Се собрале 5 души, ама битно никој не шетал гол. Тоа е нешто што не сакате повеќе да го гледате како воопшто некогаш да се случило.

Не верувам дека е фалење да се биде хомосексуалец бидејќи сексуалнота не го прави еден човек поголем од друг. Тоа е нормална и секојдневна работа. И да е еден хомосексуалец треба да има демократско право да ги бара личните права во демократска држава. Бара закон против дискриминација по сексуална основа, а господата од Сител со своја дефиниција на дискриминција (која не вклучува говор на омраза) викаат дека немало никаква дискриминација. Згора на тоа викаат дека хомосексуалците дискриминирале. Се прашувам, по која основа овој пат?
Ние сме народ кој никогаш не се буни за своите права, па со презир гледаме на било каква иницијатива. Без разлика дали е ова или нешто друго. И да донесат закон, ќе се мрчи 2-3 дена и ќе се заборави. Да не набројувам милион примери во изминатово време кои го потврдуваат ова, за жал.