Ама ти си на темава за да ми даваш совети и за да ми кажеш што да пишувам а што не?
Извини али советите чувај си ги за дома.
Темава е дали имаме душа или не.
Ако имаш нешто да кажеш, повели....
ПС Прочитај малку повеќе па дискутирај, има 10 страници темава...
Ајде оште еднч ја прочитах целата тема. Нешто како советите од Џурџо колку пати требе да се читат неговите дела. И шо има..
Неколку човека земале си по еден филозоф од истоко и се кријат зад некакви двосмислени зборове, чудни компарации, метафори, алегории, параболи, хиперболи, пробувајќи да ги убедат друзите оти некојси источен филозоф го знајал пато и одговоро како со помош на органски портал, не ти знам шо, можело да се дојде до некое спиритуално битие, шо можеби наликува на нематеријалната енергија шо го испунува бродо составен од крв и месо... Големи зборове, големи реченици, па оправданија за нејасност на мислите, па оште повеќе оправданија и криејне зад некој умрен алтернативен духовен лидер шо произведувал текстове по шаблон, како на производна линија. Дрн, дрн, дрн, дрн, дрн, дрн, дрн, оште повеќе дрн. Најважнио момент е, ако не се согласуваш со цитираното “дрн, дрн, дрн“, по автоматизам не си доволно начитан, просветлен, не знаеш за сопствената душа, или не си свесен за 10тинката души (или парченца... Нешто како хоркруксите од Потер).... Ајде бе.....
Да, прочитах ти цитатите, прочитах ти постовето.. Ама повеќето са некакво парафразирајне на некој филозоф. Тава твојте ли мисли са за душата, или на Џурџиеф? Јас не можех да ги разграничам.
Други имаше шо са се дрзнале да цитират некаков изфрустриран американец оти кучиината немале душа, па пробува таа аналогија да ја префрле и дека животните немале душа.... Се се објаснува со инстинкти, и како резултат на социјализацијата у општеството...
Епа, и едното и другото са грешка у чекори. Грешка, шо “модерното време“ (У наводници, оти сме си истите абдали как шо сме си биле 1000ци години, само технологијата оде напред), не оддалечува од нештата шо не опкружуват, од самата природа. Измислуваме филозофии, сложени зборове, школи, учења за да си објаснеме шо е тава однатре... Наместо да зееме да работеме со тава однатре, да го прифатеме како дел од нас, нија тепаме време да докажеме дали го “заслужуваме“, дали е “расцепкано“, или е заспиено...
Зашо иам душа... Зашо животните имат душа... Јас сам прос и едноставен човек. Едноставни нешта у живото ме терат да размислувам, и да си ги толкувам нештата. Реални нешта, не се кријам зад филозофи, алтернативни попове, и други производители на текстове со големи зборове... Иако понекојпат ги читам, заради некаква љубопитност.
Секоја година, Ѓурѓовден е селска слава. Тате како домаќин човек е таксал оти ќе се коле јагне или јаре, на тај ден.. И секоја година се коле... Ама човеко оти е зафатен, последните неколку години јас сам тај шо ги гоне работите.. Од касап, до средувајне на месото... Значи, одеш со овчаро и си го бираш јагненцето... Флезеш у трлото, и се ѕвереш у офците и јагниината.. И овците седат мирни и стутулени, а јагненцата се кријат кај мајките (иако пред 5 минути си ги гледал преку оградата как си рипкат весело, играт си, и се буткат со главичките).... Знаат, оти некој ќе оде курбан... И го фаќаш, врзуват му нозите, и оно се целото тресе... И не врека, не блее, испушта само некакви звуци на немоќ... Носеш го дома, зимаш ножо (викам комшијата да го среде, оти јас Јагне не можам да заколам... жал ме е)... И му фаќаш главата, и коа писне како мало дете, потече крвта, и те гледа со тија стаклени очи, додека живото и душата му излева, сваќаш шо си направил.. Сваќаш, оти нешто од тебе однатре умира, как шо умира и јагненцето... Не е препорачлив тај писок на човеци со слабо срце... Тава тука е само еден пример, има ногу такви нешта шо сам видел или учествувал.
Или да го гледаш погледо на баба ти додека се маче од болка, и ја има таа тежина у воздухо... тежина на тенката линија на живото и смртта... И на крај да и помогнеш барем да поживее оште неколку месеца, оти чисто си ја сакал таа душа, тај човек шо ти е давал безрезервна љубов...