Ме касна куче, а докторите ме пратија да го уловам...

  • Креатор на темата Креатор на темата emmy007
  • Време на започнување Време на започнување
Сигурно е таму јас сум убеден во тоа.. имаше група Американски научници пред некое време докажно дека секое куче откако ќе нападне стои на истото место во радиус од 50тина метри уште 2-3 саати најмалку надевајки се дека повторно жртвата ќе помине тука и ќе ја нападне. Што мислиш ти лекарите “онака“ ти рекле да одиш и да го бараш кучето сигурно и они се информирани за ова со американските научници ..

ПС. Јави се и во полиција асистенција да ти бидат, кажи дека лекарите ти рекле да го најдеш кучето ;)
Лекарите да беа толку добро информирани и толку стручни ќе седеа на своите работни места и немаше пациентите како животни да умираат по клиниките во надеж дека на докторот ќе му текне да превземе нешто додека не е доцна. И трудниците и бебињата немаше да умираат и да се заразуваат од жолтица (нема врска со темава ама ајде).
 
еее нино нино... тие што не се од мк ке помислат најдобар здравствен систем имаме во светот...
 
А барем ти кажаа како да го познаеме, за да ти помогнеме во потрагата?
 
Не смеат да не ти дадат нешто против беснило и да те пуштат така. Земи ги родителите и пак врати им се.И погласно лај.
Бев со моите лаевме лаевме и таа вика ништо кучето па кучето фати го :pos:
 
Е ова ти се вика глупа држава, проста нација !!!

Пикни му таму некој Ротвајлер и речи му еве го кучето, сега проверете го вие...
 
Врати се пак назад во болница ама сега земи една безбол палица и мавај додека претаат. Ако дојде полиција кажи не сум јас ваква веројатно кучето ми пренесе нешто. :icon_mrgr:

Сериозно сега, оди на приватно и види тие што ќе ти кажат.
 
Бев со моите лаевме лаевме и таа вика ништо кучето па кучето фати го :pos:
Шо не ја каснавте за нога и да избегате, па после нека ве бара кој сте.
 
Лекарите да беа толку добро информирани и толку стручни ќе седеа на своите работни места и немаше пациентите како животни да умираат по клиниките во надеж дека на докторот ќе му текне да превземе нешто додека не е доцна. И трудниците и бебињата немаше да умираат и да се заразуваат од жолтица (нема врска со темава ама ајде).

Шала беа предходните постови не бев сериозен да се разбереме :D
Инаку требало малце поостро да настапиш таму по секоја цена (гајле ти е) и да ги снимаш со ова што ги кажале па да испратиш до сите наши портали да ја видат и објават стручноста и професионалноста на дело на некои лекари, верувам после ова и откази ќе летаа.
 
Ако се изгребам на вратине од воз, теба цела композиција да ја носам? Абе тодоров, шупелкар еден!
Па како мора да се утврди фактичка состојба како си се изгребал. Мислам дека и шините треба да ги откорнеш, супер би било и патниците кои биле со тебе да дојдат.
 
Пред неполни 3 часа ме касна куче во сред центар. Веднаш отидов во градската болница, таму ми направија преврска и ми дадоа упат за во државна болница е тука почнува револтот. Влегувам таму нема ниту доктор ниту жива душа доаѓа еден студент и ми вика ништо ќе одиш да го бараш кучето му викам како да го барам ми вика така му реков има ли тука доктор може ли да дојде некој и и се јавува на таа доаѓа и почнува да ми вика ( сум ја прекинала во некоја кафе дискусија ) што да ти правам јас сега и викам вие мене каже ти ми што јас да правам ништо ми вика иди најди го кучето и јави се на ветеринар да дојде да го види и викам а кучето ќе стој таму и ќе го чека веретинарот да дојде да го види и што ако случајно повторно ме нападне ми вика па што јас да ти правам сега тебе имаш 24 часа и тоа е тоа. Каков е овој закон, каквов е тој однос доктор-пациент? Колкави се шансите на површина од 50км да пронајдеш куче скитник? Срамно е и жално, бедно и патетично каков третман добиваат пациентите од оние во кои што го гледаат единствениот спас..
Стандардна процедура е тоа. Иако малку е глупа. Го бараат кучето за да видат дали има беснило а тетанус веднаш се става. И не си требал да одиш во гратска туку на клинички центар -Инфективна Болница. Како и да е мене лани ме касна некоја џукела во центар. И имаа само една доза тетанус на инфективно и ми ја ставиа. А за втора доза тетанус и за беснило сам требале да си купам. Не си купив и преживеав. Но сепак е паметно да си купиш...не прави како мене :LOL:
 
Морав да одам во градска за да земам упат за на инфетивна бев и таму и ми го кажаа горенаведеното и не сакаше таа да ми стави тетанус иако инсистирав и јас и моите
 
како да го најде кучето бе? дали овие се нормални :tapp: наместо да ја прегледаат, да направат се што е можно во нивни раце, тие кучето па кучето најди го. :facepalm: абе оди таму врати се малку поразлутено, погневно, пцуј, викај, крши додека не превземат нешто
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom