Колку што знам ефектот на пеперутката е теорија со која при најмалото движење, при најмалото поместување, се поместува целата идеја за простор/време и кој што ефект можеме да го забележиме ако и само ако „ѕирниме“ во иднината/минатото, бидејќи во спротивно нема да го увидиме ефектот доколку би постапиле поинаку.
Пр. се будиш наутро и имаш две опции, да се разбудиш порано, или да спиеш до подоцна. Доколку се разбудиш порано, одиш до продавницата, те гази кола, и умираш. Доколку спиеш подолго нема да умриш.
Гледајќи УШТЕ наназад, услови на будењето порано/подоцна можат да бидат дали минатата ноќ си се опијанил или не;
Услов за пиењето може да биде дали женската ти се скарала или не;
Услов за скарувањето може да биде дали си стрејт или геј;
Услов за сексуалната определеност може да биде воспитувањето; и така до недоглед наназад... You name it. Што значи накратко кажано - И најмалата работа може да измести се’ живо и диво во просторот/времето.