Истото iет и ке бидит и со Македониiа.
Македониiа напраи опит наi напред да се ослободит от Турцко, но за сожал'уаiн'е
излезе опитот неудачен. Можит по ослободуаiн'ето ке се мислеше и за соединуаiн'е
со Бугариiа. Но таiа година ни покажа, оти историiцките. прилики никоi пат не ке
дозвол'ат да се соiединит цела Македониiа со Бугариiа; сега за македонците и
бугарите, остаат iедно од двете: или делеiн'е на Македониiа мег'у Балканцките
држаици и со тоа изгубуаiн'е за бугарите и македонците 2/3 од Македониiа, или
полно пресечуаiн'е врските со бугарите и постауаiн/е на македонцкото прашаiн'е
на совршено неутрална, чисто македонцка осноа. Кога така го постауат
необходноста прашаiн'ето, то iасно iет, оти секоi пат и от секого ке бидит
предпочетено второто. И вистина, зар ке се решит iеден искрен патриот македонец
да пожртвуат: Костур, Лерин, Битол'а, Охрид, Ресен, Прилеп, Велес, Тетоо, Скопiе
и пр. за соединуаiн'ето на Македониiа до левиiот брег на Вардар со Бугариiа? Зар
имат по голема близост мег'у iеден македонец од источна Македониiа и iеден
рушчуклиiа или iеден македонец од источна и западна или северна и iужна
Македониiа?