Што мислите за Dell и Asus лаптоп-ите?

  • Креатор на темата Креатор на темата stk
  • Време на започнување Време на започнување

stk

Programmer
Член од
15 ноември 2009
Мислења
26
Поени од реакции
3
Здраво,

Ве молам да ми кажете што мислите за Dell и Asus лаптоп-ите. Доколку сте користеле еден од нив, ве молам споделете искуство.


Поздрав :)
 
Dell и HP се поим за квалитет, после идат маркиве како асус,тошиба,acer и остали.
 
штом на делл даваат по 5 години гаранција има нешто што се вика квалитет користам НР 4 години уште жив ;)
 
Никогаш не се споредува бренд со бренд, него модел со модел.

Пример, HP прави модел од 250 евра, дали тој модел ќе биде подобар од некој на Acer од 1000 евра? значи наведи ги двата модела и ќе ти кажеме кој е подобар избор.
 
Во последните години АСУС најмалку се расипува според некои статистики... ДЕЛЛ не се тоа што беа порано... Посочи за кои модели конкретно си заинтересиран...
 
Година време користам нетбук Dell inspiron mini и сум презадоволен.
Го платив едвај 200 евра, а добив гаранција од 3 години. Па тоа го нема ни у земја Немачка :D
 
Asus имам, к73 серија, супер, батерија исто држи
 
Имам Dell Inspiron N5110 4 месеци и сум презадоволен од него. Одличен е за се, дури и гејминг, иако е малку ризично бидејќи малце загрева и дига температура до кај 80 степени ама баш утре планирав да одам и да разгледам какви кулинг падови има па ако некој што добро пасува со овој модел на Dell ќе си купам.
 
Dell и HP се поим за квалитет, после идат маркиве како асус,тошиба,acer и остали.

Касниш малце... Asus моментално на пазарот имаат најквалитетни лаптопи, според многумина на интернет. Пред тоа се Apple, али они паѓаат од листата заради што се премногу скапи.
 
Јас користам Асус, и сум задоволен, не загрева многу, дизјанот и квалитетот на изработка на самиот склоп на лаптоп е феноменален, се е скоцкано и не мрда, не знам што друго да ти кажам, за ДЕЛ не знам, но многу зависи моделот на лаптоп.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom