Тодор Александров "дојава" во Кисела Вода

  • Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување

Дали го оправдувате поставувањето на споменикот на Тодор Александров во Кисела Вода?

  • Да

    Гласови: 15 21,7%
  • Не

    Гласови: 42 60,9%
  • Немам став, не сум запознаен околу ликот и делото на Александров

    Гласови: 12 17,4%

  • Вкупно гласачи
    69
Член од
19 јули 2012
Мислења
132
Поени од реакции
85
Не знам што не ви е јасно, едните на власт се бугари, другие балисти. Просто ко грав. А за спомеников, ова е како да изградите споменик на Хитлер во Ерусалим , некој да му фрли боја и Евреите да речат, дали се сложувате со него или не не е битно, историјата ве лаже, ајде да живееме заедно.
п.с. од другата страна го имате Хасан Приштина, пријателчето на Ванчо Михајлов, како и Џемо Хаса кој си имал добри односи со ВМРО (од тоа време).
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Пред неколку години беше сметан за најголем бугарофил и кривник, сега е најголемиот Македонец за некој.. Мое мислење, што не се обедините со Бугарија наскоро кога тргнало така?

Не знам што не ви е јасно, едните на власт се бугари, другие балисти. Просто ко грав. А за спомеников, ова е како да изградите споменик на Хитлер во Ерусалим , некој да му фрли боја и Евреите да речат, дали се сложувате со него или не не е битно, историјата ве лаже, ајде да живееме заедно.
п.с. од другата страна го имате Хасан Приштина, пријателчето на Ванчо Михајлов, како и Џемо Хаса кој си имал добри односи со ВМРО (од тоа време).
Тоа дрдњам и јас сега..
 
Член од
19 јули 2012
Мислења
132
Поени од реакции
85
Среќа ти незнаеш ни еден историски "факт " па можеш да си тропаш безврска ;)
Па види вака. Тодор Александров го има убиено Јане Сандански. Значи... Јане Сандански е предавник? Или ? Не можам да те сватам, дали немаш најосновно познавање од македонска историја, или си бугарофил.
Еве ви дел од историјава, понатаму најдете си ги на нет.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
многу добро напишано..(y)
Мислам дека многу луѓе кој одговараат на оваа тема од форумов се во заблуда во однос на прашањето кои биле Тодор Александров и Ванчо Михајлов.

Пред завршувањето на I Светска Војна, власта во Бугарија ја превземала земјоделската партија на чело со Александар Стамболиски кој бил прогласен за премиер на првата демократска влада на Бугарија. Бугарскиот Цар Фердинанд уште во 1915 год. кога започнувала I С. Војна го наредил убиството на Јане Сандански. Организатори на ова убиство биле водачите на ВМРО - Тодор Александров и Александар Протогеров. Тие му биле лојални на Бугарскиот Цар и го убиле Јане Сандански.

Со доаѓањето на Александар Стамболиски за премиер на Бугарија, Тодор Александров и Александар Протогеров биле затворени како воени злосторници. Бугарскиот Цар Фердинанд се повлекол од престолот и власта му ја предал на својот син Борис III кој спроведувал иста политика како татко му кон Mакедонија. Царот Борис им наредил на група негови верни офицери да ги ослободат Тодор Александров и Александар Протогеров. Тие успеале да ги ослободат водачите на ВМРО кои одма се ставиле во служба на великобугарската политика на царот Борис кон Македонија. По негова наредба, Тодор Александров ги организирал убиствата на претседателот на Бугарската Влада -- Александар Стамболиски кој бил убиен од телохранителот на Тодор Александров -- скопскиот војвда Величко Вељанов, и го организирал убиството на Ѓорче Петров.

Откако Тодор Александров бил искористен од Бугарскиот Цар Борис, а за да конечно се пресмета со македонските револуционери и комунисти, го наредува неговото убиство под изговор дека тоа го направиле мак. револуционери и комунисти. Убиството на Тодор Александров го извршил Ванчо Михајлов (личниот секретрар на Т.Александров) кој бил назначен за водач на ВМРО - Автономистичка. Во 1924 год., по наредба на Ванчо Михајлов ке бидат убиени 120 лyѓе од едно село во Пиринска Македонија. Истата година по негова наредба ќе биде убиен војводата Димо Хаџи Димов. Него ке го убие телохранителот на В.Михајлов -- Владо Черноземски -- човекот кој подоцна ке го убие Југословенскиот Крал Александар I Караџорџевиќ во Марсеј.

Во текот на II Светска Војна, Ванчо Михајлов станал отворен пријател и соработник на Мусолини и Хитлер како и на водачот на Усташката НДХ - Анте Павелиќ. По II Светска Војна, Михајлов со помош на Римо-Католичката Црква и Папата се крие цели 46 години од Југословенската КОС која го барала за да им го предаде на македонските власти и да биде суден за сите злодела кои ги направил врз македонскиот народ. За жал никогаш не е пронајден. Умира во Септември 1990год. на 94 - годишна возраст.

Заклучок: Тодор Александров и Ванчо Михајлов се најголеми врховисти и крвници во историјата на македонскиот народ!
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Па види вака. Тодор Александров го има убиено Јане Сандански. Значи... Јане Сандански е предавник? Или ? Не можам да те сватам, дали немаш најосновно познавање од македонска историја, или си бугарофил.
1.Доказ сега веднаш и одма за убиството на Јане Сандански дека е по наредба од Т.Александров како прво Јане која година е убиен знаеш ли ? 1915 за време на Прва Светска војна ај сеа пиши на гугле кога е основано ВМРО - автономистичка

2.Јане Сандански бил член на ФНЈ - Бугарско Крило предавник ли е ?
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Не знам што не ви е јасно, едните на власт се бугари, другие балисти. Просто ко грав. А за спомеников, ова е како да изградите споменик на Хитлер во Ерусалим , некој да му фрли боја и Евреите да речат, дали се сложувате со него или не не е битно, историјата ве лаже, ајде да живееме заедно.
п.с. од другата страна го имате Хасан Приштина, пријателчето на Ванчо Михајлов, како и Џемо Хаса кој си имал добри односи со ВМРО (од тоа време).
Нека му турат кукаст крст на Хасан Приштина ако имаат муда.
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Нека му турат кукаст крст на Хасан Приштина ако имаат муда.
нека има муда владата па нека ги тргне преимнуваните школи и споменикот.. не се врати по старо? толку од вербата во правна држава...
 
Член од
19 јули 2012
Мислења
132
Поени од реакции
85
1.Доказ сега веднаш и одма за убиството на Јане Сандански дека е по наредба од Т.Александров како прво Јане која година е убиен знаеш ли ? 1915 за време на Прва Светска војна ај сеа пиши на гугле кога е основано ВМРО - автономистичка

2.Јане Сандански бил член на ФНЈ - Бугарско Крило предавник ли е ?
Ова е толку налудничаво да не знам ни што да ти одговорам да бидам искрен.
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
нека има муда владата па нека ги тргне преимнуваните школи и споменикот.. не се врати по старо? толку од вербата во правна држава...
Ај сеа тоа е друга тема ... 99% албанско школо нема потреба од дискусија ќе треба политика да вмешаме у дискусија а така сигурно ќе ни ја затворат темава
--- надополнето: 22 октомври 2012 во 14:40 ---
Ова е толку налудничаво да не знам ни што да ти одговорам да бидам искрен.
Чао :) немораш да ми одговараш ама не се ни мешај кога немаш поима
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
нека има муда владата па нека ги тргне преимнуваните школи и споменикот.. не се врати по старо? толку од вербата во правна држава...
Хасан Приштина и Скендер Бег биле и „наши“ херои според некој „експерти“ на власта. Како и да е во општина Чаир Владата нема јуриздикција таму друг е на власт. Инаку не ја подржувам ни изградбата на споменикот на Александоров ама ај....
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Не знам што не ви е јасно, едните на власт се бугари, другие балисти. Просто ко грав. А за спомеников, ова е како да изградите споменик на Хитлер во Ерусалим , некој да му фрли боја и Евреите да речат, дали се сложувате со него или не не е битно, историјата ве лаже, ајде да живееме заедно.
п.с. од другата страна го имате Хасан Приштина, пријателчето на Ванчо Михајлов, како и Џемо Хаса кој си имал добри односи со ВМРО (од тоа време).
А замисли Евреите од твојот пример, да пробаат да го изгрдат споменикот на Хитлер со цртање на кукаст крст. :vozbud:

Како тоа Џемо Хаса имал добри односи со тогашното ВМРО?
Па види вака. Тодор Александров го има убиено Јане Сандански. Значи... Јане Сандански е предавник? Или ? Не можам да те сватам, дали немаш најосновно познавање од македонска историја, или си бугарофил.
Еве ви дел од историјава, понатаму најдете си ги на нет.
Одлично е тоа што го слушаш Жежов. Зошто не се согласуваш со неговиот став за Александров тогаш, кој го имаш во истово клипче што го постира?
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
А замисли Евреите од твојот пример, да пробаат да го изгрдат споменикот на Хитлер со цртање на кукаст крст. :vozbud:

Како тоа Џемо Хаса имал добри односи со тогашното ВМРО?

Одлично е тоа што го слушаш Жежов. Зошто не се согласуваш со неговиот став за Александров тогаш, кој го имаш во истово клипче што го постира?
Ама сепак Жежов тврди дека Јане е убиен под наредба на Александров незначи дека тоа е вистина нема цврсти докази за тоа никаде
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Ама сепак Жежов тврди дека Јане е убиен под наредба на Александров незначи дека тоа е вистина нема цврсти докази за тоа никаде
Нема цврсти докази, ама секој што е поупатен во македонската историја знае дека во тој период имало речиси граѓанска војна помеѓу Македонците, кои се убивале меѓусебно заради идеолошки разлики. Ако ги исклучуваме така, тогаш ниту еден македонски револуционер не треба да го славиме. Внуката на Делчев тврдеше дека Делчев е убиен по нарачка на Дамјан Груев, дали тоа значи дека и Груев нема заслуги за движењето?
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Нема цврсти докази, ама секој што е поупатен во македонската историја знае дека во тој период имало речиси граѓанска војна помеѓу Македонците, кои се убивале меѓусебно заради идеолошки разлики. Ако ги исклучуваме така, тогаш ниту еден македонски револуционер не треба да го славиме. Внуката на Делчев тврдеше дека Делчев е убиен по нарачка на Дамјан Груев, дали тоа значи дека и Груев нема заслуги за движењето?
Тоа сакав следно да кажам дека е по идеолошка основа ... али во секој случај тоа со Јане Сандански случајот е така не до крај испитан
 

Kajgana Shop

На врв Bottom