Посебноста е јасна, но ова регионална опосебеност уште не значи дека македонците ќе прекинат врските со матичната национална целина и ќе се опосебат во самостоен народ. На тоа што го предлагал Мисирков уште не му било дојдено времето, па Македонците продолжиле да си бидат Бугари.
Самиот Мисирков се откажал од своите теории.
Треба да признаеш, дека според се што напишал Мисирков Македонците си се нарекувале Бугари.
Така било од памтивек. За себе Мисирков пишува
Татко ми, дедо ми, предедо ми, ако се велеле по недоразбериiа бугари, то ушче не значит, оти и iас
требит да сум као ниф во мрак за моiата народност; ако се велеле ови бугари....
Значи татко му, дедо му и прадедо му по недоразберија се велеле Бугари, а тој најитриот, подобро од нив знаел...
Кога се родил прадедо му? Дали воопшто би имало можност некој да пропагира бугарштина тогаш?
Сакал или не, Мисирков признава дека бугарското име е присутно во Македонија низ вековите.
Ете што се чуделе неговите опоненти
Мнозина ке се запитаат: за каков национален сепаратизм овде се гоорит? не се мислит ли да се создаат сега ноа македонцка народност? Но тоа нешчо iет искуствено и као такво ке траiит ден до пладне. Ами каква ноа т. е. македонцка народност, кога ниiе, нашите татковци, дедои и предедои се велеле бугари?