Обновена тврдината на Александар во Авганистан
Импозантната тврдина од кули е изградена на утврдување од времето на Александар Велики
ХЕРАТ – Во 70-тите години на минатиот век патуваа туристи до западен Авганистан за да се искачат на урнатините на античко утврдување, тврдина што личи на замок од песок којашто илјадници години гледа кон градот Херат. Тогаш тврдината се распаѓаше, но денес, новообновената градба, која датира уште од времето на Александар Велики, е охрабрувачки знак за напредок во земјата погодена од војни.
Стотици авганистански мајстори работеа на враќање на минатата слава на урнатините со помош од Трустот за култура „Ага Кан“ и околу 2,4 милиони долари од американската и од германската влада.
Американскиот амбасадор во Авганистан, Рајан Крокер, беше меѓу туристите што пред неколку децении беа привлечени кон Херат, и во неделата тој учествуваше на свеченоста по повод реставрацијата на тврдината и отворањето на нов музеј со авганистански артефакти на локацијата. „До пред 35 години, туристи од целиот свет доаѓаа тука за да го доживеат наследството, историјата и неспоредливите национални пејсажи“, изјави Крокер. „Со нетрпение го очекуваме денот кога Авганистанците и посетителите од целиот свет уште еднаш ќе дојдат тука за да дознаат нешто повеќе за богатата историја на Авганистан и да уживаат во извонредната гостопримливост и убавините што ги нудат оваа земја и нејзиниот народ “, изјави тој.
Туризмот изгледа нереален во Авганистан, каде што десетици илјадници странски сили веќе 10 година се ангажирани во борби против талибанските бунтовници.
Сепак, обновената импозантна градба од тули наречена „Кала Ихтјарудин“ е нов симбол на желбата на нацијата да излезе од крвавиот конфликт. „Како што покажува оваа тврдина, Авганистан стоел како голема нација. Тоа повторно ќе се случи“, изјави Крокер.
Неодамна имаше талибански напади внатре во Херат. Тие се ретки, иако има области во периферијата на градот каде што се се влошува насилството. Неколку официјални лица предупредуваа на церемонијата на друга закана: неконтролиран развој на настани што загрозува други историски локации во градот во должина на познатиот Пат на свилата, кој во античко време ги поврзуваше Европа и Азија. „Додека седиме зад високите ѕидови на овој импресивен споменик, прославувајќи ги резултатите од нашиот заеднички напор за да се спаси оваа локација, би сакал да ги потсетам сите тука присутни дека брзината со која се уништуваат историските места и објекти во овој град далеку ги надминува четириесетината објекти што ги реставриравме во последниве седум години“, изјави Аџмал Маиванди, главен извршен претставник во Трустот за култура „Ага Кан“.
Министерството за информација и култура сега е заштитник на тврдината, која ги преживеа неколкугодишните територијални пресметки меѓу Персијците, Узбеците и Авганистанците и денешните талибанци.
Сегашната градба е изградена на локација на античко утврдување за кое некои историчари тврдат дека била изградена од македонскиот крал-воин Александар Велики, околу 330 г.п.н.е. Пушкарниците и кулите што стојат се' уште, се верува дека датираат од 14 или од 15 век, кога тврдината била реконструирана откако била уништена од монголските освојувачи. Дел од делата со сини плочки од тој период се' уште може да се забележат на некои кули.
УНЕСКО изведе обемно реновирање на локацијата во 70-тите години на минатиот век. Министерството за култура го презеде управувањето на локацијата во 2005 година и од 2008 работи на реставрирањето заедно со Трустот за култура „Ага Кан“, со американската влада и со германската влада. Американската поддршка за реставрација на тврдината дојде од Фондот за зачувување на културата на американскиот амбасадор, и тоа е најголемиот проект во светот на овој Фонд.
Мохамад Рафик, ѕидар од Харат што работеше на проектот, вели дека бил горд на работата бидејќи ја гледа како дел од поголема реконструкција на земјата. „Тоа не беше само за заработување пари. Тоа беше добра работа“, рече тој. „Ова е најголемиот споменик во регионот. Сторивме се' што можевме за оваа реконструкција, за да го копираме стариот начин на градба“. (АП)
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BE80BACDA2A4144E93EE35970E96BEB6
--- надополнето: 31 октомври 2012 во 16:53 ---
Томислав Гошевски блогира од Авганистан за погледот од таму - наваму и за општата ситуација на лице место.
п.с. Како придонес во предизборната битка и антиквизацијата како една од нај жешките теми во таа битка, ке објавам две фотографиикои можеби и сум ги објавил веќе, ме мрзи да проверувам
. На нив се наоѓа тврдината на Александар Македонски(или Велики, кој како гледа на антиквизацијата) која се наоѓа во непосредна близина на мојата база. Александар стигнал и до овде. Си велам…да не се сетат Авганистанциве па да се антиквизираат, да ни го земат Александар. Ете…тие имаат и оригинални артефакти…Кој знае.
http://avganturamk.wordpress.com/2012/01/01/глобализацијата-и-антиквизацијата-в/
--- надополнето: 31 октомври 2012 во 17:06 ---
A New Occupant for an Ancient Afghan Fortress
http://www.npr.org/templates/story/story.php?storyId=5565415
--- надополнето: 31 октомври 2012 во 17:13 ---
I think most of my posts from FOB Apache have included at least one picture of Alexander the Great’s Castle. It really is an impressive sight sitting near the floor of the Tarnak River valley in Qalat. When you consider it was built some 2000 years ago and has been used as a military fortress every since, it only adds to the mystique. It is currently used by the Afghan National Army (ANA).
This was my second visit, the first one being last October shortly after I arrived. There hasn’t been much change in the last 6 months, except for further deterioration of some of the hard structures, like the broken glass of ’Tea Room’ at the apex of the hill.
t really isn’t a castle in the sense of the castles dotting the landscape of Europe. Instead, it is a mud-walled fortress occupying the entire hilltop overlooking the valley. Inside the walls there are numerous buildings of various design and states of disrepair. The mud-walled buildings are from before 2001, but no one can tell you for sure how old they are. They, along with the walls of the Castle, require routine maintenance/rebuilding as the rains wash away the mud. The ANA Captain that gave me a tour last fall said most of the mud buildings were probably nor more than 100 years old. he said the caverns in the hilltop were older, but there are no records or pictures to know for sure.
The views from the top are beautiful and offer an amazing panoramic view of the entire valley for miles. It is easy to see why it has been used by the military since the invasion of Alexander the Great.
Повеќе слики на:
http://danbohmer.wordpress.com/2012/04/22/seeing-things-from-alexander-the-greats-point-of-view/
--- надополнето: 31 октомври 2012 во 17:22 ---
Градот Херат е разурнат потполно во 1221 година од страна на Монголите, ова тврдина е градена од 13 - 15 век почнувајќи од Картид Амир Факр ал Дин па повторно разурната во 1380 од страната на Тимур и пак градена од страна на Кула је Икхтјар ал Дин
The current structure was built on the site of an ancient citadel that some historians claim was established by
Macedonian warrior-king Alexander the Great around 330 B.C. The battlements and towers that still stand are believed to date from the 14th or 15th century when it was reconstructed after being destroyed by Mongol invaders. Some of the blue tile work from that period can still be seen on some towers.
http://www.msnbc.msn.com/id/44931701/ns/travel-destination_travel/t/restored-citadel-symbol-hope-afghanistan/#.UJFPxYI-e_M
--- надополнето: 31 октомври 2012 во 17:24 ---
In the distance,
ruins of a castle said to have been built then abandoned by Alexander the Great on his way to India, lord it over the surrounding landscape. This massive structure, appears to have just sprouted up out of the sand. I found it bizarrely reminiscent of the crystal gardens my first graders used to make by pouring laundry blueing over charcoal brickets - only beige. Everything here is beige...land, vehicles, clothing...Anyway, rumored to be about 2000 years old, this fortress used by Greeks, Russians, British, Taliban and now Americans, catches both eye and imagination.
http://combatgranny.blogspot.com/2012/05/blog-post.html
По се изгледа има повеќе тврдини од времето на Александар во Авганистан.
Ве затрупав малку со фотографии, а верувам дека можете да најдете и повеќе доколку пребарате по нетов.