Kнигите и филмовите

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.561
Поени од реакции
33.814
Тwilight, пеерчиња! Ха!

Не сериозно, доста self-explanatorу тема, да продискутираме за некои од подобрите екранизации, иако честo знаат да бидат промашена инвестиција, имаме исклучоци како во pretty much everything. Како вие преферирате, дали пишаниот збор повеќе ве внесува во целиот тој замислен свет или визуелно имате потреба да видите барем фрагмент од истиот, или еве, полесно да се конектирате со одреден лик?

Не ми е целиот муабет сакате да читате или да гледате, иако малку ми е недефинирана темата, наспроти Хари Потер и Господар на прстените универзумите, сакам да наидеме исто и на препораки, на убаво екранизирани романчиња или трилерчиња и прилично полабава дискусија. Дали препораки, дали оценување, дали критика.. :)

Еве мене подеднакво исто на квалитет ми беше Тhe Reader.
Me инспирираше муабет во другата тема, па сега ќе го прозвам овде Saladin, сигурен сум и дека ќе придонесе во темава.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.694
Поени од реакции
13.332
Пеер сеа демек копаше прљав веш, николас спаркс. Just kiddin`.

За квалитет увек ќе биде книга изнад филм. Ама баш увек.
Но... Има искључоци. Обично ретко се прави филм па книга но во овој случај избегнувајте го второво. Ко да даунлоадираш скрипта за филм во *.txt формат пишана во ноутбук.
Конкретно за искључоците ќе зборам... Рецимо Новеченто од Барико да ти падне во рака го читаш побрзо одошто филмот шо ќе го изгледаш. Јбг. 50тина страни е. Тоа би можело да се стави како недостаток ако не и единствен. Значи и двете се у едно слично рамниште. Филмот има на моменти тупење. Ама укратко земено тоа се најбољите 3 часа шо моеш да ги потрошиш. Субјективно меџу нама - книгата и филмот ми се топ 5 квалитетно проќарадно време.
Парфем (Патрик Зискинд).... Е тоа има тро фалинки. Во книгата е превише експлицитно објаснато, така да ако си јадел џигер со компири, ќе преживееш. Во спротивно нема супституција. ПАтем пак субјективно - не е за секоја утроба. Ама... добра е. Филмот од другастрана е полн погодок. Нема многу дијалози, има многу мимики, глумците се добро одбрани. Ја тука би му дал малку предност на филмот пошо чим братучедиве од 11 години го имале глеано без да ги мава бед, онда е добро.
Lord of the rings само блиц ќе кажам, и да трае еден дел од 3 ипол саата, книгата поише изобилува со описи.
Jane Eyre - Bronte. Книгата е подобра. Која и да ја вртиш верзија од филмот, книгата е секогаш подобра. Класиците у глобала немаат сеуште добра обработка.
Но. Еве наидов на Pride and prejudice од Џејн Остин. Мислам дека нешто најблиску до книгата е овој филм со Кира Најтли. Да не се лажеме, и стојат ваквите улоги.
Патем Евгени Онегин е срање. Оној што имал среќа да му се падне оригинал на руски ќе доживуе hardon на Лив Тајлер. Ама само толку.
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Fight Club прво филмот го гледав па ја читав книгата. Се разбира дека книгата е подобра, но и филмот е одлична адапција на неа (дури и Чак изјавил дека повеќе му се допаѓа филмот отколку неговата книга). Поен+ за тоа што си ја читав нарацијата со на Едвард Нортон гласот :D
A и (барем за мене) е подобро прво книга да читаш па да гледаш филм. Кога не би го гледал филмот, сцените би си ги замислувал како што мене ми одговара, а вака се што прочитав ме асоцираше на актерите од ФЦ и делови од книгата ги замисував баш како што беа сцените на филмот.
Ако го немаш гледано филмот и после читање книга ја изгледаш, ќе го имаш тој „Кул. И ова е добар начин на прикажување на моментот“ момент :)
Негативна страна е што ако прво ја читаш книгата, скоро цел филм ќе ти се сјебе со спојлери. Спојлерите се полоши за филмот отколку за книгата.

Има многу добри можни сцени од книгата што би изгледале одлично на филм. Една за која ми е многу криво што не е во филмот, сцената на плажата со Тајлер:
What Tyler had created was the shadow of a giant hand. Only now the fingers were Nosferatu-long and the thumb was too short, but he said how at exactly four-thirty the hand was perfect. The giant shadow hand was perfect for one minute, and for one perfect minute Tyler had sat in the palm of a perfection he'd created himself.
One minute was enough, Tyler said, a person had to work hard for it, but a minute of perfection was worth the effort. A moment was the most you could ever expect from perfection.

и да, знам дека темава не е само за фајкла :D
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Што се однесува до книгите и филмовите, односно до екранизацијата на книгата и нејзиното прилагодување, преку пишување сценарио, режија, глума, музика, ефекти и слично, се` зависи од талентот на учесниците во снимањето и од имагинацијата на оној што гледа. Јас сум пред се` читател, а потоа гледач на филмови и серии. Многу ретко ми се случувало да наидам на филм кој е подобар од книгата по која е сниман (можеби поради тоа што повеќето од книгите што ги имам читано не се екранизирани). Обично ликовите си ги претставувам поинакви, некои задолжителни пропусти и поедноставувања ми пречат. Често се случува просечни сценаристи, режисери и актери да екранизираат некоја класика и да закашкаат работа. Или пак просечна книга да падне во добри раце и да излезе подобар филм.
Сепак, Godfather на Coppola секогаш ќе ми биде подобар од книгата на Mario Puzo.Книгата (во два дела сум ја нашол) не е лоша, но и не е којзнае што. Филмот од друга страна, е нешто посебно, евергрин.
Ми се чини дека и првиот дел од филмскиот серијал за Хари Потер е подобар од првата книга за него (другите книги ги немам читано).
Во списокот на филмови подобри од она што е напишано, најчесто влегуваат екранизации на бајки, на кратки приказни (од браќата Грим, на пример), на народни преданија и легенди кои се најчесто кратки и му дозволуваат на режисерот поголема слобода. Ако има талент, ќе ја прошири и развие приказната и така ќе ја направи подобра. Сигурно дека оној серијал со раскажувачот е поинтересен за гледање, отколку да се читаат истите приказни (јас не би читал, но секако би ги гледал :) )
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.704
Поени од реакции
4.458

Баш се согласувам со мислењево.
Уште нешто што би сакал да додадам како прво книга и филм се различни категории и мислам дека не е можно објективно да се споредат.
Друго нешто мислам дека подобро е прво да читаш книга па да гледаш филм бидејќи така ти работи имагинацијата се самиот замислуваш, самиот ги градиш ликовите можеби надополнуваш.Е сега проблем се јавува кога твојата имагинација и онаа на режисерот не се совпаѓаат бидејќи филмот всушност е замислата на режисерот(или сценаристот или кој и да е што е задолжен пишување и изведба) и воедно колку добро актерите ќе ја изведат претставата.
Додека во имагинарниот свет се е совршено во реалниот не е.Можеби режисерот не е добар, можеби актерите не знаат да се снајдат итн , а дури и се да е совршено ако не се совпаѓа со она што ти си го замислил кога си ја читал книгата на крај пак ќе кажеш книгата е подобра.
Освен овие што ги наведе мислам дека и акциони филмови подобро изгледаат на платно како сега на пример поновиве Бетмен,Авенџерс итн.Имаат некако плус бидејќи цела таа акција би требало 5000 страни за да се прикаже на хартија и позанимливо е да гледаш дека се експлодира отколку да читаш за истото.
 
R

Randy

Гостин
Обично сум се разочарувал по гледањето на филмови направени според книга. Најчесто нешто фали или режисерот изменил или додал работи кои не требало да ги направи и со тоа ја променил пораката на книгата. Но тоа не е случај и со The Great Gatsby. И книгата и филмот (со Роберт Редфорд) се мошне добри и поучни. Филмот го гледав одма по читањето на книгата и беше добар. Сите важни симболи, метафори и други важни глупости од книгата мислам дека беа употребени и во филмот. Карактерите во филмот и патењето на Гетсби беа многу добро прикажани. Ми се допадна и начинот на кој беа прикажани очите на T.J. Eckleburg.
Препорачувам да се изгледа и филмот и книгата да ја прочита кој има време.
 
Член од
1 август 2009
Мислења
453
Поени од реакции
960
Обично не ги споредувам книгите и филмовите многу, не сакам да барам маани. Повеќе сакам да ги гледам како посебни дела. Затоа има и книги, а и филмови кои ми се допаѓаат повеќе.

Мислам дека Последниот еднорог е добра адаптација. Иако книгата е, да кажам, подобра, филмот нуди многу убава екранизација, анимацијата е скоро волшебна (за мене), а и гласовите на актерите се навистина добри.

Слично на тоа, и Howl’s Moving Castle на Мијазаки е одлично направен. Иако за мене се доста различни книгата и филмот (по впечаток), и двете ми се допаѓаат, можеби филмот дури и повеќе.

Се сложувам со Сабазиј за Хари Потер. Првите два филма се според мене фантастично направени, и дури подобри од книгата (уште повеќе магични). Не знам дали е до Крис Колумбус и Џон Вилијамс или пак до целата екипа. И третиот ми се допаѓа, мислам дека режисерот имал многу убава визија. Од четвртиот натаму се значително послаби, дури и мака ми е да ги гледам.

Да се надоврзам на Саладин – мислам дека екранизацијата на BBC на Гордост и предрасуди од 1995 (мини-серијата со Колин Фирт) е одлична и за мене е скоро идентична на книгата, како по случувањата, така и по впечатокот, ја препорачувам. Глумата е извонредна. Играниот филм со Кира Најтли, иако многу ми се допаѓа, различно го доживувам од книгата.

Има една мини-серија за Џејн Ејр од 2006, која мислам дека е најдобра екранизација на книгата и исто така ја препорачувам. Но, не ми се допаѓа толку колку и филмот на Франко Ѕефирели од 1996, со Вилијам Херт и Шарлот Генсбур, иако мислам дека тој е полоша адаптација на книгата.

Трејлерот за новиот Ана Каренина ми се допадна, па очекувам да биде добар филмот.
 
L

Luki Junior

Гостин
Сите екранизации на книгите на Стивен Кинг са ногу послаби од самите книги.(Шоушенк е исклучок, и може да се донесе до нивото на расказо... Или евентуално Зелената Милја... ама и тука филмо е послаб од книгата)
Господарот на Прстените е прилично досадна книга ако не си специјално заинтересиран за описите, за фолклорот, за начино на живот, како времето и настаните течат ногу побавно, ама целио склоп си е епски. Филмо е слаб, спореден со книгата.
Хари Потер, за мене книгите се секојпат биле поинтересни од филмовите.
Анна Каренина, не може 2 000 и кусур страни да се стават у 2 саата... Тешко е да ја доловеш самата атмосфера од книгата...
Клокворк Оринџ... Филмо е добар.. Многу добар.... ама послаб од книгата, и плус на филмо му фале последната глава од книгата. (Не за друго, у книгата Алекс е само 15 годиншно дете, шо самото насилство е оште поскандалозно).
Ден Браун... Сите книги ногу посилни од филмовето... Филмовето ми са мекушави, споредени со книгата...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Господарот на Прстените е прилично досадна книга ако не си специјално заинтересиран за описите, за фолклорот, за начино на живот, како времето и настаните течат ногу побавно, ама целио склоп си е епски. Филмо е слаб, спореден со книгата.
Господарот на Прстените е ремек дело, и една од десетте најзначајни книги на 20 век. Книгата може да се чита на милион различни нивоа, од авантура во стилот sword and sorcery, преку некои алегориски читања од аспект на надоаѓачкиот нацизам, па се до читање на некое алхемиско ниво. Ако таа книга е досадна, тогаш генерално книжевноста е досадна, и најпаметно е да ги запалиме сите книги.

Што се однесува до екранизацијата, јас бев многу скептичен кога слушнав, бидејќи е практично невозможно цел еден свет кој Толкин го создал, со сите негови народи, со нивните јазици, традиции и легенди, да се пренесе на филм. Сепак, филмот и книгите се различни медиуми, и Џексон успеал да извлече максимум онолку колку што филмот како медиум дозволува. Мојата единствена замерка е што во филмот го нема Том Бомбадил.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.794
Поени од реакции
6.208
.....тешко може да се споредат книга и филм....филмот е завршено дело....книгата не....кога читаме книга во глава создаваме филм....и секој читател книгата ја доживува на свој начин....додека филмот горе-доле го доживуваме исто....може да ни се допадне или не....но сцените и ликовите се веќе дефинирани и нема простор за имагинација

многу книги се екранизирани....но ретки се тие што успеале да се доближат до книгата...причини има многу....тешко се екранизира внатрешниот дијалог во главата на ликот и филмот има ограничен временски формат....поради тоа режисерот често мора да прави компромиси

барем за мене секогаш подобра опција е да се гледа прво филмот па потоа да се чита книгата....на овој начин на филмот му пристапувате без предрасуди
 
Член од
1 август 2009
Мислења
453
Поени од реакции
960
Мојата единствена замерка е што во филмот го нема Том Бомбадил.
Јас се надевам (ама џабе изгледа) дека можеби ќе го има во Хобитот. Знам дека не е во книгата, но убаво би било фино да не изненадат. Со три дела, би требало да има време за него.
 
L

Luki Junior

Гостин
Господарот на Прстените е ремек дело, и една од десетте најзначајни книги на 20 век. Книгата може да се чита на милион различни нивоа, од авантура во стилот sword and sorcery, преку некои алегориски читања од аспект на надоаѓачкиот нацизам, па се до читање на некое алхемиско ниво. Ако таа книга е досадна, тогаш генерално книжевноста е досадна, и најпаметно е да ги запалиме сите книги.

Што се однесува до екранизацијата, јас бев многу скептичен кога слушнав, бидејќи е практично невозможно цел еден свет кој Толкин го создал, со сите негови народи, со нивните јазици, традиции и легенди, да се пренесе на филм. Сепак, филмот и книгите се различни медиуми, и Џексон успеал да извлече максимум онолку колку што филмот како медиум дозволува. Мојата единствена замерка е што во филмот го нема Том Бомбадил.
Така е, целосно се согласувам (Само шо не го напишах). Да речеме од книгата најинтересни са ми биле песните шо ги пејат за секоја пригода. И истото го сврзах со приказните од баба и дедо како са пејале коа са работиле, како тате е пејал како дете, како јас и брат ми пееме чат пат, коа сме на нивата.... Некојпат сам си мислил оти Толкин е позајувал идеи од локалните култури за да ја долове лиричката страна на секој од народите спомнани у книгата. И тава ми страшно недостигаше у филмо. На мене не ми е била досадна (а ми е страшно интересна, не за џабе барем 2-3 пати ја имам препрочитано), ама шо иам дискутирано со човеци повеќето са ми кажале оти е ногу бавна, и досадна... На мене таа бавност, и постепеното градејне на целата приказна од најразличните агли, од страна на најразличните народи у книгата е просто маестрална.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Мислам дека книгите и филмовите правени по нив не може да се споредат затоа што филмот во суштина многу ограничува, а книгата остава место за работа на имагинацијата. Филмот ти дава се' сервирано, го гледаш, завршува и толку. Отсекогаш ми било многу поинтересно да ги читам книгите отколку да ги гледам соодветните филмови.
Не знам дали и серијалите се вбројуваат тука, но Game of Thrones е прилично добро екранизирана, иако има некои работи кои се пропуштени за да не биде серијата како индиска серија со милион епизоди, а веројатно и за да се прескокнат поглавјата во кои George Martin многу говори, а ништо не кажува.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Според мене, екранизацијата за да биде успешна треба да понуди нешто повеќе од книгата на која се базира. Не е доволно само да се земе целата содржина од книгата (во некои случаи дури и дијалогот е скроз истиот) и истата да се пренесе на филм. Тогаш зошто ни е филмот ако е скроз исти со книгата, не е ова адаптација на драми во театар. Дури треба да се избегне и нарацијата во филмот, него режисерот треба визуелно да ни го претстави она кое писателот ни го опишал со зборови.

The Shining на Kubrick е одличен пример каде режисерот иако земајки ја книгата како основа, сепак изменува многу работи и книгата ја прави да му одговара на неговиот стил. Затоa Стивен Кинг ја мрази неговата адаптација, зашто не е копи-пејст од книга на екран.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
По мене, најдобри филмови по книги се прават кога филмот е инспириран од книгата, но не и директен обид да се екранизира.

Како Blade Runner, на пример.
--- надополнето: 31 октомври 2012 во 11:01 ---
Според мене, екранизацијата за да биде успешна треба да понуди нешто повеќе од книгата на која се базира. Не е доволно само да се земе целата содржина од книгата (во некои случаи дури и дијалогот е скроз истиот) и истата да се пренесе на филм. Тогаш зошто ни е филмот ако е скроз исти со книгата, не е ова адаптација на драми во театар. Дури треба да се избегне и нарацијата во филмот, него режисерот треба визуелно да ни го претстави она кое писателот ни го опишал со зборови.

The Shining на Kubrick е одличен пример каде режисерот иако земајки ја книгата како основа, сепак изменува многу работи и книгата ја прави да му одговара на неговиот стил. Затоa Стивен Кинг ја мрази неговата адаптација, зашто не е копи-пејст од книга на екран.
10 секунди пред мене,:) .
 
Kajgana Shop

На врв Bottom