Челзи - Манчестер Јунајтед | 28.10.2012 | 17:00

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување

Ваш тип за натпреварот?

  • Победа на Челзи

    Гласови: 85 41,3%
  • Победа на Јунајтед

    Гласови: 90 43,7%
  • Нерешено

    Гласови: 31 15,0%

  • Вкупно гласачи
    206
Статус
Затворена за нови мислења.

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.785
Поени од реакции
52.786
ChelseavsManchesterUZ.png
Во деветото коло од премиер лигата Челзи го дочекува Манчестер Јунајтед на Стемфорд Бриџ. Овие два тима и оваа сезона се помеѓу главните фаворити за освојување на титулата, па и едните и другите ќе сакаат да ги освојат трите бода за да го потврдат овој статус.​
После губењето на титулата во последните минути од последното коло минатата сезона, Манчестер Јунајтед го искористи летниот период за да донесе квалитетни засилувања на клучни позиции за да може да му конкурира на шампионот Сити.​
Челзи пак, после лошата сезона во домашното првенство и завршување на шестата позиција, најлош пласман во ерата на Абрамович и разделбата со Дрогба го подмлади тимот со квалитетни млади таленти од кои се очекува достојно да ги заменат играчите кои редеа успеси изминатите години.​
Челзи ја започна сезоната одлично и после осум изиграни кола се наоѓа на врвот на табелата со 22 поени од можни 24, со 4 поени предност пред тимовите од Манчестер. Ова е голем успех за Сините од Лондон со оглед на тоа што беа доведени доста нови играчи кои што треба да се вклопат во тимот, како и промена на стилот на игра.​
Манчестер Јунајтед се наоѓа на втората позиција со освоени 18 поени. Тие имаат шест победи и два порази оваа сезона. Црвените Ѓаволи сезоната не ја започнаа на најдобар начин, и често покажуваат несигурност во играта и примаат голови во почетните минути на натпреварот. Сепак, Фергусон располага со квалитетен тим кој засега успешно се справува со овој проблем.​
Јунајтед го има најдобриот напад во лигата со постигнати 21 гол во осум натпревари, 2 гола повеќе од Челзи кој заедно со Арсенал ја има најдобрата одбрана во лигата со примени 6 гола.​
Победа за Челзи би значела потврдување на лидерската позиција на табелата. Овие три поени би му дале на тимот предност од седум поени пред ривалот Манчестер Јунајтед. Победа за Јунајтед ќе значи доближување на само еден поен разлика од Челзи и дополнително ќе ја разгори борбата за титулата.​
Можни состави:​
Челзи
Чех​
Иванович - Луиз - Кејхил - Кол​
Микел - Рамирес​
Хазард - Оскар - Мата​
Торес​
Манчестер Јунајтед
Де Геа
Рафаел - Фердинанд - Еванс - Евра
Керик - Клеверли - Сколс
Руни - Ван Перси - Чичарито​
Интересен факт​
Manchester United have not won at Stamford Bridge in the league since April 2002 when they secured a 3-0 victory courtesy of goals by Ruud van Nistelrooy, Paul Scholes and Ole Gunnar Solskjaer.​
 
Пред се доста добар вовед од страна на членот Донев.(y)


Сеа да си кажам што имам да кажам,како што си е редот. :icon_lol:
Не сакам да не следи уште традицијата да си одиме од Стемфорд со пораз,оти навистина ќе се зголеми бодовната разлика.
Очекувам доста тежок дуел,барем за Манчестер Јунајтед. Одбраната е како што би рекле мариовците "тепаано мариоско сирење" по наше кажано бијано.Но за нивна среќа,нападот функционира беспрекорно постигнуваме повеќе голови отколку што примаме. :icon_mrgr:

Челзи ги немам следено многу оваа сезона една до две утакмици,другото сето лајвскор. :icon_lol:
Единствено слаба карика им е Торесита,упм не ги оправда и не ги оправда парите,доколку го земат Фалкао на полу-сезона е дури тогаш треба да се "плашиме".
Роберто Ди Матео сега засега гази се пред себе,па време е да го запреме. :)

Очекувам победа на Манчестер Јунајтед,со X не се задоволувам. :))
 
Браво за воведот Донев .

Иначе од моја гледаната точка ќе биде тешко, реално нерешено и најреален и најдобар исход на натпреварот. Но сепак јас сакам победа на Јунајтед но не е до мене. Останува да видиме.
 
Ќе биде тежок меч очигледно, но очекувам победа на Челзи, од навивачки аспект, и од аспект на неутрален фан, за да ми докажат дека навистина се достојни да бидат шампиони и дека се строго фокусирани да ја освојат ПЛ сезонава, досега имаме победи во ПЛ против сите големи тимови со кои игравме, за да идеме до крај, мора и Јунајтед на падне, а каде, ако не на Стемфорд, каде ќе е полесно за нас.
И очекувам фер судење, но бидејќи е Јунајтед во прашање, судењето е под знак прашалник, но нивната ситуација со Клатенбург е статус кво, па така да ќе видиме, како и да е, нека има убав фудбал за око, без многу сецкање и кочење на игра со непотребни препирки и глупости на терен.
 
Ова ќе биде фудбалски спектакл. Очекувам одлична игра од двете страни проследена со многу голови и убави фудбалски потези. Имам некое чувство дека ова ќе биде еден WOW натпревар.
За резултат не можам да кажам бидејќи ќе одлучуваат нијанси.
 
Потврдување на тоа кој е кој во Англија моментално, 3/4 гола во мрежата на Јунајтед и понижување на нивната не сигурна одбрана.
:D
 
Се надевам дека Челзи ке победи со голема судиска помош (нешто во стилот на Хауард лани кога им подари на Јунајтед 2 апстрактни пенали) па да уживам додека читам умрени и очајни коментари по натпреварот :cool::cool:
 
Време е Хазард да покаже дали е спремен да игра против силна опозиција во Премиер Лигата, или е само обичен играч кој се наоѓа под светлото само кога игра против екипи кои се малку погоре од работ на испаѓање. Според мене неговиот перформанс би бил еден од одлучувачките моменти во натпреваров. Тоа и способноста на Торес да не промаши празен гол...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom