И ова е твој став и јас го почитувам. Али апсолутно не се согласувам.
Не е битно дали се согласуваме
Битно е што секој може да го изрази својот став.
За вакви прашања нема јасна граница и апсолутна точност.
Лошо е кога некој ќе замисли дека неговиот став претставува сполутна вистина, било да е позитивен или негативен. А посотјат и такви персони.
И во два спротвставени става, имаш барем мал дел вистина во едниот.
Интересен следниов момент.
Кога пред низа месеци решив да пишувам на оваа тема, која дотогаш воопшто не ме тангирала во реалноста, а богами ни сега, и да го изразам својот став околу оваа појава, очекував повеќе дискусија за споделување искуства од медицината, и сознанија од истата за оваа појава, како и отворен разговор на луѓе припадници на ЛГБТ заедницата околу нивниот секојдневен живот, па и делови од сексуалниот, како би се срушиле некои табуа и би се доближиле дел од размислувањата.
Но како фидбек се доби пред се кафанска дискусија околу социјалниот аспект на оваа популација, и взаемни навреди меѓу двете наметнато спротивставени страни, како и лупање еден единствен линк од википедија што е болест, и дека од 1973 не е болест и тоа е бре Бибилја у денешно време.
За мене секој оној што не успева да ги согледа двете страни на паричката, и се обидува да наметне 100%ен сопствен став како апсолутна вистина, не прифаќајќи да ја заврти паричката и од другата страна, е класичен верник во одредени дефиниции и наштелувани вистини.
Мое лично мислење е дека хомосексуалноста како тема и нетрпеливоста кон истата од одредени персони, како и смртно залагање за нив од другата опција, е изнудено токму од таквиот тип на дискусија - нереален, се гледа само сопствената вистина и обидот да се биде центар на внимание во таква дискусија.
Јас лично сметам дека одамна на форумов нема место за сериозна дискусија на оваа тема
Ме интересира потребни ли се воопшто две спротивстванеи страни со дијаметрално спротивни размислувања по ова прашање? Според мене е апсолутно непотребно.
Помина времето на инквизицијата и палењето и убивање луѓе. Заминаа и нацистите со своите идеи во историјата.
Живееме во свет кој робува на интелектот и технологијата.
Сите поврзани прашања со оваа појава без разлика дали ја смета некој за болест, ненормална или пак сосема спротивно, заслужуваат одговор и објаснување за спротивното мислење.
Класичното инаетење и фурање во филм дека едната страна е сосема во право, доведуа до ваква ситуација на форумов, каква што ја имаме во моментов. А тоа е фаќање сеир, и препукување меѓу пар луѓе на најниско ниво.
А ребаше да биде нешто сосема спротивно......
Ебеш му матер форум трпи се

Очигледно е.