Почна со работа Текнохозе, четвртата фабрика во Бунарџик

  • Креатор на темата Креатор на темата *LION*
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Александра Спасевска

getImageThumbnail.axd
Италијанската компанија Текнохозе официјално започна со производство во Технолошко-индустриската зона Бунарџик 1 во Скопје. Почетната инвестиција е пет милиони евра со 50 нови вработувања, а во погонот којшто се простира на 3.000 метри квадратни ќе се произведуваат високопритисни гумени армирани црева за градежната и за автомобилската индустрија.
Производството ќе се пласира на пазарите во земјите од Југоисточна Европа и во Русија. Ова е прва инвестиција на Текнохозе на странски пазар, а во март следната година почнува со реализација втората фаза од инвестицијата од 10 милиони евра, со што вкупниот број ќе достигне 200 вработувања.
„И покрај тоа што светската економска криза имаше свое влијание на реализацијата на оваа инвестиција, најавена уште во 2008 година, сепак, резултатите не изостанаа. Пред нас е новата фабрика на италијанскиот инвеститор Текнохозе“, изјави премиерот Никола Груевски на пуштањето во употреба на новата фабрика. Според него, оваа инвестиција е уште една потврда дека владините економски политики ги даваат очекуваните резултати и дека во овој момент во слободната економска зона веќе произведуваат четири фабрики, а уште неколку се градат и се очекува да почнат со работа.
Генералниот директор на компанијата, Антонио Витило, истакна дека главната причина зошто инвестирале во Македонија во период кога Македонија не била интересна локација за други италијански компании е одличната географска местоположба, конкурентските трошоци и поволниот даночен систем.
„Ова е прва фабрика на Текнохозе надвор од Италија и ги повикувам сите странски инвеститори да дојдат и да инвестираат“, истакна Витило.Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо, изјави дека преговорите за инвестирање на италијанската компанија во Македонија почнале во 2008 година, а првиот значаен чекор е направен во 2009 година, со купувањето на објектот во зоната во кој сега е сместена фабриката.
Вицепремиерот Владимир Пешевски смета дека тоа што оваа фабрика е прва инвестиција на италијанската компанија надвор од нивната земја покажува оти Македонија има идеална клима за инвестирање.
Компанијата Текнохозе, која во Република Македонија е регистрирана под името Витек Македонија, е членка на италијанската групација Витилло, а во ТИРЗ Скопје 1 купи постоечки објект кој комплетно е реновиран за да одговара на потребите на новото производство, што претставува прва фаза од нивната инвестиција. Наредната година компанијата предвидува да почне со изградба на втор објект во кој ќе се произведуваат хидраулични спојки за армираните црева.http://www.kapital.mk/mk/makedonija...nohoze,_chetvrtata_fabrika_vo_bunardzhik.aspx
 
Волку фама за 200 вработувања... што знам.
Ајде, нека е среќно :)
 
Ај со среќа :cool: нека ви е платата до 15.ооо ден :D
Сите фабрики што се наоѓаат на Бунарџик од 300 евра па нагоре е. Ова го знам за Кемет за Џонсон Мети и Џонсон контрол, а и овие не би требало да се исклучок. Има разлика од технолошко индустриска зона и од индсустриска зона. П.с Овие фабрики произведуваат висока додадена вредност за разлика од фабриките за текстил на чичко јорго кој прави лон производство а за нас останува 100 евра плата плус гратис пот , 10 саати шест дена во неделата.
 
Јас познавам само двајца што работат во Џонсон Мети, едниот редовна плата му е 13 000, ама не знам на кој начин ги добиваат бонусите, под 22-23 000 не бил, а работи нешто на машина.
Другиот што го познавам е инженер, платата е околу 28-30 000, зависно (исто некои бонуси), а не знам колку е основната, ќе прашам.
Е сега, дали баш сите не ги плаќаат под 18 000... не сум сигурна во тоа :)
 
Чудно ми е пумо, ептен чудно. Ти на секое поле, на секое ниво, на секое дереџе ти познаваш по некого и имаш точни и прецизни информации. Шо чудо ќе беше искрено ... o_O
 
За овие два лика веќе имам зборувано, предходно.
Работат во Џонсон Мети подолго време.
А да, познанства имам многу, а и фамилијата ми е доста голема :)
 
Волку фама за 200 вработувања... што знам.
Ајде, нека е среќно :)
Во време на криза некој да отвори нова фабрика кој ќе произведува производи со висока додадена вресност не е мала работа, а ни 200 работници некој да вработи не е бројка за потценување каде секаде во Европа а делумно и кај нас се губат работни места. Инаку се дига толку фама зошто толку плукаа по Бунарџик дека ништо нема да искочи ќе остане празна ливада а оваа е 4 та фабрика новоотоврена на Бунарџик за некој ден 5 та фарика ќе биде отворена на Бунарџик. а Бунарџик пред 4 години беше ливада. а денес е област каде што големи познати МНК отвараат фабрики и кој носат нови технологии, нови знаења и повисоки плати во однос на другите од приватниот сектор. Не е исто пред 6 години ти вика инвестирај а ти гледаш ливада и ништо друго и денес ти вика инвестирај и гледаш 4 фабрики со над 1000 вработени . Во вториот случај сигурно повеќе шанси има да се одлучи да инвестира, инаку Џонсон Мети гради уштедна фабрика за да го дуплира сегашното производство, од тоа што некој инвестирал пред неколку години а сега уштеднаш инвестира тука на исто место нема подобра препорака. На крај крајишта ако се отварат теми за тоа што негде избркале тројца или некој не добил плата зошто да не се отвори тема со убави вести , мора ли нешто да биде црно кај нас па да да се дига фама.
 
Убава вест е за мене некој да отвори работно место за 2000 луѓе. Не се потценување 200, ама не се ни, рака на срце, да се прерадуваме.
Нормално дека ќе постојат инвестиции, само што преспоро се случува тоа.
Што од надворешен, што и од домашен фактор.

Според Државен завод за статистика, во 2002 година во Македонија живеат 2 022 547 луѓе. Да заокружиме на 2 000 000. Од нив РЕАЛНО невработени нека бидат 25, иако официјалниот процент е повисок (што значи да ги исклучиме овие што работат на црно). 25 проценти од 2 000 000 се 500 000 луѓе. Не 5 000.
И на 500 000 невработени, па и 300 000 да се (а повеќе се), 2 000 (вкупно) работни места се ништо.

Добро е, мрднуваме од мртва точка. Ама далеку сме од ,,за пофалба,,.
 
Секоја чест за инвестицијата и се надевам дека се повеќе ќе ги има во иднина, ама една работа не ми е јасна, зошто не ја пренесеш веста како што е, значи сега за сега се 50 вработувања а здравје во втора фаза би се стигнало до 200 вработувања. Исто и Курир и Сител на ваков начин ја пренесоа веста дека 200 луѓе се вработени а тоа не е точно. Мора малце професионалност во преносот на веста а не паушално да се лупаат бројки и со тоа да се замајува јавноста, со самото тоа медиумите а и индивидуалците како тебе губат на кредибилитет.
И за крај за да не ми го спинуваш мислењето ќе повторам се надевам на што повеќе вакви инвестиции во иднина.
 
еве во првиот мој пост на темата што пишува
Италијанската компанија Текнохозе официјално започна со производство во Технолошко-индустриската зона Бунарџик 1 во Скопје. Почетната инвестиција е пет милиони евра со 50 нови вработувања, а во погонот којшто се простира на 3.000 метри квадратни ќе се произведуваат високопритисни гумени армирани црева за градежната и за автомобилската индустрија.
Производството ќе се пласира на пазарите во земјите од Југоисточна Европа и во Русија. Ова е прва инвестиција на Текнохозе на странски пазар, а во март следната година почнува со реализација втората фаза од инвестицијата од 10 милиони евра, со што вкупниот број ќе достигне 200 вработувања.

Инаку прочитај и ќе видиш дека јас не напишав прв 200 вработени туку друг член после механички и јас почнав да пишувам 200. На крај крајишта како што проааѓаат неделите ќе се зголемува бројот на вработени и ќе достигне до 200. Ене го кај е Март. Инаку на текстот убаво пишува колку е и што е , кај се фати за влакно на јајцето. Ретко која компанија во свет стартува со полн капацитет веднаш но јас колку што сум видел и знам се кажува целата бројка која ќе се вработи но се напоменува и сега кога почнала некоја фабрика колку вработени има. За глупости се фаќаш кога за некој месец ќе изгуби на значење твојата забелешка поздрав.
 
Убава вест е за мене некој да отвори работно место за 2000 луѓе. Не се потценување 200, ама не се ни, рака на срце, да се прерадуваме.
Нормално дека ќе постојат инвестиции, само што преспоро се случува тоа.
Што од надворешен, што и од домашен фактор.

Според Државен завод за статистика, во 2002 година во Македонија живеат 2 022 547 луѓе. Да заокружиме на 2 000 000. Од нив РЕАЛНО невработени нека бидат 25, иако официјалниот процент е повисок (што значи да ги исклучиме овие што работат на црно). 25 проценти од 2 000 000 се 500 000 луѓе. Не 5 000.
И на 500 000 невработени, па и 300 000 да се (а повеќе се), 2 000 (вкупно) работни места се ништо.

Добро е, мрднуваме од мртва точка. Ама далеку сме од ,,за пофалба,,.
Знаејќи во какво време живееме убава вест е и 1но ново работно место. Спомнуваме зашто не се 2000 работни места. Па во Македонија искрено јас не знам приватна компанија што има толку вработени. Но апсолутно се согласувам со тебе дека е добро и дека мрднавме од мртва точка. Да се надеваме дека и за неколку месеци ќе коментираме и за 3000-4000 вработувања, зашто нели има во градба 2-3 фабрики кој најавуваа толкав број на вработени. Од мене за крај само ќе посакам се најдобро на вработените и на сопствениците во технохозе.
 
еве во првиот мој пост на темата што пишува
Италијанската компанија Текнохозе официјално започна со производство во Технолошко-индустриската зона Бунарџик 1 во Скопје. Почетната инвестиција е пет милиони евра со 50 нови вработувања, а во погонот којшто се простира на 3.000 метри квадратни ќе се произведуваат високопритисни гумени армирани црева за градежната и за автомобилската индустрија.
Производството ќе се пласира на пазарите во земјите од Југоисточна Европа и во Русија. Ова е прва инвестиција на Текнохозе на странски пазар, а во март следната година почнува со реализација втората фаза од инвестицијата од 10 милиони евра, со што вкупниот број ќе достигне 200 вработувања.

Инаку прочитај и ќе видиш дека јас не напишав прв 200 вработени туку друг член после механички и јас почнав да пишувам 200. На крај крајишта како што проааѓаат неделите ќе се зголемува бројот на вработени и ќе достигне до 200. Ене го кај е Март. Инаку на текстот убаво пишува колку е и што е , кај се фати за влакно на јајцето. Ретко која компанија во свет стартува со полн капацитет веднаш но јас колку што сум видел и знам се кажува целата бројка која ќе се вработи но се напоменува и сега кога почнала некоја фабрика колку вработени има. За глупости се фаќаш кога за некој месец ќе изгуби на значење твојата забелешка поздрав.

Види 150 души разлика не се баш влакно во јајцето тоа се 150 фамилии плус, кога ќе се вработат и тие тогаш ќе има 200 вработени и тогаш така ќе може да биде пренесена веста. А да даде господ не до 200 туку до 2000 вработени да има таа фабрика. Во март здравје почнува втора инвестициона фаза за која ќе биде потребно од пола до цела година за да се реализира што значи не до овој март туку до март 2014 ќе бидат 200 вработени. Барам само да биде пренесено како што е не се фаќам за глупости не барам влакно во јајцето, барам професионалност поготово кога се работи за бизнис и за вести поврзани со бизнис. Се надевам дека мојата забелешка ќе изгуби на значење.
 
Убава вест е за мене некој да отвори работно место за 2000 луѓе. Не се потценување 200, ама не се ни, рака на срце, да се прерадуваме.
Нормално дека ќе постојат инвестиции, само што преспоро се случува тоа.
Што од надворешен, што и од домашен фактор.

Според Државен завод за статистика, во 2002 година во Македонија живеат 2 022 547 луѓе. Да заокружиме на 2 000 000. Од нив РЕАЛНО невработени нека бидат 25, иако официјалниот процент е повисок (што значи да ги исклучиме овие што работат на црно). 25 проценти од 2 000 000 се 500 000 луѓе. Не 5 000.
И на 500 000 невработени, па и 300 000 да се (а повеќе се), 2 000 (вкупно) работни места се ништо.

Добро е, мрднуваме од мртва точка. Ама далеку сме од ,,за пофалба,,.
Не се рачунаат така невработените како што напиша. Не можеш во невработени да ставиш и основци и средношколци и пензонери и студенти и луѓе што не бараат работа. Работоспособни насление беше негде околу 950 000 од кој 300 000 невработени а 650 000 вработени и од таму доага процентото 31% невработеност ме мрзи точно да го барам соодносот ти кажав како се гледа невработеност а дека 31% е невработеноста е точен податок.. Инаку Економијата не е месење леб да ставиш квасец па да брзо време да порасне тестото, многу покомплексна. И не е битно дали една фабрика ќе отвори 2000 работни места или десет фабрики по 200 вработени ќе направат 2000 вработени колкку што е битно тие фабрики да создаваат повисока додадена вредност да пренесат знаење технологија и нормално повисоки плати. А таков профил на фабрики се во Бунарџик таков профил на фабрики и фалеа во последните 20 години. Една фабрика на Џонсон Мети со 500 вработување вреди повеќе од некоја фабрика на гркот јорго со 2000 вработени кој што ќе земаат 100 евра плата ама нели 2000 се. поздрав се надевам ми ја сфати поентата
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom