- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.971
- Поени од реакции
- 86.313
По арапско (еден ден покасно) или по турско, го славите празникот?
(знам кој е ставот на ИВЗ, ме интересираат поединечните ставови на форумските муслимани)
ЕДЕН ПРАЗНИK - ДВЕ ПРАЗНУВАЊА
Kурбан-бајрам ги подели балканските муслимани
Различните пресметки и влијанијата на Турција и на Саудиска Арабија предизвикаа верскиот празник во Македонија и во Албанија да се слави еден ден порано отколку во другите држави на Балканот
Исламските верници од Македонија и од Албанија претстојниот празник Kурбан-бајрам ќе го прославуваат в четврток, еден ден порано од муслиманите во БиХ, Kосово, Србија, Црна Гора и Хрватска, како резултат на значителните разлики меѓу Турција и Саудиска Арабија околу утврдувањето на празничните термини.
Турската Исламска заедница определила празнувањето да биде в четврток, а саудиската еден ден подоцна, в петок. Посебното славење на Бајрам се објаснува со различните пристапи во пресметките, но извесно е дека зад него се наоѓа своевидниот ривалитет кој постои меѓу овие две земји во однос на улогата во исламскиот свет. Kурбан-бајрам, инаку, се празнува еден ден по утврдувањето на денот на кој исламските верници треба да се искачат на ридот Арафат, од кој пророкот Мухамед ги држел проповедите. Тоа зависи од положбата на младата месечина, која не секогаш може прецизно да се утврди.
Турција и Саудиска Арабија се мошне присутни на балканските простори, па не зачудува поделеноста на државите околу тоа чија пресметка ќе се користи за празникот во кој верниците принесуваат жртва, најчесто животни.
Астрономија и вера
Исламската верска заедница во Македонија пред неколку дена соопшти дека првиот ден од големиот празник ќе се празнува в четврток, заедно со верниците од Албанија и од Kосово. Но, по само неколку дека Исламската заедница од Kосово, иако ја потпиша декларацијата, соопшти дека Kурбан-бајрам сепак ќе го прославува в петок.
- Малку сме збунети. Бајрам во Македонија ќе го прославуваме в четврток, а нашите браќа на Kосово или во јужна Србија в петок. Не е добро кога вака голем празник се прославува неединствено - вели исламски верник од Скопје.
Во македонската ИВЗ велат дека стојат на тоа што и досега го практикувале и дека на одреден начин се изненадени од премислувањето на Kосово.
- Ние се ориентираме според верскиот календар на Евроазиската асоцијација, во која се Турција и други земји. При ова се користи астрономски метод за определување на појавата на младата месечина, кој е многу поточен од мерењето со голо око. Таа метода определува дека празникот треба да се слави в четврток. Не ми е јасно зошто ИВЗ на Kосово го сменила ставот. Можеби тоа се должи на некои други интереси од кои се раководат помалите верски заедници - изјави Јакуб Селимовски, член на раководството на ИВЗ.
Тој тврди дека во различните определби за тоа чиј календар се прифаќа, дали саудиарабискиот или турскиот, не треба да се бараат идеолошко-верски разлики кои постојат меѓу овие земји. Проблемот е само во користењето на методата, потенцира Селимовски.
Ден за обединување
Теологот Рамадан Рамадани наведува дека нашата ИВЗ треба јасно да се определи за да се одбегнуваат вакви ситуации.
- Сега, на пример, реис-ул-улема од БиХ ги повика сите Бошњаци да го слават Бајрам в петок, а тука ќе се прославува в четврток. Kого да послушаат? За ИВЗ е попотребно да се посвети исклучиво на верски прашања, а не да ~ биде примарно организирањето на одењето на аџилак - наведува Рамадани.
Некои од политичките претставници на Бошњаците во нашата земја наведуваат дека празникот ќе го слават в четврток.
- Тоа е ден кој е определен како празник од локалната ИВЗ и ние ќе го почитуваме - изјави Авдија Пепиќ, лидер на Странката на демократска акција на Македонија.
Реис-ул-улема на ИВЗ на Босна и Херцеговина, Мустафа Цериќ, деновиве ги повика верските власти да направат глобален муслимански календар кој ќе го прифатат сите.
- Голем грев е денот на Арафат, кој треба да биде ден на глобалното единство на муслиманите, да се претвора во расправа за прашање кое требаше одамна да биде решено, а не да се доведува во прашање самата смисла на Арафат, аџилакот и курбанот - потенцира реис-ул-улема Цериќ.
Разлики
l Саудиска Арабија е земја во која исламските верници го изведуваат традиционалниот аџилак во светите места Мека и Медина и која го определува календарот на тамошното празнување. Тоа е држава во која вахабизмот е државна религија, поради што постојано се наведува како „извозник“ на радикалните исламски структури и учења, особено во балканските земји. Таа досега инвестирала милиони евра во изградба на импозантни џамии во БиХ, но и во Kосово, а обезбедува парични донации во други области.
l Наспроти ова, во Турција, чија економија и улогата во регионот е во силен подем, се проповеда умерената форма на исламот, која се практикува и од исламските верници во нашата земја. Нашата ИВЗ во последниот период има зајакната соработка со турската ИВЗ. Нашата заедница е и членка на Евроазиската исламска шура, која е основана по иницијативата на турската ИВЗ за да се обединат исламските заедници од земјите што некогаш се наоѓале во составот на Отоманската Империја. Македонскиот реис-ул-улема Сулејман Реџепи во еден период беше и потпретседател на оваа шура. И покрај ова, во нашата земја се забележуваат форми на практикување на радикалниот ислам, за кои се тврди дека потекнуваат од Саудиска Арабија.
Бранко ЃорЃевски