Хомосексуални бракови во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Divider
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Знам дека ќе се смени. Се ќе си дојде на свое место.
Иронично е што сега плукаат по хомосексуалци, а завидуваат на земји кои што го имаат сето тоа регулирано. Или плукаат по хомосексуалци, а Албанците Хасан Приштина им го местат пред двор. Мислам дека цела негативна енергија ја канализираат врз вакви групи, затоа и сум против масовни собири на дискриминирани групи, оти од немоќта да се справат со своите проблеми, егзистенцијални, политички и религиозни маваат по најслабата алка. Мажишта бре! Ќе ги натепам! Ту јакиов маж кого ќе натепа! Мускул до мускул, омраза до омраза и нема на кого удри по различните од себе, ќе градиме патријахално општество, абе ајде не ме смеј. Општеството пред очи ти се растура како кула од карти ти мускули најде да покажуваш на маргинализирани групи.
Не ги засега, ги туркаат конзервативниот филм пред туѓ двор оти својот им е нечист. Чиста немоќ за решавања на важни и битни прашања.
Читам сега Хасан Приштина бил и наш херој му бил прво другарче на Ванчо Михајлов го ослободувал Скопје :confused: Ова Скопјево наше било едно 20 пути „ослободувано“ во последните 100 години.
Он д` топик. Си собираат сега гласови од пензионери здружение на борците од НОБ МПЦ ОА МОА ПОА...знаат на какви глупости се пали народ. Педериве ги направија криви за се во МК од економија до наталитет. А ова хероиве ќе не спасат. Нема везе...како што е работава дури јавно да кажеш дека си за геј бракови ќе те направат или дека си хомо или дека си ненормален. А очигледно е во одбрана на нив во јавност настапуваат само или педери или некој сомнителни НВО-а. Нема муж да каже што мисли јавно само трубат и овие пофоруми гарант на пола им е страм пред мама и тато да го кажат тоа. За да не добијат непријатни прашања и криви погледи.
 
Е па и да си и да не си јас и ти сме пореметени, на пример американските републиканци не ставаат во ист кош со педерите оти со анимеа шириме терор и лошо влијание и нормално бараат лек за нас и да ги забранат аниемеата оти го ништат здравиот христијански дух. Што викаш, дали се во право?

Многу поретко се прикажуваат анимеа на американски телевизии и тоа си е нивно право дали треба да го забрануваат или не.
Секој различно ги доживува работите... јас ко мал пробував да направам каме каме-бран не ми одеше,се откажав.

Долина на волците е забранета да се гледа во неколку држави од кои најпознати се САД.Викаат дека се шири терор со тоа и лошо влијание и омраза.
А затоа пак секогаш кај америте добри се тие,а лошите чичковци се или руси или муслимани.Ич не убо работат....

Дури и компјутерските игри се про-амерички... ти го перат умот како си специјалец амерички и тепаш руси или муслимани.

Јас мислам дека не се во право.
 
Не, туку гушнати :). И голем сочен бакнеж у врат пред група таксисти на испраќање :cool:
Чудна е оваа појава. Јас никогаш немам така праено пред таксисти. Ниту пред други непознати. Тие се интимни моменти кои бараат интимност, не публика. Од каде потребата од сочни бакнежи пред непознати луѓе?


А што се однесува до дискусиите дека во брак пред децата нема секс, точно е. Но има гушкање, бакнеж, држење за рака и така натаму...што децата го примаат за нормално, мама и тато се сакаат. Дали има истражување како реагираат децата кога двјца истополови родители го праат тоа пред нив? Како се одразува на нивната психа понатаму низ животот?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~A~
На нишан сме ние "хомофобите" :)

Ако мислиш дека сум неправедна на темава имаш опции да кажеш и да посочиш каде е некој неправедно баниран, избришан или опоменет. На нишан се сите оние кои си земаат за право да дискутираат како со животни. Ако ти Луртз несакаш да ти се обраќам како кон животно, немој да си дозволуваш да се дрзнуваш и да навредуваш.
Плус на нишан се плачковци на форумов, плачење по дома кај мама во прегратка, овде не. На кој му се дискутира бујрум, кој мисли дека е нешто над човечко ете има иди види форум, ајвар, мајвар, фемини мемимини. Ауф натаму.
Правилата важат за сите подеднакво, она што јас ги бранам хомосексуалните ставови не му дава право на хомосексуалец да вреѓа на темава или да се чувствува заштитен од мене. Дружба си е дружба служба си е служба.
 
Чудна е оваа појава. Јас никогаш немам така праено пред таксисти. Ниту пред други непознати. Тие се интимни моменти кои бараат интимност, не публика. Од каде потребата од сочни бакнежи пред непознати луѓе?


А што се однесува до дискусиите дека во брак пред децата нема секс, точно е. Но има гушкање, бакнеж, држење за рака и така натаму...што децата го примаат за нормално, мама и тато се сакаат. Дали има истражување како реагираат децата кога двјца истополови родители го праат тоа пред нив? Како се одразува на нивната психа понатаму низ животот?

Чудно, ама за 22 години брак, моиве ни еднаш се немаат бакнато пред мене или сестра ми.
И благодарна сум за тоа. Во наше отсуство, што сакаат нека прават.
Јас пред сестра ми го немам бакнато дечко ми, а не пак, пред моите деца да се лигавам.
 
Читам сега Хасан Приштина бил и наш херој му бил прво другарче на Ванчо Михајлов го ослободувал Скопје :confused: Ова Скопјево наше било едно 20 пути „ослободувано“ во последните 100 години.
Он д` топик. Си собираат сега гласови од пензионери здружение на борците од НОБ МПЦ ОА МОА ПОА...знаат на какви глупости се пали народ. Педериве ги направија криви за се во МК од економија до наталитет. А ова хероиве ќе не спасат. Нема везе...како што е работава дури јавно да кажеш дека си за геј бракови ќе те направат или дека си хомо или дека си ненормален. А очигледно е во одбрана на нив во јавност настапуваат само или педери или некој сомнителни НВО-а. Нема муж да каже што мисли јавно само трубат и овие пофоруми гарант на пола им е страм пред мама и тато да го кажат тоа. За да не добијат непријатни прашања и криви погледи.

Нормално, вакви изјави од министер не се ништо друго освен политичка кампања. Демек видете не нас ние хомосексуални бракови не дозволуваме, ту алал да ви е. Демек има маж во земјава па што ќе дозволи, 10 години се вртат како прдеж во гаќи незнаат каде да мавнат и се истото и пак истото. Сега им текна да уклучат морални и патријахални моменти се знае широка народна маса на што се пали, на нискоинтелегентни муабети. Нема да им дозволиме брак! Небаре закана за државата се, ќе ја освојат. Филм скери муви двојката.
Следно удар врз либерални ставови, се е квази, се е лажно, затворете се ви перат мозок, држете се во четири ѕида, држете се браќа Македонци! Сад или никад. У позадина длабок поклон на учк. Плукам по вакви боси муабети и филмови, оној вчера рипна од илјадници километри, ние збориме за луѓе кои сакале ист пол. Као демек ние ги измисливме хомосексуалците не дека одсекогаш постоеле.
 
Родител 1 и Родител 2.Нешто како роботи?

Понеделник, 15 Октомври 2012 14:41​


Левичарската влада на Франција предложи од сите државни формулари да се исфрлат зборовите „мајка“ и „татко“. Предлагаат да се користи формата „Родител 1“ и „Родител 2“. Причина е предлогот за легализација на хомосексуалните бракови. Каде сето тоа ќе ја однесе Франција за 30 години, останува да видиме во наредните децении.
marriage.jpg

Доколку социјалистичката влада на Франција успее во својата намера, мајките и татковците ќе престанат да постојат на хартија.
Поради легислативата за легализирање на истополните бракови, со што хомосексуалните двојки ќе имаат шанса да посвојуваат и деца, термините „мајка“ и „татко“ може да се заменат со формата „родител 1“ и „родител 2“ во правните документи, вклучувајќи ги и изводите од книгата на родени.
Овој предлог ги разбесни религиските власти во земјата и поттикна бран критики од тие коишто велат дека ваквите промени во законот на Франција мора да бидат ставени на јавно гласање.
-Мора да се постави референдум и дебата. Мнозинството луѓе се согласуваат со традиционалниот поглед кон бракот, вели Доминик Реј, бискуп на римокатоличката црква во Тулон.
Тој предупреди дека може да се отвори Пандорина кутија доколку не се почитува природниот ред на работите.
Министерката за правда на Франција, Кристијан Таубира, рече дека легислативата, којашто ќе се претстави овој месец, треба за да се „секуларизира брачната врска“ и да се дозволи на истополните бракови да посвојуваат деца под исти услови како и хетеросексуалните двојки.
Со ова би се дозволило и еден партнер од хомосексуална двојка да го посвои детето на неговиот брачен другар.
Според моменталниот закон, еден од партнерите во хомосексуална врска или невенчана хетеросексуална двојка, може да посвојат дете само како самохрани родители, со што само тие ќе имаат право над детето.
Владините претставници велат дека Франција веќе го кажала своето мислење кога го одбрала Франсоа Оланд за претседател. Оваа мерка беше дел од неговата кампања.
-Дали ја криевме намерата за легализирање на овие бракови и можноста за посвојување деца? Напротив, бевме многу отворени во тој поглед, рече портпаролот на владата, Наџат Валуд-Белкасем.
Според анкетата направена минатиот четврток, 61% од испитаниците велат дека се за легализирање на истополни бракови, но само 48% од нив ја поддржуваат идејата за посвојување деца од нивна страна.
Католичката црква е непопустлива по ова прашање. По средбата со министерот за внатрешни работи, кардинал Филип Барбарин предупреди дека „истополните бракови ќе го отворат патот за полигамијата и инцестот“.
-Последиците може да го разорат општеството. Ќе сакаат да прават врска со тројца или четворица членови. Потоа можеби ќе падне и табуто околу инцестот“, рече тој.
-Се шокирав кога го слушнав ова од него. Сметав дека е мудар човек. Не знам што му стана, тоа што го кажа беше грдо, рече Делано, градоначалникот на Париз.
Франсоа Лебел, конзервативниот градоначалник на една област во Париз, вели дека нема да присуствува на хомосексуалните бракови доколку се постави законот, а во Франција градоначалниците и замениците ги водат венчавките како матичари.
Лебел го склучи бракот помеѓу поранешниот претседател Никола Саркози и Карла Бруни во 2008 година.
-На пример, како некој ќе може да се спротистави на полигамијата во Франција, нешто што е табу во западната цивилизација, праша тој.
Но Лебел рече дека иако тој ќе одбие да ги води брачните церемонии на хомосексуалните двојки, матичарите ќе мора да го почитуваат законот.
 
Чудна е оваа појава. Јас никогаш немам така праено пред таксисти. Ниту пред други непознати. Тие се интимни моменти кои бараат интимност, не публика. Од каде потребата од сочни бакнежи пред непознати луѓе?


А што се однесува до дискусиите дека во брак пред децата нема секс, точно е. Но има гушкање, бакнеж, држење за рака и така натаму...што децата го примаат за нормално, мама и тато се сакаат. Дали има истражување како реагираат децата кога двјца истополови родители го праат тоа пред нив? Како се одразува на нивната психа понатаму низ животот?


Ако е тоа дете е педер, лезбејка и хетеро, биди сигурен дека средина во којашто живее нема да му повлијае, Инаку децата во такви бракови ќе бидат многу по опен мајндед и понапредни и потолерантни од сите вас.другите. Пошто тој пар што се решил да има деца, ќе ги цени многу повеќе поради тешкотиите во добивањето.
 
А што се однесува до дискусиите дека во брак пред децата нема секс, точно е. Но има гушкање, бакнеж, држење за рака и така натаму...што децата го примаат за нормално, мама и тато се сакаат. Дали има истражување како реагираат децата кога двјца истополови родители го праат тоа пред нив? Како се одразува на нивната психа понатаму низ животот?

Јас сметам дека е правилно децата да видат љубов меѓу таткото и мајката преку гушкање и држење за реце и други стини, но значајни моменти во една заедница (на маж и жена).
Неправилно е да се има сношај пред деца, дури ни кога се будни и во друга соба.

А навистина, пред да се отпочне со нешто, тоа треба детално и внимателно да се истражи, како болдираното. Особено ако се соочени со други состојби каде кај другарчињата јасно се знае која е мама, а кој е тато.


Сега видов, ојде Франција у неврат.
 
Следејќи чекор, во Македонија сите бракови се нелегални ако не ги темјанисаат у црква.
Бем ти.
--- надополнето: 15 октомври 2012 во 19:50 ---
Еј Луртз, понапред спомнав за мој другар кој сега обелодени дома дека е геј.
Има двајца браќа, хард кор хомофоби иначе. Како, од 3 деца, растени во исти услови и семејство создадено од жена и маж, успеа едниот син да стане хомо, а двајца хетеро?
 
Следејќи чекор, во Македонија сите бракови се нелегални ако не ги темјанисаат у црква.
Бем ти.

Не темјан, туку да се миросаат, а за тоа се користи смирна
 
Градоначалникот на Париз е геј, мислам толку луѓе во политиката се геј. Само кај нас у политика нема геј:pos:
Ве молам една акција за донирање средства за владини шкафови. Колку поголеми толку подобро да може да ги собере.
 
Нормално, вакви изјави од министер не се ништо друго освен политичка кампања. Демек видете не нас ние хомосексуални бракови не дозволуваме, ту алал да ви е. Демек има маж во земјава па што ќе дозволи, 10 години се вртат како прдеж во гаќи незнаат каде да мавнат и се истото и пак истото. Сега им текна да уклучат морални и патријахални моменти се знае широка народна маса на што се пали, на нискоинтелегентни муабети. Нема да им дозволиме брак! Небаре закана за државата се, ќе ја освојат. Филм скери муви двојката.
Следно удар врз либерални ставови, се е квази, се е лажно, затворете се ви перат мозок, држете се во четири ѕида, држете се браќа Македонци! Сад или никад. У позадина длабок поклон на учк. Плукам по вакви боси муабети и филмови, оној вчера рипна од илјадници километри, ние збориме за луѓе кои сакале ист пол. Као демек ние ги измисливме хомосексуалците не дека одсекогаш постоеле.
Kонзервативизам Држава Вера Територија Историја...од камено време до 25 век. Секогаш ќе има некоја нова баба рога со која ќе се борат. Абортуси Педерлук Албанци Бугари Грци Комуњари итн. А народот се однесува како принцеза во невоља и ќе биде спасувана од Принцот на Белиот Коњ. Не е ни чудо кога според некоја анкета 50-60% би сакале да се некое диктаторче да ја води земјата...ала Путин Тито Гадафи и компанија.
 
Јок, ено ни ги двестене илјади, нека праат партија. Туку, идат локални ибори, ене им шанса. А може да испаднат кокалниве и вонредни парламентарни.
иако нема сила што може Груевски да го смени, бидејќио човекот си ја знае работата.
--- надополнето: 15 октомври 2012 во 19:58 ---
.ала Путин Тито Гадафи и компанија.
Под Путин Русија испалти сите долгови. под Тито цел свет пари со вреќи фрлаше на Југославија, кај Гадафи немаше црнци во зоолошка во кафези туку беслатно здравство, интернет, студии и дури и пари за дошколување вон Либија.

Грешни примери даваш за државен и народски благодет.

Нели, ЕУ чини, а? Да не е Германија војни ќе имаше од банкротисани земји.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~A~
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom