Епа ондак сигурно и ви објаснил што значат овие ознаки, или па кога пишувал за да не пишува цели реченици напишал самно главното што се бара, а остатокот го издиктиралПа професорот вака ги постави на табла.....

Јас ознака M1 во животов не сум видел, а верувам дека и другите не користат, освен ако немате такви ознаки во новиве учебници

За да нацрташ некаков график треба да имаш некакви функции...
Дали тоа график се однесува на горниот систем од равенки?
Ако се однесува на тоа ондак, нацртај ги двете функции (ваљда знаеш како, ако x=-2, тогаш во равенката x+y=2, y ќе биде 4. ако x=-1, заменувапш во истава равенка, y ќе биде 3 итн, кога се црта график од вакви лесни равенки се заменува за x да биде -2, -1, 0, 1 и 2, а за овие вредности ги наоѓаш соодветните вредности на y со замена во равенката x+y=2). После ги црташ тие пет точки (x,y) ги поврзуваш и го добиваш графикот (правата) x+y=2. Истото го правиш и со другата равенка. Кај што се сечат, таму е решението на системот...
Решението ти е во точката(1,1) ради следново:
x+y=2
2x+y=3
x=2-y
2(2-y)+y=3 следува 4-2y+y=3 следува y=1
Заменуваш во горната x=2-1=1
Мислам ова се работи за забавиште, ваљда не ви даваат вакви задачи во средно

Затоа неможе да се решат кога се вака поставени без никакво објаснување.
Тоа детерминанта претпоставувам се однесува да ја решиш задачата со Крамерови правила

Во последната задача, мора Z да биде негде дефинирано. На што е еднакво Z?
Треба да има реален и имагинарен дел?
Ако земеме општо Z=a+i*b тогаш:
Z+Z (crta)=a+i*b+a-i*b=20 следува 2a=20 следува a=10.
Значи реалниот дел ти е еднаков на 10, а имагинарниот на 0, ако ти се бара тоа во задачата, а во вака поставена задача ништо друго не ми доаѓа на памет освен да се бара да ги најдеш имагинарниот и реалниот дел...
Камо нас да ни давале вакви задачи за тестови
