Купување преку интернет (генерална дискусија)

Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Здраво

Сакам да порачам нешто преку интернет, но сакам пакетот кога ќе стигне во Македонија да биде зачуван во пошта за сам да си го земам (бидејќи ретко кога има луѓе кај мене дома наутро за да го примат од поштар). Од поштата ми рекоа во billing address полето да внесам Post Restant. Но да си прашам и тука некој да не знае што да напишам за да пакетот стигне и остане во поштата и како ќе дознаам дека стигнал (треба тие да ми се јават или јас да одам да прашувам)

Фала однапред
Тешко кој продавач ќе ти прати било што на пост ресистант. Едноставно ако нема никој дома поштарот ќе ти напише покана да одиш на шалтер да си го земеш и ќе ти ја остави поканата во сандаче.
 
Член од
14 февруари 2009
Мислења
498
Поени од реакции
1.711
Фала ви на одговорите ќе оставам адреса во секој случај па што биде нека биде :)
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
348
Поени од реакции
81
До сега имам порачувано од eBay, но сега сакам да порачам нешто од DHGate. Дали имате порачано од оваа страница и како сте задоволни ?
Се работи за овој производ. Ме интересира:
- на страницата пишува Free Shipping, дали кога ќе стаса тука ќе треба да платам нешто дополнително ?
- дали со производот одат и сите кабли за коли и камиони ?
- за да платам со кредитна картичка, треба само да имам пари на неа и да ги внесам податоците што се бараат за да се заврши плаќањето ?
 
T

Tetro

Гостин

- carina ke si platis, toa e sigurno.
- kako pisuva tamu vo description-ot, taka treba da bide.
- da
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Нарачај прво нешто ситно види дали ќе ти стигне. Сепак е поголема количина на пари а кинезите знаат да мафтаат, де немаат на лагер во моментот, па со недели да не одговараат. И не им можеш ништо, никаде не можеш да се пожалиш. Плаќаш и право во црква, една молитва и една свеќа за здравје. :)
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Ако купувањето го правиш како приватно лице ќе си палтиш само поштарина(зависи од тешината и големината)во Македонија.Ако пишува free delivery тогаш е така,мислам дека до 300 евра пратки по пошта не се царинат а лично ако ги внесуваш мислам дека е до 500 евра.Пази кинезите знаат да зафркаваат.Еднаш имам купено од Alibaba,мобилен и никогаш повеќе.Мобилниот ми излезе низ нос а го чекав 4 недели.
 
По новиот закон за приватно лице се плаќа царина за над 22 евра вкупна нарачка. Беше 45 евра го смалиле. Нормално + ДДВ.
 
Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Ај и тука ќе напишам, оти ретко кој ја прати темата Навивачки групи.
Да не отворам нова тема беспотребно за слична работа.
Некој ако има порачано од PGWear го молам да ме контактира ПП зошто незнам како треба да ја платам порачката преку European bank transfer.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
По новиот закон за приватно лице се плаќа царина за над 22 евра вкупна нарачка. Беше 45 евра го смалиле. Нормално + ДДВ.
Од кога важи?
 
P

Princ

Гостин
Многу непроверени муабети низ форумов. Де свештениците имале секс во манастири, де границата за плаќање царина ја спуштиле од 45 на 22 евра...
Свештениците во манастири немаат секс. Ако има тој не е повеќе свештеник. Тој не станува свештеник дека сам-себе така си се обраќа туку поради начинот на живот, лајфстајлот да не речам.
Исто така, границата за плаќање на царина не е спуштена од 45 на 22 евра.
Царината си останува на 45 евра (и повеќе) по пратка, туку порано требаше за секој производ (без разлиак колку чини) да се плати данок, ДДВ, речи го како сакаш. Сега ако порачката е во вредност помалку од 22 евра не треба да се плати данок.

Да му одговорам и на Tawe.
- Ако е free shipping, нема да ти наплатат за поштарина. Тука (според цената на производот) ќе платиш данок и царина. Точните проценти/износи не ги знам, ама сметај отприлика уште 40-50% од цената. Пример, ако производот чини/го плаќаш 20.000 денари, тука ќе треба да платиш уште околу 10.000 за данок и царина.
- Не знам тоа, читај, прашај го продавачот... никој од нас нема да ти одговори на тоа прашање. Едноставно контактирај го продавачот, само тој знае што ќе стави во кутијата и како точно работи производот.
- Да.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
348
Поени од реакции
81
И уште нешто ме интересира. Сакам да платам со VISA. Картичката што ја имам е VISA Electron - има нешто разлика или ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom