Не сакаш да ти одговорам.
Па поарно немој. Ко шо те осеќам со слободоумни, либерални, прогресивни идеи, немој.
Разбирам дека според вас не постојат нормални работи. Се е тоа релативно. Така велат либераливе. „Алоо пеер, не биди заостанат пеер, шо е тоа нУрмално денес, се е релативно пер“.
Истите тие завршуваат факултет, здравје на магистерски одат, ќе аплицираат за работа, ќе се стремат за фамилија, ќе и помагаат на свекрвата да не го мети дворот сама, ке оди на свадби, крштевки, родендени, ако останат пари и во Аликанте на одмор, децата ке ги запише во најреномирано школо (здрави живи) и тн.
Ама ништо од тоа не мора, се е релативно пеер. Може и капинки да збирам во планина и да живеам во пештера, тоа не е ненормално, никој не може да ме брани. Само јас одбирам да бидам нормален.
Но, ќе филозофирам на теми кои немаат допирна точка со мојата либерала, па тука ке ги вадам моите либерални ставови, да видат колку сум напредно ljudsko bice.
Дур го пијам моето утринско кафе, и му ги спремам извештаите на шефот. И си се смешкам, оти ништо не е нормално, се е релативно.
Од страна пак, некој ако ме праша дали деца родени со деформитет (на пример) се нормална појава, ќе речам.. и тоа е релативно
Или не. Зависи.
бла бла bla.