Шампионот на Македонија би можел директно во Лигата на шампионите?

  • Креатор на темата Креатор на темата Толстој
  • Време на започнување Време на започнување
Значи пак ќе прашам, кој ќе биде тогаш престижот да играш во ЛШ? Затоа нема шанси на вакво нешто да се согласат тие Г8 или па Г12 ли беа клубови, и ќе си формираат своја лига која сите ќе ја гледаат 3х пати повеќе од ова турнирчево.
 
Да се формира втор круг на групи,Тоа му е мајката.Знам дека се повеќе натпревари ама пак ќе има утакмици за паметење кога некоја група би била на пример Барселона,Челзи,Баерн,Јувентус.Многу беше по интересна лигата на шампионите пред едно 10 сезони додека сеуште се практикуваше ваквиот формат.
 
Не е лоша идеава, незнам зошто толку негативни коментари. Нека ја прошират лигата на 64 екипи, тие 64 нека се поделат по групи и најдобрите 2 идат даље. После ова ете ти пак 32 екипи и пак поделба по групи како што е сега. Позитивно од ова е за малите земји ко нашава да дојде некој посилен клуб годишно да зголеми интерес за фудбал. Исто и клубовите од послабите лиги ке зајакнат, место некој наш играч да игра во просечен клуб од холандска лига, ке игра во Вардар со тоа што би имал мотив да се докаже во ЛШ. И финансиски ке зајакнат, ке бидат интересни за потенцијалните инвеститори фирми да вложуваат во клубовите од послабите лиги, затоа што нивната реклама ке ја видат милиони гледачи.,,,така да мене ми се допаѓа предлогов.
 
Значи пак ќе прашам, кој ќе биде тогаш престижот да играш во ЛШ? Затоа нема шанси на вакво нешто да се согласат тие Г8 или па Г12 ли беа клубови, и ќе си формираат своја лига која сите ќе ја гледаат 3х пати повеќе од ова турнирчево.
епа освојувањето на турнирот :) абе не ве разбирам што ви е :cautious: на крајот ипак само кремот ке остане
 
Како уште можете фудбал да гледате моментално фудбалот е најкорупиран спорт и нај срање,не е тоа што беше порано сега е се политика и цело време се местат натпревари
 
епа освојувањето на турнирот :) абе не ве разбирам што ви е :cautious: на крајот ипак само кремот ке остане
И играње на 200 утакмици во сезоната? Човечкото тело не е семоќно :) убаво пиша некој, ќе видите тек тогаш кога ќе почнат да се комираат.
 
И играње на 200 утакмици во сезоната? Човечкото тело не е семоќно :) убаво пиша некој, ќе видите тек тогаш кога ќе почнат да се комираат.
200 или само 2плус м? ај размисли па пиши ми :)
 
И играње на 200 утакмици во сезоната? Човечкото тело не е семоќно :) убаво пиша некој, ќе видите тек тогаш кога ќе почнат да се комираат.
Плус 2 ќе се играат, ако стигне екипата до финале. Само 1/16 финалето ќе е плус. :)
Како и да е, некој спомена поназад веќе ни групите овие што се моментално не се толку атрактивни, фалат некои клубови, ама пак и од источните земји почнаа веќе со вложувања и не треба да не чуди веќе тоа што некои нови клубови ќе се појавуваат т.е не толку експонирани како Барса, Јунајтед и други.
За пусти пари..
 
И играње на 200 утакмици во сезоната? Човечкото тело не е семоќно :) убаво пиша некој, ќе видите тек тогаш кога ќе почнат да се комираат.
Место тимовите да играат квалификации за влез во ЛШ, сега само ке се направат промени во системот, а бројот на натпревари ке биде ист ко сега. Исто големите клубови место да одат по Кина или Бразил да играат пријателски во тој период за да задржат форма, би требало и ним да им одговара ова.
 
Абе и една и две да се.. пак е замарање. Што ако некој клучен играч се повреди на баш таа утакмица со некој ботски тим? Поголема ќе е штетата од некое илјадарче на Платини и Блатер.
Ниту еден клуб нема да се согласи на вакво нешто, и така веќе сезоните се предолги ако се вклучат и еп/сп/копа, лои... на пример Премиер Лигата нема зимски одмор. Кој англиски клуб ќе се согласи на ова? Па ни Барса нема да се согласи, оставете го овој Сандро што треска глупости. Само ќе придонесе ова нешто во раѓање на фаци ко Мамиќ и компанија. Знам дека на сите ви се гледаат утакмици ама друга е реалноста. ЛШ е ЛШ, елитно натпреварување, а не "играј кој стигне"
 
Порано беше Куп на Шампиони, и играа сите победници на државните шампионати. На тој начин богатите клубови беа многу помалку фаворизирани, и јазот не беше толку голем. Огромниот јаз во квалитет, углед и ПАРИ се создаде по формирањето на Лигата на шампиони.

Една Звезда, или една Стеауа го освојуваа Купт на шампиони. Од денешен аспект, звучи како научна фантастика сега такви екипи од источна Европа да ја освојат лигата на чампиони.
 
И играње на 200 утакмици во сезоната? Човечкото тело не е семоќно :) убаво пиша некој, ќе видите тек тогаш кога ќе почнат да се комираат.
Toa e проблемот, колку и да си физички спремен невозможно е да се игра на повеќе фронтови. Обврски кон лига, обврски кон продолжена лига на шампиони, обврски во купот, обврски кон репрезентација. Срце е напор не издржува. Нека ни текне на сите што се случува после Фифа вирусот со какви проблеми се соочува секој тим а не пак со збиен распоред и продолжено натпреварување. Ова што го збори Росел е утопија.
 
Добри сме ние генерација ЛШ. Порано било КЕШ па со години траело тоа и било квалитетно и вистинско натпреварување на шампиони. Баш овој формат што е сега е за да се млати пари повеќе и со овој формат се формираа кланови на богати клубови.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom