Имам еден проблем, што не ми дава мир! Минатата сабота, од добро стоење започнав да осеќам некои ептен мали болки, пецкања во долниот дел на десниот абдомен. Потоа, тие болки како новогодишни сијалички се префрлуваа де околу папокот, де во најдолниот дел, де малку подоле од папукот, дури и под ребрата на десната страна, па и на левата страна околу папукот по малку, а можам да кажам дека осетив и болки и кај желудникот. Се притискам таму воопшто не ме боли. Веднаш заминав кај матичниот, и тој ме фаќа - болки нема. Крв проверив и мокрача, леукоцитете, се е во ред (бидејќи сомневам за слео црево). Докторот ми вели немаш симптоми за слепо црево и ми даде Б-комплекс да пијам. Но, она што ме загрижува е тоа што болките не прекинаа сеуште (сега на допир како да ме боли малку, но си велам дека тоа е можеби премногу шо се притискав на секоето за проверка или шозз...) и оваа десната нога. Не дека досега ми се укочила, но како да ја осеќам како поздрвена од левата. Понекогаш имам чувство како некој да ме стега за горниот мускул, понекогаш кај долниот, секогаш различно... Од останатите симптоми за слепо црево во текот на оваа недела ноту еден не се појави (фала богу). Значи, немам ниту мачнина, ниту повраќам, апетитот ми е во ред, и шо е најважно столицата ми е нормална повеќе од кога и да било (ако некогаш можев да одам само еднаш во денот, овие дена можам да одам два, дури и три пати). Го молам тој шо може да ме сфати да ми каже нешто, зошто навистина веќе неммам мирен сон. Првите два дена откако се појави оваа работа, бев приморан са заспивам со апчиња за спиење, инаку би полудил. Многу ми е страв од операции, тоа за мене е најголемиот хорор. Кажете ми некое решение, совети, искуство споделете... :///