Ништо не ти сугерирам, само си го кажав моето лично мислење, ти си знаеш !
Куќите се далеку потешки за одржување, за разлика од едно станче од 60/70м2 ........... паркираш кола пред зграда и си се качуваш во стан и толку(газда човек) ........ а во куќа треба секој викенд метлата, косилката, цревото ......... да измиеш тераси, да изметеш и измиеш дворни стази, да искосиш трева, искастриш бршлен, да искастриш лозниците, да испрскаш лозниците, па да береш грозје, исто и другите овошки, прскање, кастрење, собирање плодови, да средиш градината(цвеќиња, борчиња, овошни дрвца...) .......... кровот бил стар па ајде да го реновираш, оградата била стара па ајде рушење и нова, цементото околу куќа(стазите) испукале па ајде кршење и наново бетонирање, фасадата остарела и на ништо не личи, па ајде јово на ново ......... ако отидеш на одмор некаде 2-3 недели или пак ако си претерано зафатен со работа за тој период пред куќа, а особено зад куќа ќе стане џунгла од трева и разно-разни грмушки... јас живеам во куќа(приземје+спрат) + дворно место 500м2 на периферија од СК и сите овие работи гореспомнати ги работиме сами јас и татко ми !