- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 10.686
- Поени од реакции
- 11.917
Пратеникот во британскиот парламент од редовите на Лабуристичката Партија на Велика Британија, Денис Мекшејн, е суспендиран на 12 месеци од својата пратеничка функција во британскиот Парламент поради лажни фактури.
За оние кои не знаеле или заборавиле, Денис Мекшејн и е познат на македонската јавност како британскиот Министер за Европа во лабуристичката влада на Велика Британија на чело со Тони Блер во периодот од 2002 до 2005 година, кој во 2004 година пред македонскиот Парламент мудруваше и филозофираше со својот рачен часовник, велејќи дека доколку Македонците излезат и гласаат на референдумот за територијалната организација на локалната самоуправа во ноември 2004 и гласаат за задржување на старата територијална организација на локалната самоуправа во Република Македонија, тогаш часовникот за Македонија ќе се врати назад, а доколку Македонците воопшто не излезат да гласаат на референдумот, или доколку гласаат против задржување на старата територијална организација на локалната самоуправа, тогаш часовникот за Македонија ќе продолжи напред.
Македонците го послушаа советот на Мекшејн и го бојкотираа референдумот во ноември 2004, со што истиот заврши неуспешно, по што на сила стапи новата територијална организација на локалната самоуправа, која наместо по економски и социјални граници, е проектирана по етнички граници, а негативните последици од ваквата територијална организација на локалната самоуправа до денешен ден се чувствуваат - преименување на училишта, улици, мостови со имиња на балисти и соработници на фашистите и на нацистите за време на Втората Светска Војна, величење на идеолози за Голема Албанија и сето тоа платено со народни пари и ред други негативни последици од ваквата територијална организација на локалната самоуправа кои до денешен ден се чувствуваат.
Но сега кога Мекшејн е суспендиран од својата пратеничка функција во британскиот Парламент, а и неговото членство во Лабуристичката Партија на Велика Британија исто така е суспендирано, но сепак во меѓувреме Македонците плачат и кукаат по ЕУ, следува прашањето:
Дали Македонците се свесни чии совети следат и прифаќаат ?
http://www.24vesti.com.mk/britanski-pratenik-suspendiran-edna-godina-od-parlamentot-za-„lazhni-fakturi“
Британски пратеник суспендиран една година од Парламентот за „лажни фактури“

02.11.2012 | 14:38
Пратеникот на британската лабуристичка партија Денис Мекшејн, е суспендиран денеска од пратеничката функција во Парламентот, во период од 12 месеци, со одлука на парламентарната комисија за стандрад.
![]()
Мекшејн кој е поранешен министер за Европа, во Владата на Тони Блер, се наоѓаше под истрага, откако беше осомничен дека предал за наплата од на сметки со 19 „лажни фактури“, прикажувајќи ги како трошоци што ги направил работејќи како пратеник.
Случајот на овој пратеник е последниот во низата вакви примери што се открија во летото 2009 година, меѓу пратениците во Парламентот, предизвикувајќи ја аферата со пратеничките трошоци. Неколкумина лабуристички пратеници беа осудени на затвориски казни, откако беа обвинети за измама, а беше осуден и еден поранешен член на Горниот дом на Парламентот, од редовите на конзервативната партија.
Мексејн кој се бранеше дека не сторил ништо лошо и незаконски, изјави денеска оти е „шокиран и тажен“ поради решението за едногодишна суспензија како пратеник во Вестминстер. Тој призна дека ќе ја преиспита својата ситуација, по што најверојатно засекогаш ќе ја напушти политиката.
Денеис Мекшејн кој важеше за „блерист“ во долгата лабурситичка делба на приврезеници на Блер и Гордон Браун, е суспендиран и од лабуристичката партија. Додека траеше истрагата за неговиот случај, во Парламентот дејствуваше како независен пратеник.