Камери на шалтерите во болниците и амбулантите

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување

Како го оценувате проектов ?

  • Позитивно

    Гласови: 36 70,6%
  • Негативно

    Гласови: 10 19,6%
  • Не знам..

    Гласови: 5 9,8%

  • Вкупно гласачи
    51
М

Мартин`

Гостин
Пред и во 150 шалтери во 72 здравствени установи и пред амбулантите ќе бидат поставени камери. Станува збор за преинсталирање на веќе инсталирани камери. Ова е проект на Министерството за здравство, кој ќе стартува од 1 февруари, a е изготвен врз основа на резултатите од направените истражувањата кои покажаа изразено незадоволство на пациентите поради времето на чекање пред шалтерите. Проектот денеска на прес-конференција го презентираше министерот за здравство Никола Тодоров кој рече дека целта на проектот е подобрување на задоволството на пациентите од работата на шалтерските работници.

Тој рече дека проектот ќе биде составен дел од измените на Законот за здравствена заштита и оти на последната седница на Владата е утврден како текст и ќе биде испратен во Собранието. Согласно текстот на Предлог законот, посочи Тодоров, се предвидува во секоја јавна здравствена установа пред и во шалтерот, како и пред амбулантите да бидат инсталирани камери на кои ќе има увид Министерството. Изминатиот прериод од Министерството беа инсталирани над 1.000 камери во сите јавни здравствени установи. Министерството денеска промовира проект кој се однесува на искористување на овие камери. Направи анализи и истражувања од страна на реномирана куќа која врски социолошки истражувања. Истражувањата покажаа изразено незадоволство на пациентите поради времето на чекање пред шалтерите, рече Тодоров.
Во последната анкета, укажа тој, на прашањето „Дали за задоволни од времето на чекање“, над 50 проценти дале одговор дека не се задоволни од повеќе клиники и општи болници. На прашањето „Генерално дали сте задоволни од односот на шатерските службеници“, „со воопшто незадоволен“ во повеќе клиники одговориле над 30 проценти од граѓаните.
- Ова е сериозен импликатор дека Министерството мора да преземе сериозни мерки за надминување на овој проблем. Новина е што Министерството ќе набави еден т.н.крауд менаџмент софтвер кој автоматски ќе препознава секогаш кога пред определен шалтер има определена метеж и за тоа веднаш ќе бидат алармирани лицата кои ќе работат на овој систем по што ќе следи испраќање на СМС порака на директорот на ЈЗУ дека на тој шалтер има метеж, истакна Тодоров.

Посочи дека во секој шалтер ќе биде инсталиран телефон од кој не ќе може да се врти и на кој, во случај доколку се појави метеж на шалтерот и ако системот алармира, специјално овластени лица од Кабинетот на министерот за здравство ќе направат телефонски разговор со шалтерскиот работник и ќе го предупредат дека на шалтерот има турканици, а исто така ќе разговараат и со директорот на ЈЗУ. Претходно планираме да имаме пилот проект во Градската општа болница „8 Септември“ преку инсталирање на ваков тип уреди. Очекуваме дека на овој начин ќе се зголеми задоволството на граѓаните од работата на јавните здравствени установи, додаде министерот.

Што мислите за идејава/проектот добар е или не ? Лично од мене проектов има голем плус.. време е да се воведе поголема контрола на оние што работат на шалтерите и обично работното време си го скратуваат самоволно со поголеми паузи и некои сосема трети работи.

Се надевам и во образованието на државните факултети ќе се воведат вакви работи (пр. на шалтерите на студентски прашања).
 
Океј си е проектот, нека си се снима, да се види кои службенички пијат кафе среде работно време. Замерка имам на ѕвонењето со телефон, пошто кај нас не се само невоспитани тие позади шалтерот, невоспитани се тие и пред шалтерот.
И втора работа, ако се открие дека си има гужва нонстоп, не да се опоменува работникот, или директорот, туку да се опомене министерот, и да дозволи повеќе вработувања каде што е потребно, неможе на еден шалтер 200 луѓе да се сервисираат. А ја мислам и гужвата иде од таму, да си има повеќе шалтери ќе ја нема и ќе нема потреба од камери.

Само па ќе кажам секој обид да се реши проблемот е 1000 пати подобар отколку да се молчи за него.
 
Често сме сведоци дека од 3 можни шалтери, 1 работи.
Не е вистина најчесто дека нема кој да биде на 2 и 3, туку тие двајца или уште едниот се акаат, имаат 3 саати пауза итн.
Искрено, од мое искуство барем, гужваници има најмногу ради мрзата на тие на шалтер, а не ради ,,премногу,, луѓе.
 
Со поставување на камери, со прислушкувања, со казнувања и сл. методи не се постигнува ништо луѓе ........... во кој век живееме аллооо ........... нели е демократија ........ или што е !
Треба да постои свест кај народот т.е. кај тие слепците таму кои седат зад шалтерите, свест дека треба да работат, дека од тоа работно место земаат плата ......... лошо е тоа што постојат и совесни работници кои редовни си се на работните места, но и тие страдаат поради оние несовесни вработени кои по цел ден ги нема, користат 20 кафе паузи во денот, си дремат по кафани, излегуваат од работните места, си одат на шопинг низ град, до банка, до продавница, до пазар, си тераат лични работи ............ знам дека во администрацијата 20% од вработените совесни се и редовни на работните места, но 80% се тешка џаболебарија и клатај-врати земај-плати ........... Социјалистичка оставштина ЈБГ ......... таа јавна администација ни ѓаволот не може да ја оправи, а не па Грујо, Бранко и сл. ............. потребна е свест кај луѓето т.е. кај вработените дека треба да работат, затоа и одат на работа и за тоа земаат плати, но знаат дека и без многу работа ќе си земат редовно плата и затоа се сите збрки, секако оние 20% совесни вработени и нивниот дел од работата ќе го покријат и на крај ќе си земат сите иста плата .......... али ајт не ми се збори :tapp:
 
Уште на секој шалтер да стават вработен супер ќе биде, а не 20 души да чекаат на еден шалтер. Ова не важи само за болниците туку секаде!
 
Со поставување на камери, со прислушкувања, со казнувања и сл. методи не се постигнува ништо луѓе ........... во кој век живееме аллооо ........... нели е демократија ........ или што е
мм па баш казните и санкциите го сведуваат општеството на цивилизирано општество, а не човековиот морал (по тој принцип (казни и санкции) работат сите развиени земји). Еве како најпрост пример ќе го земам користењето на заштитниот каиш при возење, значи каишот постои за да те заштити Тебе, но ете човекот од своја перспектива не го гледа тоа како потребно (како ај, што дека нема да ставам каиш), па властите мора да те натераат да го користиш за Твоја безбедност - преку тие наведени казни.
Така и ова е случајот, треба да те "надгледуваат" за да го работиш тоа за што си наменет и имаш склучено договор да го работиш...

Иначе за проектов (y)
 
Не, туку треба човековата свест да работи, кога можам јас да бидам на моето работно место цел ден(8ч), може и Петко и Станко и Јанко .......... и не немора никој да ме надгледува, со стап и со камшик не се средуваат работите, потребна е свест кај вработените ама каде ли фатила таа свест !
А што се однесува до кајшот во автомобилите, кајшот го олеснува возењето и ти го држи трупот стабилен, секој што вози знае дека е така ............ значи и за тоа не се потребни казни, туку секој што има малку акал знае дека тој кајш го држи стабилен при возењето, а со тоа и безбедноста му е поголема .................... треба луѓето од мали деца да се учат на етика, морал и свест ............ додека пак со казни, надгледувања, прислушкувања и сл. методи не се постигнува ништо .............. е сега тоа што администрацијата ни се 80% легачи, тоа не е баш од вчера, туку така се научени уште од она време клатај врата-земај плата ......... тој што работи ќе работи и со и без камери над него, а тој што сака да се заебава на работа ни триста камери нема да го доведат во ред !
 
Не е точно. Земи ги за пример одредените општествени структури од Македонија. Кај нас се дива орда, кога ќе отидат во Германија, Белгија, Швајцарија се мирни како бубачиња. Зошто? Затоа што таму ако се однесуваат како животни ќе им залепат казна. Ако апелираш на човековата свест и неговиот морал тоа никаде нема да те одведе. Ретко кој е доволно морален за сам да го прави тоа без да биде условен од нешто. Делумно си во право, имам разговарано со Германци и со Швеѓани, тие од мали нозе се воспитани така и кај нив е всадено дека ете, на пример, треба да стават каиш во кола или мора да работат како што треба, но во корен на сето тоа е пак - стравот од казната. Ама да не расправаме морал на темава.
Добар потег се камерите, колку за шалтерџиите, толку и за неандерталците што знаат да се најдат од другата страна на шалтерите.
 
Не е точно. Земи ги за пример одредените општествени структури од Македонија. Кај нас се дива орда, кога ќе отидат во Германија, Белгија, Швајцарија се мирни како бубачиња. Зошто? Затоа што таму ако се однесуваат како животни ќе им залепат казна. Ако апелираш на човековата свест и неговиот морал тоа никаде нема да те одведе. Ретко кој е доволно морален за сам да го прави тоа без да биде условен од нешто. Ама да не расправаме морал на темава.
Добар потег се камерите, ама колку за шалтерџиите, толку и за неандерталците што знаат да се најдат од другата страна на шалтерите.
Таму ќе им залепат казна и казната ќе е казна и ќе е отслужена.Овде ако залепат казна огромни се шансите да ја избегнат на ваков или онаков начин.
 
Таму ќе им залепат казна и казната ќе е казна и ќе е отслужена.Овде ако залепат казна огромни се шансите да ја избегнат на ваков или онаков начин.
Па да, точно така, тоа ти е тој наш балкански магичен круг што уште од турско не држи, а веројатно никогаш нема да се смени. Менталитетот ни е таков, и никој не прави ништо да се смени. Од корен е се зезнато и затоа функционираме така како што функционираме. Треба да се најде некој јунак да пресече, ама нашиве изгледа сите отидоа на work&travel...
 
Не е точно. Земи ги за пример одредените општествени структури од Македонија. Кај нас се дива орда, кога ќе отидат во Германија, Белгија, Швајцарија се мирни како бубачиња. Зошто? Затоа што таму ако се однесуваат како животни ќе им залепат казна. Ако апелираш на човековата свест и неговиот морал тоа никаде нема да те одведе. Ретко кој е доволно морален за сам да го прави тоа без да биде условен од нешто. Делумно си во право, имам разговарано со Германци и со Швеѓани, тие од мали нозе се воспитани така и кај нив е всадено дека ете, на пример, треба да стават каиш во кола или мора да работат како што треба, но во корен на сето тоа е пак - стравот од казната. Ама да не расправаме морал на темава.
Добар потег се камерите, колку за шалтерџиите, толку и за неандерталците што знаат да се најдат од другата страна на шалтерите.

ОК и казни и правила си требаат(за секој случај нели), но сепак потребна е и свеста да работи кај луѓето .......... ама дете се учи, вол не се учи ............... ај земи човек од 40/50/60 год. учи го на нешто ново, не се учи, но дете од 5/10 год. ите-како се учи !
Инаку што се однесува до неандерталикусите ............ види во секоја нација постојат и вредни луѓе(пчели), но постојат и оси и стршлени ........... позитивитетите и негативитетите не познаваат ниту нации, ниту религии... кој сака да работи ќе работи, кој сака да се заебава и да неработи не постои сила што може да го натера да фати работа, веќе 5 години работам и сум сретнал секакви луѓе(колеги) и вредни, но и луѓе кои и триста бенефиции да им се дадат пак не ти фаќаат ништо, значи сума сумарум пак се си зависи до човекот ............... како викаат старите домаќинлукот се учи уште на млади години, а не на 30/40/50/60... год. !
 
Па да, точно така, тоа ти е тој наш балкански магичен круг што уште од турско не држи, а веројатно никогаш нема да се смени. Менталитетот ни е таков, и никој не прави ништо да се смени. Од корен е се зезнато и затоа функционираме така како што функционираме. Треба да се најде некој јунак да пресече, ама нашиве изгледа сите отидоа на work&travel...
Кај нас ако некој сече од корен тогаш губи следни избори.Реформите се болни и носат негативни резултати секогаш по гласачкото тело, затоа и никој несака да ги спроведува.Може да плукаме колку сакаме, но Груевски смени многу работи од корен тука на позитивно.Раздрмана е цела администрација, јавно здравство, образование и ред други работи и кога одиш да те услужат сите трчаат по ред.Треба време, но се менува на позитивно.Најголема рана во општеството и ден денес е партизацијата на институциите и вработување неадекватни кадри по партиска припадност.Тука Груевски во ништо не се разликува од останататите.На тоа поле сме дно.
 
Не се секогаш криви ни луѓето по шалтерите, па премногу работи треба да испозапишат, те на компјутер, те во една апликација, те во друга, па во лекарскиот дневник... Сега пред некој ден го носев детето на стоматологија, 10 мин му го поправаа забот, 20 мин чекав да испозапишат се и да ми дадат потврда, фискална... Им имаа инсталирано нова апликација, па додека се испологираа, дури изнапишаа, дури ми ги испечатија сите ливчиња...
 
Му се смеевме на хитлера, сталина...а не сме ни поарни од нив :icon_mrgr:
 
Back
На врв Bottom