Пуштена во употреба новата фармацевска фабрика Продис (5-та фабрика во Бунарџик)

  • Креатор на темата Креатор на темата *LION*
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
getImageThumbnail.axd
Инвестицијата на руската компанија Протек е вредна околу пет милиони евра од кои веќе 3.800.000 се вложени. Во објектот од 5.000 м2 првично се вработени 45 лица, а нивниот број до крајот на годината се очекува да се зголеми на 80 луѓе. Во фабриката ќе се произведуваат конвенционални и органски производи: чаеви, корн флекс и мусли, витаминско-минерални препарати, хомеопатски лекови и хомеопатска козметика

Во технолошко-индустриската развојна зона Бунарџик денеска беше пуштен во употреба новиот производствен објект на руско-македонската фармацевтска компанија Продис. Инвестицијата е вредна околу пет милиони евра од кои веќе 3.800.000 се вложени. Во објектот од 5.000 м2 првично се вработени 45 лица, а нивниот број до крајот на годината се очекува да се зголеми на 80 луѓе. Предвиден за изградба е дополнителен производствен објект од 4.000 м2. Во фабриката ќе се произведуваат конвенционални и органски производи: чаеви, корнфлекс и мусли, витаминско-минерални препарати, хомеопатски лекови и хомеопатска козметика.
Рускиот бизнисмен Вадим Сергеевич Јакунин сопственик на рускиот гигант Протек груп (со обрт од повеќе од четири милијарди долари годишно) на денешното свечено сечење лента во Бунарџик рече дека за неполна година од празно земјиште со несебична поддршка на владата и домашниот партнер направиле функционирачка фабрика.
„Без разлика на сите проблеми со кои се соочивме успеавме на земјава да ѝ подариме нешто ново, да ѝ подариме работни места, нови производи и извоз“, рече Јакунин. Во делот на хомеопатското производсто Продис е прва фабрика од ваков тип на Балканот, а производството покрај во земјава ќе се извезува во земјите од регионов и во поранешните советски републики.
ProdisFabrikaTIRZ.jpg
Премиерот Никола Груевски, кој присуствуваше на пуштањето на фабриката во употреба, рече дека тоа што ова е четврта голема инветстиција која се пушта во само еден месец не е случајно и е плод на сета вложена енергија и минат труд на земјава во делот на привлекување странски инвестиции во изминатиов период.

„Октомри 2012 дефинитивно е месец на инвестиции. На последниот негов ден ја пуштаме четвртата фабрика по ред која покрај што ќе обезбеди работни места и извоз, ќе обезбеди и пласман за органските производи од македонските чисти региони“, рече Груевски.
Продис е петта фабрика која функционира во технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 (Бунарџик).

http://www.kapital.mk/mk/makedonija...otreba_novata_farmacevska_fabrika_prodis.aspx
 
Нека се множат!

Инаку да обавестим дека фабриката за ветерници Ен Фло во тетовско Желино покрај автопатот Тетово - Скопје, е во завршна фаза. Според планираното треба да има 120 вработувања!
До лето треба да приврши изградбата на Палма Мол, во кој покрај постоечките продавници, треба да се дуплира бројот на локалите а со тоа и вработувањата!
 
Штом фигурира паткава со говорна маана, рачунајте дека нема многу време да трае фабриката.

Да се подсетиме
05A592DBF0C3C141B8D93A6481E995A5.jpg
 
Глупи секогаш ќе има, дури после неколку години ќе се открива колку билијони се украдени со ваквиве отварања.
 
Вработените сите со 8-мо и книша од ВМРО- то, и ој сега купи од нив аналгетик
 
Владата што не ја бива не ја бива ама капитални инвестиции секогаш подржувам.
Можам да кажам само дека од двете зла помалото е на власт.
Еве ви пример за политичар на незамисливо повисоко ниво не само од Македонија туку пример и за западните земји.
http://kajgana.com/hose-muhika-najsiromashniot-pretsedatel-na-svetot
Ќе пропуштите многу ако не му го слушнете говоров.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom