karan
бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Ќе се задржам конкретно на Вардарскиот дел коj е денес она што го нарекуваме Република Македониjа.
Вардарскиот дел станува Вардарска бановина, се инсталираат Српски училишта, кина, театри, библиотеки и се турка идеjата дека Македонците се jужни Срби. Нормално, останал еден дел на граѓани кои не се согласувале и повторно туркале идеи за Независна Македониjа но за жал тие биле наjстрого казнувани и праќани на Голи Оток, обвинувани за бугарофилиjа и слично.
Србите имале интересна идеологиjа за Вардарска Македониjа. Знаеле за нашата омраза кон Бугарите и тоа го искористувале во нивна полза . Успеале на ВМРО и македонските борци да им дадат Бугарски карактер
Цената за признавањето на македонскиот етнос од СФРJ во тоа време си имало своjа цена. Македонските белези биле избришани или препишани на Бугарите кои денес тоа ни го фрлаат пред нос. Сме добиле нова азбука со претежно српски букви, сме добиле нов правопис и лоjалисти кон Комунистичкиот режим кои не сакале да чуjат за сепаратизам. Сепаратистите биле нарекувани Бугараши (месното население чувствувало омраза кон своите граѓани мислеjќи дека се Бугари). Македонците биле „испрограмирани“ да ги мразат Бугарите и Бугарската култура (читаj Македонската) но да ги сакаат Србите и истата таа подмолна идеологиjа функционира и денес.
Темава е под деjство на лична фрустрациjа но верувам дека се што опфатив е точно.
Овој дел е во склад со твојата лична фрустрација.
Сепак во голем дел има и вистина. Ама ова подолу е чиста фрустрација.
......За време на Втората светска воjна, Вардарска Македониjа ќе се наjде под контрола на Фашистичка Бугариjа коjа ќе оформи држава-марионета „Независна Македониjа“ коjа за знаме и грб ги има ВМРОвските симболи но за жал со про-бугарска конотациjа и е предложена како протекторат на Фашистичка Бугариjа но набрзо ќе се распадне и Вардарска Македониjа ќе се врати кон Jугославиjа. Конечно во 1945 Македонците стануваат рамноправни граѓани како и другите Jугословени но во рамките на СФРJ.
".....а македонското писмо кое се употребувало во тоа време да го направат бугарско само за да немаме никакви допирни точки нашето исконско писмо (вистината е дека писмото кое се користело во Македониjа и Бугариjа е всушност МАКЕДОНСКО бидеjќи се употребувало многу порано пред да доjдат Бугарите, да не спомнувам дека е оформено на наша териториjа од Кирил и Методиj)".
.....Србите се наjголемите кочничари на Македонскиот напредок. Тито спречил да се обединиме со Пиринска Македониjа иако имало подлога за тоа, имало подлога и за обединување со дел од Егеjска но исто така тоа не се случило.
....Кога ќе се направат значаjни промени за заjакнување на идентитетот преку враќање на старите симболи и одлики кои ни биле дел од нашата стара култура наместо ѕидање антички споменици и зданиjа тогаш ќе можеме да кажеме - ние сме Македонци.
Таканаречената "македонска држава" не се распаднала затоа што никогаш не се ни оформила.
Не постоело официјално македонско писмо пред 1945 г.
Не можеш да обвиниш еден цел народ, затоа што тебе самиот не те бива. Ако е така криви се сите само ние не, но тоа е далеку од објективно расудување. Никој не ни е крив повеќе од самите нас.
Кои се старите симболи и одлики кои треба да ги вратиме??!