Хомосексуални бракови во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Divider
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.336
Поени од реакции
3.062
Веб-сајт
maddox.xmission.com
Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски изјави дека за ВМРО-ДПМНЕ бракот е заедница меѓу маж и жена и отстапки за тоа прашање нема да се прават додека партијата е на власт, и нема да има никакви промени во законот за семејство и нема да се дозволи склучување на хомосексуални бракови во Македонија.
- Не сакам ни да дискутирам за прашањето на хомосексуалните двојки да им се дозволи да посвојуваат деца, затоа што сметам дека едно дете треба да биде правилно развивано, да расте и да се развива во брак во кој што ќе има мајка и татко во вистинска и биолошка форма на зборот - изјави Ристовски.


Јас лично се сложувам со ставот на Министерот по ова прашање и сметам дека е правилна одлука на власта.

Само, знам дека ќе има многу лица кои од икс причини ќе велат дека не е така. В ред, секој има право на свое мислење.
За да не заврши и оваа тема во канта, да се ограничиме на соодветна и културна дискусија.

И да не навлегуваме во лични определби на форумџиите.

Вие? Ставови?

П.С. Педофилијата и некрофилијата немаат место на оваа тема.
 
Еден милениум понапред го поставуваме ова прашање. Не знам министерот со кој памет воопшто зборува на оваа далечна тема.:pos:
Ќе притиснат од ЕУ и демохристијанското убедување ќе им падне во вода.

Македонија е дел од групата земји (заедно со Русија и Србија) каде народот е силно приврзан со Црквата и смета дека не-хетеросексуалноста е производ на Западот. Исто така, смета дека либералите се чир меѓу луѓето и причина за општествена стагнација. Ова мислење нема да биде трајно. Ќе се смени. Ќе треба многу време. Јас, еве, давам 1 милениум.
 
Да ти ебам куќата без стопанка :icon_lol:.
Кога има хомосексуален брак таа куќа нема вагина која што може да се опцуе и со тоа се губи дел од македонската култура во која што коренито е вдлабено карање на стопанката, и тоа е една од причините зошто сум против хомосексуален брак.

Дури и во една од најдобрите сцени во Пред дождот Раде Шербеџија ја изрекува таа култна реченица, која што нема врска со мајка му туку има сосема друго симболично значење.

 
Еден милениум понапред го поставуваме ова прашање. Не знам министерот со кој памет воопшто зборува на оваа далечна тема.:pos:
Ќе притиснат од ЕУ и демохристијанското убедување ќе им падне во вода.

Македонија е дел од групата земји (заедно со Русија и Србија) каде народот е силно приврзан со Црквата и смета дека не-хетеросексуалноста е производ на Западот. Исто така, смета дека либералите се чир меѓу луѓето и причина за општествена стагнација. Ова мислење нема да биде трајно. Ќе се смени. Ќе треба многу време. Јас, еве, давам 1 милениум.
Хаха, добро што е еден милениум, немоj да испаднат 2 :D
Лично мислење е дека треба да се овозможат истополови бракови бидеjќи неовозможувањето ги прекршува човековите права а ние како „либерална“ земjа на хартиjа коjа е „секуларна“ (на хартиjа) треба да овозможиме секоj да има право да одбере со кого ќе стапи во брачна заедница. Лично на бракот гледам како непотребна институциjа но пак, доколку луѓето кои плаќаат данок во земjава и придонесуваат го сакаат истото, тоа државата треба да им го овозможи. Министерот Спиро наjмалку има право да зборува за тоа бидеjќи некои негови колеги од владата го практикуваат тоа што тоj jавно го забранува.
 
Хомосексуалноста не е ништо ново...постоела уште од античко време и ќе постои и понатаму.

Ги поддржувам овие бракови од аспект што е многу полошо ако е некој геј, се ожени само за да се прикрие, добие дете, и после се дознае и пукне брука.
Познавам ваков случај, а имаше и емисија одамна кај Анета Кочишки, кога тип си призна дека е геј, се жени заради околината, ич не ја сакал девојкава, ама тоа е, морал да се прилагоди на средината. На ниедна жена или девојка не и посакувам да се најде во таква ситуација, тоа е најлошо што може да го доживее. Исто и децата, и за нив е голема траума.

На крајот на краиштата, многу геј родители подобро се однесуваат кон своите деца отколку хетеросексуалните. Па и кај нив има машко-женски улоги, вака или онака;)
 
Се сложувам со мислењето на Godric (y)

Едно дете за правилно да расте и се развива е потребно многу повеќе од тоа да живее со мајка и татко кои само ќе фигурираат како такви не водејќи грижа за неговите вистински потреби.
И дали треба да им се одземат децата на самохраните родители каде што едниот родител од Х причини го нема сметајќи (според Спиро Ристовски) дека немаат услови за здрав и правилен развој?!
 
Никогаш нема да разберам како успевате да ги поткопувате хомосексуалните бракови со аргументи од типот - здрава средина за правилен раст и развој. Као демек, хетеросексуалниве заедници така добро се покажаа на дело,ниедно дете не беше оставено на улица, во дом, ниедно дете не е злоставувано - било физички, сексуално или психички, нема трауми кај децава, сите се пресреќни, најадени, напиени, облечени, сакани, абе лепота -све што искочи од стрејт родителите, па дај да не ризикуваме, why mess with perfection, нели :facepalm:
Хетеросексуален брак не е гаранција за правилен раст и развој на едно дете, добро оформени личности се. А Спиро, како дипломиран правник, може да има единствено површно познавање за проблематиката, он може да зборува за правните импликации, ама не и за психолошките
--- надополнето: 12 октомври 2012 во 14:36 ---
А околу посвојувањето деца тоа никако, тоа веќе не е здрава средина , не треба така психички да ги растројуваат малите деца.

Како тоа психички ќе ги растројат малите деца?
 
Никогаш нема да разберам како успевате да ги поткопувате хомосексуалните бракови со аргументи од типот - здрава средина за правилен раст и развој. Као демек, хетеросексуалниве заедници така добро се покажаа на дело,ниедно дете не беше оставено на улица, во дом, ниедно дете не е злоставувано - било физички, сексуално или психички, нема трауми кај децава, сите се пресреќни, најадени, напиени, облечени, сакани, абе лепота -све што искочи од стрејт родителите, па дај да не ризикуваме, why mess with perfection, нели :facepalm:
Хетеросексуален брак не е гаранција за правилен раст и развој на едно дете, добро оформени личности се. А Спиро, како дипломиран правник, може да има единствено површно познавање за проблематиката, он може да зборува за правните импликации, ама не и за психолошките



Што мислиш за едно дете којшто има двајца родители од ист пол како ќе влијае врз него?
Што мислиш средината како би се однесувала со него,дали кога ќе го вика татко му ќе одат двајцата?
 
Што мислиш за едно дете којшто има двајца родители од ист пол како ќе влијае врз него?
Што мислиш средината како би се однесувала со него,дали кога ќе го вика татко му ќе одат двајцата?

Ти што мислиш, како ќе влијае? Што ќе се деси, ќе станат децата педери и лезбејки демек? Ако идеме по таа логика на ексклузивитет онда не треба да постојат хомосексуалци растени во стрејт семејства, а еве ипак - постојат
Како хомосексуалците се виновни за реакцијата на средината? Заради неедуцираноста на некој Петко или Станко треба да си седиме мирни и да не ги провоцираме зашо ќе дофрлаат по улица? Средината е таа која плаче за промена, крај краева средината е таа која психички ќе го осакати детето, не неговите исполови родители.
 
Што мислиш средината како би се однесувала со него,дали кога ќе го вика татко му ќе одат двајцата?

Тука е проблемот. Детето единствено ќе биде под психички притисок од околината, а не од родителите. Го спречуваат да израсне во здрава индивидуа исмејувајќи ги неговите родители. Ццц...
 
Како тоа психички ќе ги растројат малите деца?
Абе како не знаеш, Хитлер израснал во хомосексуално семејство. Исто и Менсон, Пол Пот, Сталин и Џингис.
Оп стоп за Александар не важи он имал жени и во фамилија и во кревет.
 
Што мислиш за едно дете којшто има двајца родители од ист пол како ќе влијае врз него?
Што мислиш средината како би се однесувала со него,дали кога ќе го вика татко му ќе одат двајцата?

Што како ќе им влијае?Потсмевањето на другарчињата во школо кои всушност го пренесуваат ставот и мислењето на сопствените родители односно покажуваат како ним некој (родителите) им ги сервирале работите?!?! Сметам дека добар разговор со детето може да му помогне многу за подобро да ги разбере работите.Исто како што (верувам) повеѓето родители разговараат со сопствените деца кога треба да носат наочари а во школо им се потсмеваат или ако е дете на разведени родители кога исто во школо ќе се најде некое дете паметно да му се исмејува.

Исто ги советуваат идните посвојуватели хетеросексуалци, со разговор да му објаснат на детето дека е посвоено и да му покажат многу љубов.

Има посвоители кои посвојуваат повозрасни деца на кои им е советувано да не бараат од децата да ги ословуваат со тато и мамо туку со личното име.

Денес во училиштата на децата им викаат да дојде родител а не да дојде мајка ти или татко ти.
 
Во право е министерот Спиро, нашол овци и ќе стриже и треба да ве стриже ................ кој ви е крив на вас народецот што поддржувате во 21 век конзервативизам и демохристијанство .................. идеологии кои веќе немаат никаква реална тежина, но одредени политички кругови во некои земји сакаат со сила да ги протнат овие размислувања !
И не, не сум либерал, но веќе ми е преку таквото од тие демохристијанства, конзервативизми... и сл. застарени идеологии кои ни се промовираат денеска во 21 век ............ абе кој сака да биде верник нека си биде, кој не сака да биде верник нека биде Атеист, ако некој сака да се шлепа со лица од ист пол тоа си е негов проблем и.т.н.
 
Ти што мислиш, како ќе влијае? Што ќе се деси, ќе станат децата педери и лезбејки демек? Ако идеме по таа логика на ексклузивитет онда не треба да постојат хомосексуалци растени во стрејт семејства, а еве ипак - постојат
Како хомосексуалците се виновни за реакцијата на средината? Заради неедуцираноста на некој Петко или Станко треба да си седиме мирни и да не ги провоцираме зашо ќе дофрлаат по улица? Средината е таа која плаче за промена, крај краева средината е таа која психички ќе го осакати детето, не неговите исполови родители.

Да не полемизираме премногу,те молам.

Ако не биле татко му и мајкаму на педерот немало да постои тој,нели?


Хомосексуалците се виновни ако земат некое детенце на душа да го чуваат.Најпрвин детето само ќе се искомплексира уште од раната возраст,најпрвин кога на школо му бараат домашно да направат "семејно стебло" и тој нема да знае која слика да ја стави на местото Мајка,а на кое Татко.
Потоа чита сликовци,гледа цртани сегде има љубов помеѓу маж и жена,а плод од нивната љубов е дете.
Тогаш како се создало ова дете меѓу двајца мажи?

После тоа иде потешкото кога децата веќе дознаваат дека нема мајка т.е. има мајка ама е МАШКА.Ќе биде секогаш мета на зафркавање,па дури и тепање.
А можеби и ќе тргне по патот на неговите родители (татковци) и тој ќе се испедери што знајш шо носи иднината... ?
--- надополнето: 12 октомври 2012 во 15:36 ---
Тука е проблемот. Детето единствено ќе биде под психички притисок од околината, а не од родителите. Го спречуваат да израсне во здрава индивидуа исмејувајќи ги неговите родители. Ццц...

Друже тоа дете нема никогаш да израсне правилно како што треба. Можеби ќе биде попаметен од некои дечиња кои си имаат правилно семејство какво што треба навистина да е,а тоа е со мајка и татко (различен пол,машки и женски).
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom