Снобизмот во Македонија е еден од подобрите производи, би можеле успешно да го извезуваме и пак да ни остане доволно. Има еден куп ситни, квази-снобчиња што не виделе подалеку од Солун, што мислат дека најголемо достигнување е да се купи облека од Манго, H&M, или евентуално ако купат фармерки од Дизел веќе им треба пелена пошто се подмочале од радост, а Реј-Бан наочари ако имаат тие веќе мора покрај клучевите од кола (купена на лизинг) и мобилниот (земен на рати) да се стават на маса кога ќе седнат во некој од кафичите на Шљамзелизе (попозната како Ленинова).
Никогаш не сум можела, ниту сакала да ги разберам тие шупаци (извинете на израз, ама не можам да најдам понежен израз за таквите појави) што мислат дека се нешто подобри ако носат ваква или онаква облека или потпрднуваат од радост на одреден пијалок/храна само зашто е поскап од другите, или евентуално не пробале нешто подобро. Воглавно, IQ-то на ваквите персони се сведува на утринската температура во тек на сибирска зима.
И како што и другите кажаа, немаме само снобови кои мислат дека се материјално супериорни, туку и онакви кои мислат дека се интелектуално супериорни, па користат големи зборови, на кои за да им го откријат значењето прво ги бараат на Google, и секој кој не се сложува со нивното уникатно, генијално и брилијантно мислење е глупав, прост, неспособен, итн...
E, уште попосебен подвид на снобчињата ми се скопските хипстерчиња. За нив може да напишам еден роман во врска со нагоните за млатење со чекан по глава што ми ги предизвикуваат.