенски со македонска адреса???
Бидна шо бидна, УСБ-ината ми дремат уште дома.
Пред 7-8 месеци, сакав да продавам пак нешто на eBay, ама сега роба што ја продавам на дуќан.
Не помина ни 5-6 саати и одма ме блокираја. По 2 месеци пак пробав со нов акаунт, пак ме блокираја.
Значи полисата на eBay ти гласи дека не смееш да отвораш нов акаунт ако имаш стар блокиран. Не знам колку од вас барем малку имаат прочитано од неа, јас од мака ја знам многу добро. eBay има совршен систем за детектирање на такви како мене. Има преку 1000 начини на кој можат да те поврзат со старите блокирани акаунти. Исто име, презиме, адреса, IP адреса, MAC адреса на LAN картичка, сериски број на HDD, User name на компјутерот, исти PayPal поврзан со повеќе eBay акаунти, итн итн.........
Значи шо велат американците A State Of The Art Tehcnology. Преку глава ми е со отворање нови акаунти, полнење со feedback и сето тоа за џабе.
И колку за информација, arakenx прочитај барем дел од User Agreement на PayPal или eBay, и ќе ти стани јасно за што се можат да те блокираат.
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
140
Поени од реакции
24
Епа тоа е цела работа...еве имам и јас Ebay i Paypal купувам ,ама ми е страв да почнам да продавам и да примам пари ..
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
97
Поени од реакции
21
Што поточно си имал во дуќанот? Ибеј зима 11% провизија на секој продаден артикал. Како почетник можеш месечно максимално да продадеш 10 артикли или максимум 500$. Ако се покажеш како добар продавач после 3 месеци ти го зголемуваат лимитот. Шипингот треба да го ирачунаш.
имав накит од нержчувашки челик и часовници
 
Kajgana Shop

На врв Bottom