liberij
ТЕРИРЕМ
- Член од
- 3 април 2012
- Мислења
- 2.037
- Поени од реакции
- 1.018
Кон теза 1:Апсолутно против мојот разон е феноменот на омнипотентно битие. Прво, со оглед на неможноста воопшто да се дефинира ентитетот Бог не е возможно да биде испитана моќта на истиот. Не сме способни да добиеме било каков емпириски показател за оваа божја карактеристика.Оваа теза не може да биде емпириски негирана но од друга страна не може да биде ни бранета со валидна евиденција. За темелно да се разработи проблемот потребно е експериментите да бидат исклучиво мисловни. Овие веќе ги знаеме.-Дали Бог е способен да создаде камен кој ниту самиот не може да го подигне?-Дали Бог е способен себеси перманентно да се избрише од постоење и истовремено да ја поседува моќта да се "одбрише" од непостоење? (Врати во постоење.)Мислам дека од овие два мисловни експерименти е повеќе од очигледна парадоксалноста на божјата омнипотенција. Тезата е бесмислена и сметам дека е невозможно да биде бранета со валидни аргументи.
Позицијата од која се поставува оваа теза го прави т.н. мисловен експеримент апсурден.
Имено, категоријата создание подразбира релативност, ограниченост, немоќ..., во смисла на познание на Несоздадениот, Апсолутен, Неограничен, Недефиниран...
Она што може да го познае, знае созданието е слободното откривање на Несоздаденото во мерка онолку колку е способно да го пресретне т.е. слободно, екстатички да стапи во жив однос со Апсолутот.
Првиот експеримент е докажување на ниво на Природата на Бог, Кој е Слободен над Истата и над нужноста, и неможе да се доведе во прашање Неговата способност.
Вториот експеримент се однесува на Божјата афирмација на сопственото постоење, при што е апсурдно Самиот Себе да се негира т.е. нема на кого да ја докажува својата слобода т.е. да му каже НЕ!
Кон подтеза 1.1:Имам проблем со прифаќањето на божјата креација како првично безгрешна единка која самата се довела себеси во ситуација на грешност. Доколку човекот првенствено бил совршен никогаш немало да направи грешка, дури и кога навистина би имал слободна волја.Од друга страна, доколку го прифатиме тврдењето дека човекот и покрај својата перфекција успеал да се сведе на гревови кои довеле до неговото изопачување, зошто истите гревови денес не влијаат никако на човекот?Доколку Бог го создал човекот дисфункционален, дали тоа навистина ни говори за неговата очигледна не-омнипотентност или пак неговата креација содржи грешки иако тој самиот е способен истата да ја ослободи од истите и ако е второво, зошто е токму така?
Ова историски, библиски е неточно, бидејќи човекот е создаден потенцијално совршен, во својата протологија тој е на ниво на дете со потенцијал да се уподобува како бог.Очигледно е дека сите овие прашања можат да бидат одговорени со вртење во круг односно воведување на циркуларна логика во равенките која се разбира е човечка карактеристика што ни укажува на фактот дека Бог поседува атрибути кои би биле создадени од човекот, правејќи го Бог човечка креација и негирајќи го обратното.
Ова е токму доказот дека поривот во човекот да се ослободи од категоријата време и простор е неговата слобода, која му е дадена како дар, образ и лик Божји.Кон подтеза 1.2:Ова е уште еден очигледен човеков обид да постави ентитет како семоќен и за таа цел на истиот му ја препишува една од најпосакуваните човечки моќи. Власт над времето.Игноранцијата кај божјите творци е очигледна. Нивната идеја за времето е многу примитивна и концептуализацијата на божјата нетемпоралност е слика и прилика на ова незнаење.Нивната неспособност за аквизирање на информации во областа на физиката кои ги имаме денес довела до тоа да биде креирана погрешна слика за времето.Релативистиката зборува за простор-време. Доколку Бог е над времето тогаш патување назад во времето станува возможно, што се разбира релативистиката не го дозволува. За ова да успее потребно е да се оди во екстремите на бесконечна маса потребна за добивање на бесконечна енергија како би се достигнало брзина на светлината.Најпросто еве едно прашање:Доколку Бог е навистина над времето, дали е способен во овој момент да оди до моментот пред создавањето на универзумот и перманентно да се избрише од постоење и доколку може, со оглед на тоа дека престанува да постои и самиот универзум, што би се случило потоа?Очигледно е дека и оваа теза е уште една човечка креација.
Идејата за времето е платонистичка спекулација, наспроти која во христијанството е преставена како Божја креација која човекот потенцијално е оспособен да ја надмине.
Параметрите кои физиката ги условува за манипулација со времето и просторот, Бог како креатор лесно ги обезбедува, кое историски е посведочено.
А одговорот на прашањето е веќе даден во почетокот и покрај тоа што самото прашање е противречно и конфузно, бидејќи дава синкретички онтологизам на Божјиот ентитет.
Сексуалноста со која човекот е оспособен, е дел од педагогијата на сотириологијата Божја, со цел да го оневозможи деструктивниот аспект на човечката онтологија.Кон теза 2:Љубовта е хемиски процес во кој два субјекти се зближуваат како би создале и одгледале потомство. Еве малку повеќе за љубовта од мене:Технички, привлечноста, физичка и психолошка се јавува како показател дека потсвесно нашето тело ни вели дека оној/онаа што не привлекува поседува здрави, добри гени за продолжување на лозата. Љубовта е всушност некој вид на емоционален нус продукт кој се јавува кај парот, производ на поривот да се зачува плодот.Бидејќи оваа карактеристика е сеопфатна за целиот човечки вид, сосем природно и нормално е да се јави и кај нехетеросексуални единки.Привлечноста е водена од 2-3 невротрансмитери. Допаминот, кој е одговорен за desire-reward ефектите во мозокот, адреналинот, кој всушност ги побудува "пеперутките во стомакот" и серотонинот кој е главен виновник за просторот кој вашиот сакан го зафаќа во вашите мисли.Приврзувањето, љубовта или како и да е, од друга страна е поврзан со окситоцинот и вазопресинот.Окситоцинот се лачи при оргазам и веројатно ја "продлабочува" врската на партнерите. Овој хормон е виновен за она спомнато малку погоре, тоест, грижата за плодот. Окситоцинот е причината поради која кај мајката се лачи млеко при самото присуство на доенчето.Експериментирање со стаорци покажало дека инјектирање окситоцин во единка која немала секс придонело до тоа да истата присвои и чува туѓи млади како свои.Вазопресинот се лачи по сексот и заедно со бубрезите ја контролира жедта.Експерименти покажале дека единки со потиснат вазопресин биле неуспешни во обидите да изградат стабилни врски.Доколку љубовта е Бог, тогаш љубовта е семоќна. Според ова, можеме да заклучиме дека љубовта е возможна помеѓу било кои два субјекти кои се способни да искусуваат љубов. За жал, научните факти кои ги посочив апсолутно го негираат ова тврдење од причина што субјектите поседуваат критериуми за привлечност и не може да постои привлечност меѓу било кои два.
Сексуалноста никако неможе да се поистовети со Љубовта.
Биолошко, хемиските интеракции кои произлегуваат од хормонскиот баланс, може да ефектуираат одредени состојби кои во рамките на физиологијата(која парадоксално заради човечката апостасија истовремено е патологија) ги препознаваме како машко-женски критериум на општествениот хабитус, но сведоци сме дека потенцијалната полигамност на човекот дава т.н. сексуални девијации кои можат да бидат и резултат на хормонски дисбаланс итн.
Овие феномени на човечката природа го заробуваат доколку самиот човек им се потчинува т.е. се поистоветува на ниво на идентитет со истите, оттука е оневозможено познание на Љубовта како егзистенција.
Ова може да се каже дека е во прилог на она што му укажав на Ставре на почетокот за етичкиот дискурс, што е преамбициозно за неговата гневно- ментална перцепција.Кон теза 3:Во светот не постои материјализиран феномен Зло. Злото е апстрактен епифеномен на човечката морална концептуализација. Доколку навистина постои Зло, тогаш неговиот антоним би бил Доброто. А што е доброто?Па, доколку би ја следеле тезата тогаш би било спротивно од Злото. Алтруизам, морал, добрини, љубов, ведрина и така натаму.Дали е навистина така? Дали овие вредности се духовни?Одговорот се разбира е не. Доколку овие вредности се духовни, тогаш во експериментите во кои инхибицијата на делот од мозокот наречен right temporo-parietal junction не би доаѓало до губење на моралните вредности кај субјектот. А замислете, токму до ова доаѓа.Интересно е тоа што евидентна е еволуционата приказна на алтруизмот и моралот. Зошто постојат овие две карактеристики на човекот?Во времињата кога нашите претци живееле во орди, опасноста од грабливи животни била огромна. Тие секојдневно биле мета на волци, мечки и слични диви животни. Поради ова, нашите претци почнале да сфаќаат дека групирањето и помагањето на групата значело поголема безбедност за индивидуата. Најпросто, сфатиле дека заедно се посилни. Токму на оваа основа биле изградени човековите морални начела.
Етиката по својата концепција е затворена т.е. се грижи сама за себе, а не за човечката онтологија и е апсолутно христијански,библиски неиздржана.
Хемисверната мозочна дисрелација, како и други ментални ограничувања и патологии кај
човекот сведочат за приоритетот на човечката егзистенција како услов во однос на се останато.
Ова е предлог за нов тотал систем?Заклучок:Сметам дека денес не постои место за Бог во човечките животи. Обидите да се прошверцува ентитетот во секоја недоволно истражена животна сфера се флагрантни и сметам дека време да бидат построго осудувани. Сметам дека толерантноста према религиите е потребно да исчезне.Тезите ги сметам како нус-продукти на недоволна информираност на нивните творци.
Веќе видено и промашено-нечовечки.
Теологијата си има своја систематичност и научност, но за жал кој ја погледнал а тек прочитал, а ваму имаме критика за недоволна информираност!?Тажно.
--- надополнето: 29 октомври 2012 во 22:15 ---
Слободен ли си? Алооо!А како ти знаеш кој е храбар а кој се прави храбар? Судиш од аспект на сопствениот кукавичлук? Нешто во стилот, јас се плашам, мора сите да се плашат?
Смешки си ти...